• Latest

Вистиномер: Вакцините против ковид не се експериментални, а децата може да се заразат со делта варијантата

September 4, 2021
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
Воени вежби во Белорусија непосредно пред руската инвазија на Украина - многу семејства мислеа дека тоа е се што ќе прави нивниот син или партнер/ GETTY IMAGES

Американски воени офицери во ненадејна посета на Белорусија за да набљудуваат воени вежби со Русија

September 15, 2025

Народна банка: Учеството за станбен кредит за граѓаните кои првпат ќе купат стан ќе биде 10 проценти

September 15, 2025

ЦИВИЛ: Време е за одговорност – демократијата е во опасност!

September 15, 2025

Изгаснат пожарот во Трубарево

September 15, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Радоичиќ повторно го обезбедува Вучиќ; Дигиталната министерка „Диела“ предмет на полемики кај експертите; Суспензијата на САД на дијалогот со Косово предмет на различни интерпретации

September 15, 2025

Уништени над 100 парчиња оружје, 4 тони марихуана и над 21 килограми амфетамини, кокаин и хероин

September 15, 2025

Војната против Украина: Женски перспективи – јавна дискусија поврзана со книгата „Градот каде започна војната“

September 15, 2025

Онлајн настава во четири училишта во Гази Баба поради пожарот во Трубарево

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Келог: Ако Путин победуваше, ќе беше во Кијив, западно од Днипро, на Одеса, и ќе ја сменеше владата – Русија губи

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Вистиномер: Вакцините против ковид не се експериментални, а децата може да се заразат со делта варијантата

September 4, 2021 18:07
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Подолу интегрално пренесуваме анализа на „Вистиномер“ на видео објавено на Фејсбук со неточни тврдења дека вакцините против ковид-19 се експериментални и штетни:

Во вирално видео на Фејсбук во непознато лице шири неточни информации. Иако ова лице тврди дека вакцините се експериментални, според истражувањето на Порталб, ова не е вистина.
Лицето додава дека младите не треба да се вакцинираат против ковид-19 бидејќи тие не се загрозени, што исто така е дезинформација. Досега, во земјава се вакцинирани 6.029 деца.
Видеото го објавува Аднан Смаили, а во него непознато лице сугерира да не се продолжи со вакцинација, зашто вакцината е експериментална.
„Зошто продолжувате со оваа експериментална инјекција, кога има толку докази во целиот свет“ вели ова лице.
Ова не е вистина, вакцините против ковид-19 не се експериментални и нивното производство поминало низ неколку строги тестови за безбедност и ефикасност со што се докажа дека тие се ефикасни против коронавирусот.
По одобрување од страна на Светската здравствена организација (СЗО) како и националните регулатори, сите вакцини мора да поминат три клинички фази на тестирање. Клиничките тестирања даваат сигурност дека вакцините се сигурни и за лицата со разни болести, но и за ефикасност против вирусот. Резултатите од клиничките фази потоа се ревидираат од страна на независни научници за да се осигура дека податоците се во ред.
Тестирањата во третата фаза и нивната примена во светот потврдија дека вакцините се многу ефикасни во превенција на тешките симптоми. Подолу можете да ја видите ефикасноста на сите вакцини што се аплицираат во РСМ, кон симптоматското заболување од ковид-19:
Фајзер – Бионтек – 95 проценти
Оксфорд – Астразенека – 63 проценти
Синовак – 51 процент
Спутник в – 92 проценти
Коваксин – 78 проценти
Џонсон и Џонсон – 66 проценти
Модерна – 94 проценти
Синофарм – 79 проценти
Експертите велат дека една вакцина со 50 проценти ефикасност е доволна за да се стави пандемијата под контрола. Исто така, до 30 јуни, околу 99 проценти од луѓето што го изгубиле животот во Соединетите Американски Држави како последица на заболување со ковид-19, биле невакцинирани лица.
СЗО)продолжува да ја следи примената на вакцините против ковид – 19 како и да одговара на секое прашање што се однесува на вакцините. Ова ни дава сигурност дека вакцините се безбедни за користење. Истовремено, СЗО истакнуваа дека придобивките од вакцината се над секој можен ризик.
Здравствените експерти во целиот свет се согласни дека, и покрај можните ризици од некоја вакцина против ковид-19, придобивките од нив го надминуваат секој ризик.
Второ, ова лице во видеото апелира до родителите да не ги вакцинираат нивните деца, меѓутоа, здравствените експерти во целиот свет го охрабруваат вакцинирањето на децата над 12 годишна возраст.
„Зошто продолжувате со оваа експериментална вакцина, кога има толку докази во целиот свет. И, ве молам многу, не дозволувајте вакцини кај децата, албански родители, баби и дедовци, ве повикувам како нација, јас ве сакам многу вие сте многу внимателни и се грижите за здравјето на децата. Во овој случај со овие информации што ги имаме, јас не би го советувал ова“, кажува ова лице во видео снимката што ја рецензираме.
Иако бројот на хоспитализирани од ковид -19 е повисок кај повозрасните, според едно истражување од Центарот за контрола и спречување на болести (ЦДЦ) на САД, коронавирусот е опасен и за децата. Околу една третина од адолесцентите на возраст од 12 до17 години кои биле хоспитализирани од ковид-19 завршиле на интензивна нега, додека 5 проценти се ставени на кислородна поддршка.
Повеќето од хоспитализираните адолесценти со ковид -19, или околу 70 проценти имале најмалку уште една придружна болест, додека 30 проценти хоспитализирани се без ниедна друга болест. Според ова истражување, ниедно од заболените деца не умрело од ковид-19.
ЦДЦ ги охрабрува младите на возраст од 12 до 17 години да се вакцинираат, а ова го основа на нивното последно истражување, кое јасно покажува дека и младите адолесценти се загрозени.
„Многу сум загрижен за бројот на хоспитализирани адолесценти и ме растажува нивниот број на интензивна нега“, вели директорот на ЦДЦ, Рошел Валенски.
Последно, ова лице тврди дека нема ризик децата и младите да се животно загрозени поради заболување со ковид-19. Статистиките на хоспитализирани деца во Соединетите американски држави го демантираат ова.
„Јас не велам возрасните да не ја земаат вакцината, бидејќи јас мислам дека секој возрасен има право сам да одлучи во врска со неговото тело, но јас како родител, и вие како родители, имаме одговорност за младата генерација и мојот повик е да не дозволиме децата и младите да се вакцинираат, тие немаат никаква, нула шанса да умрат од ковид, не се опасност за другите, зошто ние го правиме ова? Затоа, не го правете ова,“ вели лицето во видео снимката што ја рецензираме.
Бројот на хоспитализирани деца од ковид-19 во САД достигнал рекорд,  односно стигнал до 1.900, како резултат на новите случаи со сојот „Делта“, кој се докажа како најзаразен досега.
Делта-сојот, кој се шири на рапиден начин, особено меѓу невакцинираните во САД, предизвикал голем број на хоспитализации во последните недели. Бројката на хоспитализирани на педијатриските одделенија е 1.900, според податоците на Американскиот оддел за здравство.
Во моментов децата опфаќаат околу 2.4 проценти од хоспитализираните во САД.
Децата под 12 годишна возраст немаат право да ја примат вакцината, и со тоа стануваат и најзагрозени од Делата-сојот.
„Ова не е вирусот од минатата година. Овој е полош и децата се тие што ќе бидат најдопрени“, изјавил за Си-Ен-Ен Сели Гоза, поранешен претседател на Академијата за педијатрија на САД.
Бројот на млади хоспитализирани, на возраст од 18-29, 30-39 и 40-49 е исто така рекорден оваа недела, според податоците од ЦДЦ.
Ќерката на Ејнџел Бејкер која има само 14 години, Мариона, е на кислородна поддршка веќе пет дена, како последица на заболување со ковид-19. Бејкер за Си-Ен-Ен изјави дека симптомите на Мариона почнале на 26 јули и на почеток имала само главоболка и измореност.  Состојбата и се влошила на 2 август кога нејзината ќерка рекла дека не може да дише. По преглед во брзата помош и по примање на лекови, ќерката на Бејкер утредента пак се пожалила дека не може да дише.
Сега Мариона закрепнува и е подобра. Бејкер вели дека се кае што не ја вакцинирала нејзината ќерка, и апелира до сите родители да ги вакцинираат своите деца.
„Вакцинирајте се за да не завршите во болница не можејќи да дишете“ рече Мариона за СиЕнЕн.
Порталб подготви графикон кој го прикажува бројот на вакцинирани деца во Северна Македонија, највисок број на вакцинирани во категоријата на деца е 18 годишна возраст, и тоа вкупно 2.898.
12 годишни – 92 вакцинирани деца
13 годишни – 196 вакцинирани деца
14 годишни – 260 вакцинирани деца
15 годишни – 497 вакцинирани деца
16 годишни – 757 вакцинирани деца
17 годишни – 1.329 вакцинирани деца
18 годишни – 2.898 вакцинирани деца
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ