• Latest
Христијан Мицкоски (фото: Огнен Бошњаковски / Frontline)

Вистиномер: Мицкоски недоследен во изјавите кога и зошто се вакцинирал

September 5, 2021
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС

Вистиномер: Мицкоски недоследен во изјавите кога и зошто се вакцинирал

September 5, 2021 20:01
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДИСКУРС, КОВИД-19, ПОЛИТИКА
Христијан Мицкоски (фото: Огнен Бошњаковски / Frontline)

Христијан Мицкоски (фото: Огнен Бошњаковски / Frontline)

Share on FacebookShare on Twitter

Кога навистина се вакцинирал Христијан Мицкоски? Во почетокот на август или на 31. август 2021 г. поради мерките на Владата? И кои биле вистинските причини? Самиот тврди дека тоа го сторил и тогаш и сега скоро, пишува Вистиномер во својата нова анализа која ја пренесуваме во целост:

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа даде изјава за неговиот вакцинален статутс, која ја оценуваме како недоследна.

Тој, во емисијата, која се емитуваше на 1-ви септември, изјави дека ден претходно се вакцинирал против ковид-19 заедно со неговата сопруга во салата Борис Трајковски и дека тоа го направил затоа што бил принуден поради рестриктивните мерки воведени од Владата.

Искрено, вчера отидов да се вакцинирам, иако на 23-ти август правев тест и имам близу 1.198 антитела, ама, бидејќи сум лимитиран, не можам пристојно да се движам низ државата поради катастрофално глупавите мерки, бев принуден да се вакцинирам. Вчера се вакцинирав. Не го правам тоа со камери. Отидов со сопругата во спортскиот центар „Борис Трајковски„ вчера утрото и се вакциниравме. Вчера ја добив вакцината и за еден саат можев да седнам било каде. Дополнително никој не знае ни дали документот е навистина мој. (48:23 – 50:16 во видеото)

[Извор: Алфа ТВ-Заспиј ако можеш – датум: 01.09.2020]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Оваа изјава на Мицкоски е недоследна, затоа што тој и пред месец дена информираше дека е вакциниран.

Мицкоски на својот Фејсбук профил на 8-ми август, напиша објава во која кажува дека е вакциниран. Во објавата, во која критикува изјава на министерот за здравство, Венко Филипче, лидерот на опозицијата вели дека е вакциниран и дека ги охрабрува граѓаните да се вакцинираат.

Мој став ⬇️

Лично сум, и ги охрабрувам граѓаните да се вакцинираат, но истовремено, бидејќи сум легалист го почитувам уставното право на секој граѓанин да избере дали ќе се вакцинира или нема да се вакцинира.

 

Дали и кога е навистина вакциниран Мицкоски?

Технички е можно тој на почетокот на август да бил вакциниран со прва доза, а сега со втора доза. Но, логиката вели дека тоа не е баш така. Доколку се вакцинирал само со прва доза кога го напишал статусот на 8 август, тогаш не требало да напише дека е вакциниран, затоа што за вакцинирани се сметаат оние кои ќе ги примат двете дози од вакцината. А, доколку навистина ја примил првата доза во август, тогаш нема да имал проблеми со „катастрофално глупавите мерки,“ како што ги нарекува Мицкоски мерките на Владата кои се однесуваат за оние кои се невакцинирани. Тие мерки не важат за оние кои што примиле една доза од вакцината.

На 99-тата седница, Владата, врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, го одлучи следново:

Владата донесе одлука дека за влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, без разлика на капацитетот и бројот на присутни посетители/гости/лица, како и за настан од секаков вид (прослава, веселба, свадба, роденден, крштевка, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културен или спортски настан, обложувалници, казина), задолжително е поседување, приложување и проверка на еден од следните документи:

сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или

сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Оваа мерка задолжително се применува и за организација, работа и присуство/учество и на секаков вид на настан на отворен простор, каде има повеќе, како и за влез во затворениот дел од моловите.

Мицкоски во изјавата на Алфа вели дека тој на 23-ти август направил тест за антитела и дека имал близу 1.200 антитела, бидејќи тој корона вирусот го прележа пред половина година. Доколку тој правел тест за антитела на 23 август, како што тврди, тогаш тој не бил вакциниран ниту со прва доза затоа што нема логика некој да проверува број на антитела помеѓу две вакцини, бидејќи имунизацијата во тој период сè уште не е целосна. Исто така, нема логика сега да тврди дека се вакцинирал поради „катстрофално глупавите мерки“ на Владата, кои беа донесени на 16.08.2021, ако веќе се вакцинирал пред тоа.

Овие факти повеќе говорат во прилог на можноста дека лимитираноста, која што ја имал Мицкоски поради мерките на Владата, била затоа што тој сè до 31-ви август не бил вакциниран ниту со прва доза од вакцината против ковид-19, односно бил невакциниран.

Сето ова укажува дека Мицкоски е недоследен во изјавите. Најмногу дека се вакцинирал поради мерките на Владата кои му ограничувале движење.

ИЗВОРИ:

  • Алфа ТВ-Заспиј ако можеш – [Проверено на 03.09.2021]
  • Фејсбук профил на Христијан Мицкоски, објава на 08.08.2021 – [Проверено на 03.09.2021]
  • Макфакс – Вест за Х. Мицкоски – [Проверено на 03.09.2021]

—

Објавено во: ВИСТИНОМЕР

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ