• Latest

„Зелените коридори“ во Западен Балкан успешен пример за регионална соработка

September 7, 2021

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

„Зелените коридори“ во Западен Балкан успешен пример за регионална соработка

September 7, 2021 14:28
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Концептот „зелени коридори“ промовиран во Западен Балкан како привремен, брз одговор на вонредната состојба предизвикана од КОВИД, стана пример за поефикасен и економичен систем за прекугранични активности меѓу земјите. Оваа иницијатива основана за спречување на недостатокот на основните добра и медицинска опрема, се покажа како еден од најуспешните примери за регионалната соработка. Нејзиното главно достигнување за зачувување на трговските текови во регионот, не само што имаше значителни економски придобивки, туку се покажа и непроценлива мерка во однос на решавање на итните потреби на населението во време на пандемија, рече министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

На панелот „Јавни и приватни инвестиции и конкурентност“, Бочварски потенцира дека мора да се најде начин за ублажување на последиците од кризата, но и да се предложат одржливи решенија за иднината.

-Едно од тие решенија е регионална трговска соработка преку слободното движење на стоки и услуги за да може навремено и ефикасно да се обезбеди испорака на стока онаму каде што се најпотребни. Затоа, поврзувањето на двата концепта на зелени ленти ЕУ и WB6 – кој подразбира спроведување на сет заеднички мерки на граничните премини помеѓу Западен Балкан и ЕУ е од суштинско значење. Ситуацијата со пандемијата сега е стабилна, но со оглед на неизвесностите што произлегуваат од КОВИД-19 и имајќи предвид дека оваа непредвидлива ситуација уште трае и повеќе или помалку сите економии се засегнати, меѓусебната координација и соработка е повеќе од добредојдена, истакна министерот.

Според него, мора да се овозможи подобра транспортна поврзаност. Постои потреба да се поврзе концептот за „зелени коридори“ во Регионот со оној воспоставен во земјите-членки на ЕУ за да се овозможи непречен регионален трговски проток, особено обезбедување со основни медицински резерви и храна.

Дополнително, нагласи Бочварски, безбедноста на патиштата, олеснувањето на трговијата и транспортот на граничните премини, либерализација на транспортот и дигитализација, може да овозможат слободен проток на стоки и да се избегнат потенцијалните тесни грла.

-Постои голем јавен интерес од бизнис заедницата за забрзување на овие подобрувања и воведување зелени коридори на граничните премини. Билатералните договори со соседните земји се ефективна алатка за подобрување на граничните премини, за намалување на времето на патување и редици на границата. Во моментов, во процес на имплементација, е проектот Заедничка железничка станица за граничен премин со Република Србија. Вкупната проценета вредност на инвестицијата е 5.2 милиони евра. Проектот предвидува изградба на нова, модерна заедничка станица во согласност со стандардите на Европската унија, каде што ќе биде сместен официјалниот персонал на Граничната полиција, царината и инспекциските служби од двете земји, надградба на постојните згради за сместување на персонал од железничката инфраструктура и железничките превозници од двете земји, изградба на нов водовод и канализација со пречистителна станица за вода и подобрување на врската помеѓу патот и железничкиот премин со изградба на нов пристапен пат. Вкупната површина на објектите е 2.500 метри квадратни, информира министерот.

Министерот за економија, Крешник Бектеши на панелот „Јавни и приватни инвестиции и конкурентност“

Министерот за економија, Крешник Бектеши кој, иста така беше еден од учесниците на панелот, се задржа на реформите во енергетскиот сектор. Бектеши го истакна и значењето на туризмот, сектор кој, како што рече, беше еден од најпогодените од кризата, но и еден од тие што добија најголема финансиска поддршка.

-Туризмот претрпе голем удар, но овој сектор беше најподдржан. Заедно со коморите и сите засегнати страни, обезбедивме соодветен пакет мерки. Работиме на подобрување на инфарструктурата, на проширување на авиолиниите. Немаме национален пристап, повеќе сакаме да имаме регионален пристап зашто сме мала земја, сакаме да креираме заедничка понуда со соседите, посебно за далечните земји како Азија, Африка, Северна и Јужна Америка. Научивме многу за дигитализацијата во насока да се добие подобра слика за земјава и за регионот, рече Бектеши.

На панелот учествуваа и вицепремиерот Битиќи, потпретседателката на Европската инвестициска банка, Лилјана Павлова, потпретседателот на Европската банка за обнова и развој, Јурген Ригтеринг, регионалниот директор на Меѓународната финансиска корпорација за Централна и Југоисточна Европа, Ари Наим, како и претставници од трите најголеми стопански комори.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ