• Latest

Дендиас: Одлучивте да се насочите по најдобриот пат, затоа веруваме дека наскоро ќе успеете во обидот да бидете дел од Унијата

August 31, 2021
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дендиас: Одлучивте да се насочите по најдобриот пат, затоа веруваме дека наскоро ќе успеете во обидот да бидете дел од Унијата

August 31, 2021 13:01
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Грција силно ја поддржува Северна Македонија и целиот Западен Балкан на патот кон Европската Унија. Грција е и може да биде ваш најголем пријател и соработник. Изборот што го направивте да стоите до нас, да одите по патот до големото европско семејство е вистинскиот избор за добробит на вашиот народ. Треба да продолжи имплементацијата на Преспанскиот договор кој е основа за подобрување на заемните односи и влез на земјата во европското семејство, порача денеска шефот на грчката диломатија Никос Дендиас кој е во официјална посета на земјава.

Грција, посочи тој, е задоволна од она што досега е направено во насока на имплентација на овој договор.

-Направени се многу скорешни чекори од кои еден е тргањето на таблата пред зградата во која се наоѓаме, поставена во други времиња и го претставуваше кралот Филип, таткото на Александар Велики, бидејќи договорени сме заедно дека тогаш вашите претци се уште не биле пристигнати на Балканскиот Полуостров и немале можност да војуваат под водство на Александар Велики во длабочината на Азија, променето е и името на Археолошкиот музеј и промената на таблите на граничките премини, рече Дендиас додавајќи дека имплементацијата на договорот не е бирократска работа туку треба да се имплементира секоја буква и за тоа, како што рече, има временска рамка.

Тој смета дека треба да се инвестира во младата популација на која ќе и се дадат потребните алатки за да ја гледаат нашата заедничка иднина, а не да гледаат во минатото. Исто така, нагласи грчкиот шеф на дипломатијата, треба да се спречат појаснувања на договорот кои се погрешни и го попречуваат неговото  спроведување.

Нашите можности и нашата иднина се одлични, рече Дендиас, додавајќи оти Грција е уверена дека земјава направила избор да биде до неа и цврсто да оди по патот кон големото европско семејство. Таму, нагласи тој, Грција во континуитет од 2003 година се труди да влезат земјите од Западен Балкан, кој, како што потенцира, никогаш повеќе не смее да стане буре барут во Европа.

-Одлучивте да се насочите по најдобриот пат, зоната на првото, заштита на човековите права, слобода на вероисповед грааните, избравте да бидете дел од европското семејство. Овој ваш избор да е во најдобар интерес на вашиот народ и веруваме дека наскоро ќе успеете во обидот да бидете дел од Унијата кога ќе бидат исполнети условите, порача Дендиас.

Тој на денешната прес-конференција со неговиот колега Бујар Османи, рече дека на средбата, што ја имал со него разговарале за овие теми, но и за соработката во економијата, инфраструктурата … Грчките инвеститори, рече, во Северна Македонија имаат 1 милијарда евра инвестиции, дека обезбедуваат 20 илјади работни места, но и оти иско воуслови на пандемија взаемната трговска размена изнесувала околу 800 милиони евра.

Според него, значаен чекор е договорот за природен гас, заштитата на воздушниот простор на Северна Македонија од страна на Грција, како и заедничката соработка што се реализира во делот на заштита на византиски и поствизантиски споменици. 

Посетата на министерот Дендиас е продолжение на интензивната комуникација меѓу двајцата министри за надворешни работи, кои во разговорите констатирале континуитет на позитивната динамика во односите и соработката која воедно претставува модел за целиот регион, каква треба да биде соработката и како успешно да се разрешуваат сите отворени прашања меѓу два соседи.

Министерот Османи го информирал својот соговорник дека Владата на Северна Македонија продолжува да биде посветена на реализирањето на обврските предвидени со Преспанскиот договор, изразувајќи уверување дека Грција ги препознава и вреднува нашите напори, што ќе биде дополнителен мотив, што побргу да биде завршена ратификацијата на неколку меѓународни договори во грчкиот парламент. Со тоа дополнително ќе се овозможи унапредување на билатералната соработка во дадените сегменти.

Тој упатил благодарност за цврстата поддршка на Владата на Грција за почеток на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ, како и уверувањето дека таквата поддршка нема да изостане и во периодот кој е пред нас. Грција продолжува да биде силен лобист за нашата интеграција и започнувањето на пристапните преговори, што Северна Македонија посебно го цени, нагласи Османи.

Соговорниците приликата ја искористиле и за размена на мислења и ставови за најновите состојби во регионот, регионалната соработка, кризните жаришта и акциите преземени за надминување на истите, при што беше нагласено дека, како сојузници во НАТО и стратешки партери во ЕУ, неопходна е заедничка координираност за максимизирање на ефектите.

Освен со министерот за надворешни работи на Северна Македонија, шефот на грчката дипломатија ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, како и со претседателот на Собранието Талат Џафери.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ