• Latest

Вистиномер: Британските научници не кажале дека вакцините не даваат имунитет

August 24, 2021

(ИЗБОР) Албански медиуми: Радоичиќ повторно го обезбедува Вучиќ; Дигиталната министерка „Диела“ предмет на полемики кај експертите; Суспензијата на САД на дијалогот со Косово предмет на различни интерпретации

September 15, 2025

Уништени над 100 парчиња оружје, 4 тони марихуана и над 21 килограми амфетамини, кокаин и хероин

September 15, 2025

Војната против Украина: Женски перспективи – јавна дискусија поврзана со книгата „Градот каде започна војната“

September 15, 2025

Онлајн настава во четири училишта во Гази Баба поради пожарот во Трубарево

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Келог: Ако Путин победуваше, ќе беше во Кијив, западно од Днипро, на Одеса, и ќе ја сменеше владата – Русија губи

September 15, 2025
Фотографија: Unslash

Локални избори во Германија: Германија: ЦДУ на Мерц е на пат да победи во Северна Рајна Вестфалија, АфД остварува голем напредок

September 15, 2025
Фото: Сјриншот од видео на Game Play

Нетанјаху е единствената пречка за враќање на заложниците дома, велат семејствата на киднапираните Израелци

September 15, 2025

Осумнаесет кандидати пријавени за изборната трка за градоначалник на Скопје

September 15, 2025

Дводневен притвор за четири лица осомничени за пожарот во Трубарево

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на MIRROR NOW

Старлинк на Маск не работи на целата фронтовска линија во Украина, интернет услугата претрпе глобален прекин

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Британските научници не кажале дека вакцините не даваат имунитет

August 24, 2021 11:04
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Со намерно испуштање на клучни зборови и дополнителни информации, објавата ја доведува во заблуда јавноста дека вакцините не даваат никаков имунолошки одговор на ковид-19 и дека „џабе“ е вакцинирањето. Британските научници, предводени од шефот на Оксфордската група за вакцини Ендрју Полард никогаш не кажале дека вакцините не даваат имунититет и дека не треба да се аплицираат, туку, напротив, ја потенцираат нивната ефикасност, особено сега кога има масовно ширење на делта варијантата. Полард само предупредува дека вакцинираните може да бидат заразени со делта сојот со благи симтоми и да го шират вирусот, заради што на удар се токму невакцинираните и дека тоа е причината зашто не може да се постигне колективен имунитет, пишува „Вистиномер“.

Објава на Фејсбук манипулира со изјавата на шефот на Оксфордската група за вакцини Ендрју Полард пред британските пратеници, создавајќи погрешна слика во јавноста дека  вакцините се неефикасни и  не обезбедуваат никаква заштита од ковид-19. Со тендециозна интерпретација  и без дополнителни информации од британските научници, постот наведува на мислење дека вакцините не даваат никаков имунолошки одговор, што не е точно.

Џабе било бодењето, Филипче Менгелче, се слушамее!!! Британските научници признаа: Вакцините против ковид не даваат имунитет“, се вели во објавата и се споделува текст со ист наслов.

Ова тврдење се темели на обраќањето на еден од водечките истражувачи за создавање на вакцината „АстраЗенека“, Ендрју Полард, пред британските пратеници, на 10 август 2021 година, каде тој објаснува зошто колективниот имунитет е „митски“ (недостижен) со сегашната делта варијанта.

Она што е проблематично во објавата е што во неа никаде не е појаснето дека изјавата на британскиот епидемиолог се однесува исклучиво на вирулентниот делта сој и на постигнувањето на колективен имунитет, а не на неефикасност на вакцините или отсуство на каков било имунолошки одговор од вакцинацијата, што е сосема различно.

Полард само прецизира дека вакцините против ковид не го спречуваат ширењето на вирусот целосно и дека вакцинираните луѓе сè уште можат да се инфицираат и да го пренесат вирусот, што значи дека можат да го пренесат на невакцинираните и тоа да има фатален исход за нив.

Варијантата делта и натаму ќе ги инфицира луѓето кои се вакцинирани. Тоа значи дека секој што сè уште не е вакциниран, во одреден момент, ќе го сретне вирусот. Тоа можеби нема да биде овој или следниот месец, можеби следната година, но во одреден момент тие ќе се сретнат со вирусот и немаме ништо што ќе го спречи тој пренос, предупредува шефот на Окфордската група за вакцини.

Британските научници не рекле „џабе е боцкањето“ 

Меѓутоа, ниту Полард, ниту останатите британски научници не велат дека „џабе е боцкањето“, ниту дека вакцините воопшто не даваат имунитет, како што се тврди во објавата. Напротив, потврдуваат  дека луѓето кои се целосно вакцинирани се високо заштитени од тешка инфекција, хоспитализација и смрт предизвикана од вирусот.

Дури и ако нивоата на антитела од вакцина се намалат, нашите имунолошки системи веројатно ќе се сеќаваат на вакцинацијата со децении и ќе нудат степен на заштита ако се изложени на вирусот. Значи, во овој момент нема причина за паника. Ние не гледаме проблем со пробив на тешка болест, ја пренесува Guardian изјавата на Полард пред британските пратеници.

Објавата е во целосна спротивност со ставот на британските научници, кои апелираат луѓето да се вакцинираат и бараат пристап до вакцина за населението кое досега немало можност да прими барем една доза, а Полард инсистира дека „поентата на вакцинација не е да се спречат благите инфекции кај луѓето, туку да се спречи хоспитализација и смрт“.

Тој дури не се согласува со предлогот на секретарот за здравство, Саџид Јавид,  да им се даде трета или бустер доза на најранливите групи во Велика Британија. Смета дека е потребна анализа на податоците за да се оправда засилувањето со трета доза, бидејќи  вакцините сè уште обезбедуваат високо ниво на заштита од тешка болест и предлага овие бустери да се дадат на земјите каде населението нема примено ниту прва доза вакцина.

Многу повеќе луѓе ќе умрат, бидејќи никогаш немаа можност да добијат една доза. Не треба да брзаме со зајакнување на милиони луѓе, додека времето истекува за оние кои немаат ништо. Прво првата доза. Тоа е толку едноставно, велат Полард и Сет Беркли, главен извршен директор на Гави, Алијансата за вакцини, во статија објавена во Гардијан на 13 август годинава.

Притоа, авторите посочуваат дека само во Велика Британија се администрирани 87 милиони дози, спасувајќи повеќе од 84.000 животи. На глобално ниво, бројот на животи зачувани со вакцини се очекува да биде во милиони.

Пандемија на невакциираните

Здравствените експерти велат дека целосно вакцинирано лице кое добива ковид-19 нема да биде заразено многу долго и можеби нема да има шанса да го пренесе вирусот на друго лице. Високото ниво на вирус кај вакцинираните трае само 3-4 дена во споредба со невакцинирано лице кое би можело да биде заразно до 10 дена и да има тешки последици од болеста.

И директорката на ЦДЦ, д-р Рошел Валенски, предупредува дека новиот бран станува  „пандемија на невакцинираните“.

Нашата најголема загриженост е што ќе продолжиме да гледаме случаи што можеле да се  спречат, хоспитализации и, за жал, смрт меѓу невакцинираните, рече Валенски и ги повика луѓето на целосна вакцинација.

И нашето Министерство за здравство соопшти дека минатата недела нема ниту еден вакциниран меѓу починатите од ковид-19, како и дека 87,1% од новите случаи се невакцинирани.

Заради сите наведени факти, сметаме дека објавата што ја рецензираме е манипулативна и тенденциозна и не пренесува целосни информации за да се добие релевантна слика за состојбата со пандемијата, а особено за новиот бран на делта варијантата. Објавата ги наведува луѓето на погрешни заклучоци, кои нанесуваат штета на процесот на имунизацијата и спречувањето на ширењето на вирусот, пишува „Вистиномер“.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ