• Latest

Вистиномер: Лага за вакцината и децата во училиштата

September 8, 2021
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Лага за вакцината и децата во училиштата

September 8, 2021 12:10
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДИСКУРС, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Лажна вест е пласирана како објава на Фејсбук дека со самото тоа што сте ги испратиле децата во училиште сте дале и согласност за вакцинација против ковид, пишува „Вистиномер“ во својата рецензија.

„Прочитајте добро родители, ова е буквален фашизам и тиранија“, бомбастично најавува авторот на објавата на Фејсбук што ја рецензираме и кој споделува фотографија во која на македонски јазик пишува:

 

Фејсбук статус со дезинформации за вакцини за деца

СЗО сега вели дека присуството на вашето дете во училиште се смета за информирана согласност за вакцинација – родителско присуство не е потребно.

Нема линк до содржината и кога ќе се пребара овој наслов на пребарувачот Гугл, нема резултати. Според објавената фотографија, може да се заклучи дека оваа лажна вест не е објавена на ниеден медиум. Постот, сепак, е исклучително вирален, споделен над 100 пати.

Што велат фактите за вакцинацијата на децата?

Прво, да видиме, како е во Северна Македонија во поглед на вакцинација на децата?

На 12. јули 2021 г., Министерството за здравство објави дека секој родител или старател кој сака да се вакцинира неговото дете ќе треба да го пријави на веб страницата: vakcinacija.mk.

По пријавувањето, се доделуваат термини за вакцинирање на децата.

Родителите или старателите ќе може да ги регистрираат децата и од петок ќе започне апликацијата на вакцините. Закажување термин за вакцинација на децата е поради планирање на потребните количества вакцини Фајзер, рекоа оттаму.

Вакцината на Фајзер доаѓа спакувана во вијала која содржи шест дози. Кога оваа вијала ќе се отвори (скрши), потребно е во краток временски период од неколку часови да се искористат сите шест дози. За да нема фрлање на дозите, министерството реши да оди со закажување на вакцинацијата, за да може да ги планира дозите.

Освен ова, во објавата погрешно се опишува како Светската здравствена организација ја дефинира „информираната согласност”.

СЗО – се бара согласност од родителите во секој случај

Најважно е дека СЗО нема никаква правна моќ да одредува здравствени политики во било која од нејзините земји членки кои се суверени.

Според службата за односи со јавност на СЗО, организацијата препорачува во земјите членки кои спроведуваат вакцинација на децата, да се добие согласност од родител или старател на еден од трите начини: усно, писмено или имплицитно.

Усното и писменото давање согласност се јасни и прецизни. Усна согласност значи дека родителот и старателот го донел детето на вакцинација и лично се согласил со тоа. Пишана согласност значи дека родителот или старателот дал согласност за вакцинација во писмена форма.

Третиот механизам, имплицитна согласност е она на кое се однесува постот кој го рецензираме. Според СЗО, родителот дава имплицитна согласност ако го прати своето дете на вакцинална сесија, откако бил известен од страна на здравствените власти дека вакцинација ќе се случи на одредено место, во одредено време.

Во мејл упатен како одговор на прашањата на странските проверувачи на факти на Политифакт, СЗО вели дека, на пример, имплицитна согласност е ако родителот го испрати своето дете на училиште на ден кога е најавено дека ќе се спроведува вакцинација ако претходно родителите биле информирани дека вакцинацијата ќе се случи во тоа училиште и им била дадена можност да одберат да не го вакцинираат детето или да преземат соодветни чекори за да ја изразат нивната желба да не го вакцинираат.

СЗО објави документ во кој објаснува се за писмена, усна и имплицитна согласност за вакцинација во 2014 г., што значи дека ова се спроведува со години уште пред пандемијата со корона вирусот.

И во Северна Македонија вакцинацијата на децата не е задолжителна, како што не е задолжителна ни онаа на возрасните. За децата помлади од 12 години не постои можност да се вакцинираат, затоа што компанијата Фајзер, на пример, чека да завршат клиничките студии за оваа млада возрасна група. За оние од 12 до 15 години, родителот мора да даде согласност и самиот да го пријави детето на сајтот за вакцинација, по што ќе добие датум и време за аплицирање на дозите.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме  како невистинит и дезинформација, пишува „Вистиномер“.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ