• Latest
Христијан Мицкоски во „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа, 01.09.2021, извор: стоп-кадар, Јутјуб канал на ТВ Алфа

Интервјуто со Мицкоски на ТВ Алфа: Шпекулации, теории на заговор, сеење страв и подгревање тензии за пописот

September 4, 2021
Shelling aftermath in Olenivka, Donetsk region, July 29, 2022. Photos from open sources

Украинските обвинители истражуваат егзекуции на 322 воени заробеници од страна на Русија

October 6, 2025
Фото: Д.М, ЦИВИЛ

Уапсен советникот на директорот на полицијата на РС и неговите синови под сомнение дека нападнале полицајци во Бања Лука

October 6, 2025
Фото: Фејсбук

Итно започнување на преговорите за пристапување на Молдавија во ЕУ, побараа 55 европратеници од 19 земји-членки

October 6, 2025
Делегација на Хамас пристигнува во Египет на преговори со Израел. Фото: Скриншот од видео на
WION

Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Без докази и без мерка: Уште еден напад од Ана Брнабиќ врз независните медиуми

October 6, 2025

24 ЧАСА: Втора недела изборна кампања; лидерите на Западен Балкан на самитот „Брдо-Бриони“ во Драч; нападната најголемите руска фабрики за експлозиви; изборни ветувања

October 6, 2025
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025

Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Интервјуто со Мицкоски на ТВ Алфа: Шпекулации, теории на заговор, сеење страв и подгревање тензии за пописот

Во гостувањето на ТВ Алфа во емисијата „Заспиј ако можеш“ на 1 септември 2021, во делот во кој се зборуваше за претстојниот попис, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги потврдуваше нафрлените шпекулации од водителот, при што „зготви“ турлитава од теории на заговор, сеење на страв, подгревање етнички тензии и ширење недоверба кон институциите што бројат гласови, како што е ДИК, со која, пак, раководи кадар предложен токму од ВМРО-ДПМНЕ.

September 4, 2021 20:56
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФО, ПОЛИТИКА, ПОПИС, ТОП 5
Христијан Мицкоски во „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа, 01.09.2021, извор: стоп-кадар, Јутјуб канал на ТВ Алфа

Христијан Мицкоски во „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа, 01.09.2021, извор: стоп-кадар, Јутјуб канал на ТВ Алфа

Share on FacebookShare on Twitter

ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ

Во гостувањето на ТВ Алфа во емисијата „Заспиј ако можеш“ на 1 септември 2021, во делот во кој се зборуваше за претстојниот попис, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги потврдуваше нафрлените шпекулации од водителот, при што „зготви“ турлитава од теории на заговор, сеење на страв, подгревање етнички тензии и ширење недоверба кон институциите што бројат гласови, како што е ДИК, со која, пак, раководи кадар предложен токму од ВМРО-ДПМНЕ.

Целата емисија изобилуваше со шпекулации и манипулации, но во оваа анализа ќе се фокусираме само на оние спорни и манипулативни тези кои се однесуваа на пописот, кој е од исклучителна важност за јавниот интерес. Да одиме со ред.

1. Новинарско прашање кое подгрева шпекулации и етнички тензии

Горан Момироски, водителот на „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа, го праша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски:

„Едно прашање околу пописот – неколку луѓе ме замолија да го поставам ова прашање – имаме ли простор за сомнеж дека на пописот може да се случат манипулации, и не знам сега, како што ми беше поставено прашањето, Македонците да паднат под 50%, а Албанците да се качат над 40?“

Имајќи предвид дека прашањето е конкретно, и содржи претпоставки со конкретни бројки, малку е веројатно дека би можеле да го постават „неколку луѓе“, освен ако тие луѓе немале инструкција да го постават токму тоа прашање и токму со тие бројки.

Прашањето содржи претпоставка или шпекулација од извори кои не се назначени, иако јавноста има право да ги знае изворите за да го процени нивниот кредибилитет и мотивација. Новинарски легитимно е да се постави прашање „имаме ли простор за сомнеж дека на пописот може да се случат манипулации“. Во тој момент, текстот на кајронот се менува со пораката:

„Пописот почнува, државата неподготвена, бојкотот реалност“.

Но во вториот дел од прашањето се специфицираат конкретни етнички заедници и бројки на проценти – „Македонците да паднат под 50%, а Албанците да се качат над 40“ – шпекулации кои значително отстапуваат од процентите на последниот попис од 2002  (Македонци – 64.18% и Албанци – 25.17%).

Ваквиот начин на поставување на прашање со шпекулации за наводни идни манипулации не е во согласност со професионалните новинарски стандарди, особено ако се земе предвид политичкиот контекст и претходните искуства, кога шпекулациите со проценти за пописот беа користени за сеење страв и поттикнување на етнички тензии меѓу Македонците и Албанците.

Исто така, ако се анализира пораката од кајронот која се појавува токму кога се спомнуваат шпекулативните проценти – „Пописот почнува, државата неподготвена, бојкотот реалност“ – може да се заклучи дека новинарското прашање е крајно тенденциозно, и дека со шпекулациите за процентите се поттикнува не само недоверба во институциите, туку и се заговара бојкот на пописот, односно бојкотот се опишува како „реалност“ уште пред воопшто да започне пописот.

Христијан Мицкоски гостин во „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа, 01.09.2021, извор: стоп-кадар од Јутјуб каналот на ТВ Алфа

2. Мицкоски ги потврдува и зајакнува теориите на заговор

Во првиот дел од одговорот на гостинот Христијан Мицкоски, тој ја оценува како теорија на заговор претпоставката содржана во тенденциозното прашање:

„Видете, ако ние веруваме во таков тип на теории на заговори, сè е можно. Сè е можно имајќи го предвид концептот на оваа власт. Апсолутно е сè можно.“

Од неговиот одговор може да се заклучи дека самиот Мицкоски верува во таквата теорија на заговор, затоа што два пати повторува „сè е можно“, а третиот пат вели: „Апсолутно е сè можно“.

Денес, прашањето на теориите на заговор е особено актуелно во медиумската етика, во контекст на раширеното негирање на климатските промени, КОВИД-19, како и вакцините.

Така, на пример, една од панелистите на семинарот „Медиумска етика во време на теории на заговор“ ќе предупреди дека теориите на заговор можат да играат улога на катализатори на процесот на радикализација, па дури и да поттикнат употреба на насилство како легитимен начин на одбрана од „перципираната конспирација“.

Токму затоа, ниту новинарите, а уште помалку политичарите, не треба да шират и потврдуваат теории на заговор што манипулираат со јавното мислење, предизвикуваат поделби и нанесуваат штета во општеството.

3. Мицкоски манипулира со погрешни споредби и погрешен пример

Понатаму, во одговорот кон водителот на емисијата, Мицкоски прави неоснована споредба помеѓу локалните изборите и пописот, давајќи погрешен пример:

„Затоа велам јас, еве пример ќе дадеме. Имаме општина „X“ – нема да споменуваме етникуми, нема да споменуваме дали тоа биле Македонци, дали биле тоа… Нека се Македонци, еве, ајде да не бидам погрешно сфатен, нека се Македонци. Во општина „X“ тие Македонци, на овие избори, користејќи ги ‘фингерпринт’ терминалите, каде што – ќе повторам – точно знаеме кој гласал, од кој етникум гласал, на која возраст, дали е маж, дали е жена, точно знаеме. Може да се направи со пондерирање точен профил на таа општина. И во таа општина за време на изборите имаме, условно кажано 2.000 гласа, а наеднаш вие гледате во таа општина „X“, дека на пописот после една година од кога ќе заврши, се појавиле 10.000 жители. И, сега се поставува прашањето, ако само две недели по завршувањето на операцијата вие имате пет пати помалце, тогаш (се уфрлува  – „нема логика“) и тоа е кривично дело.“

Очигледно е дека Мицкоски со претпоставки, шпекулации и изведување заклучоци од типот „што би било кога би било“ – се обидува да шири недоверба во резултатите од пописот, пред пописот воопшто да започне и да биде спроведен.

Таквата тенденција е во согласност со партискиот став на ВМРО-ДПМНЕ, соопштен во насловот на веб-страницата блиска до оваа партија „СДСМ сака политички попис, не прифатија фингерпринт терминали, и одат на попис со однапред договорени бројки“.

Христијан Мицкоски гостин во „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа, 01.09.2021, извор: стоп-кадар од Јутјуб каналот на ТВ Алфа

Примерот што го дава Мицкоски за општина „X“ е несоодветен и манипулативен, затоа што воопшто не станува збор за ист тип на податоци кои се прибираат на локалните избори и на пописот. На изборите, „фингерпринт“ терминалите ќе прибираат податоци (отпечатоци од прст) само за гласачите постари од 18 години кои ќе излезат на гласање и кои ги има во избирачкиот список, а пописот опфаќа поголем број категории на лица. Множеството гласачи кои ќе излезат на локалните избори во дадена општина, реално може да е неколкукратно помало од множеството на запишаните избирачи од таа општина, а уште помало од множеството лица опфатени со пописот (и децата до 18 години и други категории лица).

На пример, според податоците од ДИК, во Центар Жупа, на изборите во 2020 година гласале само 21.70%, во Маврово-Ростуше 29.94%, во Врапчиште 32.09%, во Желино 32.1%, во Пласница 34,11%, во Шуто Оризари 35,19% од вкупниот број запишани избирачи.

Со оглед на тоа што во пописот нема да бидат опфатени само лицата со право на глас над 18 години, туку и децата и лицата без документи, логично е да се претпостави дека може реално да има и општини каде што ќе има „пет пати помалце“ излезени гласачи на локални избори од лица опфатени со пописот! И тоа нема да биде никакво „кривично дело“, затоа што примерот што го дава Мицкоски е погрешен, манипулативен, односно преставува мешање на „баби и жаби“.

4. Мицкоски како Сталин: Не е важен тој што гласа, туку тој што брои?

Понатаму, Мицкоски продолжува:

„И затоа ние велиме – дајте да ги делегитимираме, да имаме можност да влеземе во таа институција и да биде како што треба работава. Оти, знаете како велат, важен е тој што брои. Ако тој што брои, сака вакви работи да направи, може да направи. Не велам не.“

Факт е дека ВМРО-ДПМНЕ повеќе од една деценија раководеше со Државниот завод за статистика, институција која не успеа да спроведе попис „како што треба“. Факт е дека пописот во 2011 беше стопиран и дека на буџетот му беше нанесена штета од неколку милиони евра, и дека за тоа никој сè уште не одговара.

Исто така, факт е и дека партијата на Мицкоски е веќе влезена со свој кадар во клучната институција за пребројување на гласовите од изборите – актуелниот претседател на ДИК е избран како кандидат предложен од ВМРО-ДПМНЕ.

Најава за гостувањето на Христијан Мицкоски на ТВ Алфа, извор: ВМРО-ДПМНЕ

Наспроти овие факти, пред воопшто да започнат пописот и изборите, Мицкоски се обидува да ги делегитимира институциите, изнесувајќи во јавноста нови шпекулации дека „важен е тој што брои“, повикувајќи се на една анегдота која му се припишува на Сталин во 1923 година.

Имено, во рамките на една внатрепартиска расправа, Сталин бил запрашан што мисли за прашањето како да се извојува мнозинство во партијата. Според спомените на бившиот секретар на Сталин Борис Бежанов, Сталин одговорил: „Знаете другари… сосем е неважно кој и како во партијата ќе гласа – но најважно е кој и како ќе ги брои гласовите“.

Но, ако Мицкоски и Сталин се во право, и дека не е воопшто битно кој и како гласа и врши попис, туку кој ќе ги брои гласовите од изборите (и лицата од пописот), тогаш практично се шири недоверба кон секоја партија која со свој кадар раководи со ДИК и Државниот завод за статистика.

Да потсетиме само како Сталин беше искористен во еден медиумски обид за делегитимирање на резултатите од изборите во 2020 година. Во написот „Изрека од Јозеф Сталин која ќе ве потсети на на вчерашните нерегуларности на парламентарните избори (ФОТО)“ пишува: „Изрека од еден од најпознатите диктатори на Русија, Јозеф Сталин, ќе ве потсети на нерегуларностите од вчерашните Парламентарни избори. Откако беше хакната страната на Државната изборна комисија се испомешаа гласовите, па затоа денес имаме одново рачно пребројување на гласовите.

– Не е важно кој гласа, туку кој ги брои гласовите, рекол Јозеф Сталин.“

Написот е објавен во рубрика „Твитови“, без да биде наведен твитот и изворот, што е уште една медиумска манипулација. Во „Курир“ заборавиле да ги информираат читателите дека во 2020 најодговорен за броење на гласовите во ДИК беше кадар предложен од ВМРО-ДПМНЕ (за кој подоцна обвинителството поднесе кривична пријава за набавката на софтверот кој затаи за време на пребројувањето на гласовите). И сега, повторно, за претседател на ДИК беше избран кандидат на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Дали Мицкоски, повикувајќи се на Сталин, сака да ни порача дека треба да се сомневаме во резултатите од локалните избори затоа што најодговорен за броењето на гласовите е кадар предложен од ВМРО-ДПМНЕ?

Практично, со обидот да го делегитимира пописот, повикувајќи се на изреката на Сталин, Мицкоски ги делегитимира и локалните избори спроведувани од ДИК на чело со претседател – предложен од ВМРО-ДПМНЕ.

 


Creative Commons 4.0 (дозволено преземање, со линк до изворот)
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ