ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ За три дена, на 30 август на полноќ истекува рокот за собирање на потписи на независните кандидати за градоначалници и советнички листи. До средата вечер, според Државната изборна комисија, 32 независни кандидати за градоначалници во повеќе општини и советнички листи собрале потписи, а уште 33 собираат потписи.
ОБРАЗОВАНИЕ На помалку од една седмица до почетокот на новата учебна година, министерката за образование и наука Мила Царовска уверува дека според искуствата од минатата учебна година, безбедни се условите за учениците да ја започнат учебната година во училишните клупи. Дел од родителите, сепак, се уште не се согласуваат со одлуката донесена од Владата и Министерството за образование и наука, наставата да се спроведе со физичко присуство.
ПОПИС Се е подготвено за спроведување на пописот. Државата има капацитет и ќе ја реализира оваа исклучително важна статистичка операција. Обезбедени се комплетните мерки, екипирани се и попишувачите.
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска ќе присуствува на одбележувањето на „Денот на рударите“, на покана на АД Електрани на Северна Македонија.
ОДБРАНА Министерот за одбрана и заменик премиер на Република Словенија Матеј Тонин во официјална посета на Република Северна Македонија, на која домаќин е министерката Радмила Шекеринска.
Д. М.












