• Latest

Утврдена директна продолжена дискриминација од ДИК кон лицата со физичка попреченост

August 19, 2021

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025
Меѓународна конференција Одбрана на демократијата - Воведен панел „Борбата на Украина – Иднината на Европа, нашата заедничка реалност: Лекции и следни чекори“(Фото ЦИИВЛ)

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
Фото: Х

Коалицијата на меѓународни организации за слобода на медиумите бара од Фон дер Лајен да ги претстави барањата за слобода на медиумите пред српските власти

October 13, 2025
Фото: zbruc.eu

Револуцијата на гранит: Првиот украински Мајдан и неговите лекции по 35 години

October 13, 2025

Се финализираат подготовките за Локалните избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

Венецијанската комисија го одложи усвојувањето на оценката на предлог- законот за правична застапеност во Северна Македонија

October 13, 2025

Косово, локални избори: Ниска излезност, втор круг во 17 општини – според Курти, во Митровица имало инженеринг и мешање во изборниот процес

October 13, 2025

АВМУ: Ноќеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за Локалните избори 2025

October 13, 2025
Војо Маневски

Граѓаните прашуваат ли нешто?

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Утврдена директна продолжена дискриминација од ДИК кон лицата со физичка попреченост

August 19, 2021 14:39
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврдила директна продолжена дискриминација врз лицата со физичка попреченост од страна на подрачното одделение на Државната изборна комисија (ДИК) во Карпош.

По допрен глас од лице со физичка попреченост кое се пожалило дека не може да го депонира својот потпис за поддршка на извесна независна кандидатска листа за локалните избори, Комисијата одлучила да изврши увид во подрачното одделение на ДИК во Општина Карпош, каде било утврдено дека објектот е неприлагоден и непристапен за лицата со физичка попреченост. Со тоа, тие не можат да го остваруваат своето загарантирано право на учество во политичкиот и јавниот живот, велат од КСЗД.

„Од извршениот увид членовите на КСЗД утврдија дека во овој случај се работи за неприспособена инфраструктура која на овие лица им ги оневозможува пристапот во објектот на Подрачното одделение на ДИК – Карпош. Со тоа ДИК оневозможил пристапност и достапност на лицата со попреченост во областа на еднаков пристап и учество во политичкиот и јавниот живот“, се вели во известувањето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

При увидот било констатирано дека до просториите на подрачната канцеларија на улицата „Стрезово“ број 7 се стига до приближно педесеттина тесни и стрмни скалила кои се неприспособени за лица со физичка попреченост, за стари, изнемоштени и болни лица.

Во подрачната канцеларија на ДИК во Карпош, потписи за поддршка на независни кандидати и членови на советите на општините и советот на Град Скопје, депонираат жителите на општините Карпош, Ѓорче Петров и Сарај.

КСЗД донесе општа препорака со која на ДИК му се препорачува да ги преземе сите потребни вонредни дејствија во насока на обезбедување на правото на лицата со физичка попреченост да можат по сопствен избор да поддржат некоја од независните кандидатски листи за претстојните локални избори. Имајќи ги предвид кратките рокови за собирање на потписите КСЗД го повикува ДИК да постапи по оваа општа препорака во најкус можен рок.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ