• Latest
Стевче Дечев

На локалните избори не смее да ни се случи бугарското сценарио!

August 30, 2021
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

На локалните избори не смее да ни се случи бугарското сценарио!

August 30, 2021 13:30
in ИЗБОРИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Стевче Дечев

Стевче Дечев

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: СТЕВЧЕ ДЕЧЕВ

Ерна Солберг од Конзервативната партија во Норвешка по победата на изборите во септември 2013 година, стана 28 -ми премиер и втора жена на оваа позиција во таа земја. Кабинетот на Солберг, честопати неформално наречен „Сино-синиот кабинет“, првично беше двопартиска малцинска влада составена од конзервативната и прогресивната партија. Владата беше реизбрана на изборите во 2017 година, и беше проширена со вклучувањето на Либералната партија во јануари 2018 година. Оваа проширена малцинска коалиција неформално беше наречена „Сино-зелена влада“. И истата дополнително беше проширена во јануари 2019 година за да ја вклучи и Христијанско -демократската партија со што обезбеди мнозинство во Парламентот.

Шест години владата на Ерна Солберг беше малцинска влада. Шест години поради тоа што разумот и политичката култура се на едно завидно високо ниво во Норвешка беше стабилна иако немаше мнозинство. Но политичарите од опозицијата рекоа: Да не се трошат парите на државата и граѓаните за нови и нови избори, да не стагнира економијата и процесите, ќе ја поддржиме позицијата да има влада. Тоа споредено со ситуацијата кај нас би изгледало исто како ВМРО да ја поддржи СДСМ или обратно само за да нема нови избори ако одредена страна не успее да создаде мнозинство. Се заради моментот да нема нови непотребни трошења на пари, зашто е познато дека едни избори не чинат близу 10 милиони евра.

Тоа е исто како во Бугарија  партијата ГЕРБ на Бојко Борисов да речеше дека ќе го поддржи Слави Трифунов од ИТН и да се формираше влада уште по првите оддржани избори. Но како што Норвешка е далеку географски така и далеку сме од разумот и политичката култура на Норвешка. Па во Бугарија сега ќе се оддржат 3ти избори во рок од 3-4 месеца. А таму изборите државата ја коштаат 75 милиони евра. Истото сценарио на нови и нови избори во недоглед и трошења на народни пари имаше и во Србија.

Не случајно имаме народна поговорка која вели „Ем шуто, ем боде“. Норвешка е една од 10те најбогати држави во светот и држава каде има најголема благосостојба. Но политичарите таму работат единствено за просперитетот на државата и подобар квалитет на живеење. За разлика од нашите политичари кои за задоволување на сопствено его би оделе во недоглед на нови и нови изброи без да согледаат дека процесите на блокирање и кочење на институциите не можат да донесат ништо добро.

Политичарите се скапо платени не за да блокираат туку за да изнаоѓаат решенија за менаџирање на процесите и институциите. И секој обид на политичарите за блокирање на процесите и институциите; Секој став и дејство за ненаоѓање решение нештата да продолжат нормално да функционираат, без разлика од која политичка структура доаѓа, доколку продолжува во насока на блокирање треба да ја изгуби довербата од граѓаните.

Политичките ставови во арената треба единствено да бидат насочена кон подобрување на квалитето на живеење. Ако огромна сума на пари се троши само за едни избори, мора да се свати дека најавите за блокирање наместо за поддршка за формирање влада на национално ниво или совет на локално ниво би значело дека ќе се потроши нова сума на пари за нови евентуални избори која би можела да заврши за да биде подобро на граѓаните.

Ако се знае дека едни избори не коштаат околу 10 милиони евра, тогаш повторување на процесот би значел дека 20.000 луѓе би останале покуси за по 500 евра. Или наместо 10 милиони евра да се потрошат за набавка на противпожарни возила, возила за брза помош или грижа за стари лица, или помош за медицински операции на лица со ретки болести или помош за социјално загрозени лица или лица со попреченост ќе треба таа огромна сума на пари да се потроши за „ветар и магла“.

Ни престојат локални избори. И токму за таа цел ја пишувам оваа колумна, како повик да биде заборавена секоја помисла и  најава од одредена политичка партија или избран поединец за одбивање соработка, коалиција или формирање на совет само поради лечење и докажување на сопствениот каприц и его.

Секој што ќе биде избран, да го стави прстот на чело и да дејствува согласно норвешкиот успешен концепт на наоѓање заедничка основа за градење на функционални институции. Ниту еден избран кандидат да не го практикува бугарското сценарио. Евентуален настап на избран политичар кон блокирање би значел дејствување и желба за предизвикување на криза и трошење на народни пари, и за таквите имаме една изјава која вели „тури му пепел“!

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ