• Latest

Заев-Дендиас: Нашето пријателство и успешна економска соработка е основа за многу придобивки за граѓаните на двете држави

August 31, 2021

24 ЧАСА: ДИК избра нови членови на ОИК; косовското собрание доби претседател по 58 обиди; Украина онеспособи 17% од нафтените капацитети на Русија; во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

August 26, 2025

Лажна фотографија од Запорижја разобличена како руска пропаганда, дистрибуирана и локално

August 26, 2025
Фото: Скриншот

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025
Бердјанск, Украина

Украина го осуди незаконското вклучување на пристаништата Бердјанск и Мариупол во пописот на руски пристаништа

August 26, 2025
Илустрација: ВИ

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025
Скриншот од видеото на кое наводно се гледа како пламенот се издига од руската рафинерија Рјазан при напад со беспилотно летало во текот на ноќта на 26 јануари 2025 година. Андриј Коваленко / Телеграм

Украина онеспособила најмалку 17% од капацитетот на рафинериите за нафта во Русија

August 26, 2025

Албански блок 2025: Улогата на Тирана и Приштина – помош, влијание или напуштање на автономијата?

August 26, 2025
Фото: МИА архива

ВЛЕН до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск тивко ги стопира плановите за нова политичка партија, додека се соочува со тужба за организирање нелегална изборна лотарија од 1 милион долари

August 26, 2025

Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

August 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев-Дендиас: Нашето пријателство и успешна економска соработка е основа за многу придобивки за граѓаните на двете држави

August 31, 2021 15:07
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска, придружуван од министерот за надворешни работи Бујар Османи го прими министерот за надворешни работи на Република Грција Никос Дендиас, со кого позитивно го оценија динамизирањето и континуираното зајакнување на политичкиот дијалог во последните неколку години, со цел градење пријателство и доверба меѓу двете соседни земји, соопштуваат од Влада.

На средбата, на која дел од повеќечлената грчка делегација беше и заменик-министерот за надворешни работи надлежен за економска дипломатија Костас Франкојанис, премиерот Заев посакувајќи му срдечно добредојде на шефот на грчката дипломатија Дендиас, изрази благодарност за поддршката која грчката Влада ја дава на нашата земја во однос на успешно остварување на нашиот пристапен процес за членство во ЕУ, соработката на промовирање на европската перспектива на земјите од Западен Балкан и помошта за совладување на здравствено-економската криза која беше предизвикана од пандемијата од КОВИД-19.
На денешниот состанок, од особена важност беше оценета економската соработка меѓу Северна Македонија и Република Грција, која, како што беше нагласено, е одраз на пријателството и соработката на двете земји во повеќе области, што произлегува од имплементацијата на Преспанскиот договор, кој е голем чекор за зголемување на соработката во бизнис секторот, енергетската област, транспортот дигитализацијата, културата, областа на одбраната.
Денешната средба, премиерот Заев ја искористи да ја информира грчката страна за значајните активности кои од страна на државата се преземени за прилагодување на обврските од Договорот од Преспа, како и натамошни планирани соодветни процедури.
На средбата беше констатирано дека Република Грција останува гласен поддржувач на Северна Македонија и земјите од регионот во нејзините напори за европска интеграција, истовремено, позитивно беше оценета силната и безрезервна поддршка што Грција постојано ја  дава на Северна Македонија како рамноправна членка во НАТО.
„Нашата Влада смета на грчка поддршка меѓу земјите членки на ЕУ во однос на нашето членство, бидејќи тоа е нашата единствена алтернатива и од особено значење и важност се односите и соработката меѓу нашите две земји за нашето пристапување во Европската Унија“, рече премиерот Заев оценувајќи го особено позитивно периодот по Преспанскиот договор, за кој е карактеристично интензивирањето на  пријателските односи особено преку средби, контакти и иницијативи спроведени на сите нивоа.
На денешната средба беше констатирано дека соработката на земјите членки на Европската Унија е доказ дека сите отворени прашања можат да се решат преку дијалог, а за тоа се доказ многу поранешни несогласувања меѓу земјите, кои денеска имаат одлична соработка на сите нивоа.
На средбата меѓу премиерот Заев и министерот за надворешни работи на Грција Дендиас, позитивно беше оценета вкупната трговска размена меѓу Северна Македонија и Грција, за јануари-август 2021 година која изнесува 395,8 милиони американски долари, со раст од 20,3 % во споредба со истиот период во 2020 година со заклучок дека вистинскиот начин за успешна соработка меѓу земјите е зголемувањето на економската соработка, која носи придобивки за сите граѓани, кои се одразуваат на нивниот квалитетен и просперитетен живот, се наведува во соопштението од Влада.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ