ДИПЛОМАТИЈА: Во официјална посета на Република Северна Македонија денеска пристигнува министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендијас кој со неговиот домаќин, министерот за надворешни работи, Бујар Османи ќе разговараат за имплементацијата на Преспанскиот договор и за билатералната соработка меѓу двете земји.
УПИСИ: За кандидатите кои се рангираат само според успехот во средното образование, денеска и утре е првиот рок од пријавувањето за упис на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје.
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ: Синоќа на полноќ заврши собирањето потписи за независни кандидатури. Денеска треба да се знае колкумина собрале потписи и ќе се подготвуваат да поднесат кандидатури. Во вчерашниот извештај на ДИК беше наведено дека до вчера 21 независен кандидат за градоначалник ги собрале потребните потписи, како и 42 групи избирачи за советнички листи.
ПОПИС: ЦИВИЛ будно ги следеше активностите околу пописот уште од почетокот, со бројни настани и постојани известувања на медиумската платформа ЦИВИЛ Медиа. Екипата на ЦИВИЛ на крајот на изминатата година и почетокот на тековната година одржа неколку панели на локално ниво со претставници од различни општини, на тема Пописот е статистика, не политика, и со претставници на Државниот завод за статистика, како што е директорот на оваа институција, г. Апостол Симовски.
ДКСК: Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ја одржи својата 51-ва седница.
ЗДРАВСТВО: Министерот за здравство Венко Филипче денеска од Охрид ќе даде изјава за медиумите.












