• Latest
Проф. Мирјана Најчевска

За локалните избори

August 26, 2021
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

За локалните избори

August 26, 2021 14:12
in ИЗБОРИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф. Мирјана Најчевска

Проф. Мирјана Најчевска

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

На актуелниот степен од развојот, демократијата не може да се замисли без постоење на политичките партии.

Една од причините за напуштањето на системот на социјализмот кој се воспостави во значаен број држави во 20 век, беше токму едноумието претставено во постоењето на една партија, отсуството на различни опции и отсуството на борба за власт која би требало да обезбеди и своевидна контрола на оние кои ќе ја освојат.

Меѓутоа, демократијата не смее да биде сведена на борбата за власт меѓу политичките партии. Тие се само една од нејзините алатки, и никако не смеат да го освојат целокупниот политички простор.

Ова посебно се однесува на локалната власт и остварувањето на интересите и потребите на граѓаните на локално ниво.

На ова ниво од остварувањето на власта. Политичките партии мора да играат второстепена улога. Многу поважен, посуштински фактор треба да биде оној човечкиот, индивидуалниот.

На локално ниво не се трасира развојот на државата, не се нормираат однесувањата и не се градат  генералните политики.

На локално ниво се обезбедува функционирањето на заедниците, се создаваат услови за удобен живот, се заштитуваат луѓето и нивните имоти на елементарно ниво. На локално ниво се олеснуваат односите меѓу луѓето, се задоволуваат нивните секојдневни потреби и се разрешуваат секојдневните конфликти.

За да се остварат овие функции не е потребно на чело на локалната власт да дојде партиски функционер, лојален член на политичката партија, човек зад кој ќе стои партијата која во моментот ја држи власта на централно ниво.

За да се остварат овие функции потребни се луѓе кои ја знаат општината, кои ги живеат и споделуваат проблемите со кои се судираат граѓаните во нивното секојдневно живеење и кои се спремни да жртвуваат четири години од сопствениот комодитет, за да се посветат на обезбедувањето што е можно поголем комодитет за граѓаните.

Тоа можат да бидат само луѓе веќе препознаени во заедницата, луѓе со кредибилитет и авторитет. Луѓе кои ги прифаќа мнозинството граѓани и во кои има доверба мнозинството граѓани. Не заради нивната партиска припадност, туку заради нивните индивидуални карактеристики и квалитети.

И најважно од сѐ е да се изберат луѓе кои во ниту еден момент нема да кажат дека им се врзани рацете, дека тоа не е нивна работа, или пак, кои нема да можат да се спротивстават на партијата од која евентуално добиле поддршка во случај кога тоа го бара интересот на населението кое живее на територијата на нивната општина.

На локалните избори не се гласа за партии, туку за луѓе. Не е важно кој е претседател, премиер, министер…  Не е важна партиската припадност или неприпадност на тој кој се бира. Важна е способноста на избраните да ги слушнат граѓаните, да ги разберат нивните потреби и да изнајдат најдобри можни начини за нивно задоволување.

Кога ќе се разбере тоа, локалната власт ќе го добие своето место во структурирањето на власта во државата и ќе стане власт за граѓаните, а не за партиите.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторката.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ