• Latest

И трагедијата во тетовската болница дел од партиските агенди, заврши јавниот увид во Избирачкиот список, ВМРО-ДПМНЕ избра кандидати за повеќе општини

September 10, 2021
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на Sky News Australia

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц му вети на Зеленски засилен притисок врз Москва и проширена одбранбена соработка

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

И трагедијата во тетовската болница дел од партиските агенди, заврши јавниот увид во Избирачкиот список, ВМРО-ДПМНЕ избра кандидати за повеќе општини

September 10, 2021 17:02
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Иако политичките партии најавија дека нема да имаат јавни активности поврзани со локалните избори 2021 закажани за 17 октомври, поради тридневна жалост по пожарот на модуларната Ковид болница во Тетово, сепак ВМРО-ДПМНЕ објави уште неколку кандидати за градоначалници, ДИК објави дека синоќа заврши јавниот увид во Избирачкиот список. За жал, и трагедијата во тетовката модуларна болница стана дел од партиските агенди на политичките партии…

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, вкупно 14.921 лице се провериле во Избирачкиот список. Поднесени се вкупно 281 барање за запишување во Избирачкиот список, 99 барања за бришење на податоците од Избирачкиот список и 74 барања за измена на податоците во Избирачкиот список, информираат од Државната изборна комисија (ДИК).

Синоќа на полноќ (9/10 септември) заврши јавниот увид во Избирачкиот список, а утре на полноќ (11 септември) истекува рокот за поднесување кандидатури за изборите до Општинските изборни комисии.

Овластените претставници на сите политички партии, односно подносителите на листи за локалните избори најдоцна до 23 септември на централно ниво ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори. Потпишувањето на Кодексот е организирано од Државната изборна комисија во соработка со Национален демократски институт (НДИ).

ЦИВИЛ ОБЈАВИ ИЗБОРЕН РОКОВНИК 

Како што е веќе вообичаено, ЦИВИЛ во пресрет на изборите објави „Водич низ Локалните избори 2021: Сите податоци и рокови за изборниот процес на едно место“, со сите поважни датуми, односно крајни рокови кон кои треба да се придржуваат политичките партии и независните кандидати, институциите, медиумите и граѓанските организации.

Роковникот содржи податоци за тоа кога најдоцна треба да се поднесуваат кандидатските листи, финансиските и други извештаи, кога се гласа, кои се роковите за објавување на резултатите од изборите и многу други фази, настани и активности во текот на изборниот процес.

И ТРАГЕДИЈАТА ВО ТЕТОВО ДЕЛ ОД ПАРТИСКИТЕ АГЕНДИ

Коалиционите партнери ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците и Алтернатива ја обвинуваат власта предводена од СДСМ и ДУИ за трагедијата во модуларната болница во Тетово.

„Нема објективна истрага кога Заев и Филипче ќе водат истрага за Заев и Филипче. Затоа тие треба да се повлечат и поднесат оставка. Треба да се дадат одговори ако не е проблем изградбата на болницата, дали тогаш е проблем функционалноста и менаџирањето на истата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Лицемерието на министрите и функционерите на Владата на СДСМ-ДУИ оди дотаму што бара истраги, а истовремено ги попречува истрагите, го нарушува местото на истрагите со уништување на доказите и трагите што би помогнале да се расветли овој случај“, велат од Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Од СДСМ велат дека трагедијата во Тетово е очајнички обидот на опозицијата политички да профитираат.

„Предизборна политизација на трагедијата е очајнички обид на ВМРО-ДПМНЕ да покрие тоа што нема понуда и знае дека и следи пораз. Нема да дозволиме лагите, некрофилноста на ВМРО-ДПМНЕ да влијаат врз истрагата. Институциите имаат стручност и капацитет да спроведат темелна и ефикасна истрага. Вклучувањето на странски експерти во откривањето на причините за пожарот е дополнителна потврда за непристрасност во постапката“, велат од СДСМ.

КАНДИДАТИ

Како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ на своите официјални канали за комуникација со јавноста, на последната седница на Извршниот комитет и Централниот комитет донеле одлука за повеќе кандидати за градоначалници на општините.

За Општина Аеродром, кандидат е Тимчо Муцунски, актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Општина Карпош кандидат е д-р Оливер Зафировски кој работи во ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај деца Козле од 1989 година каде беше и директор во период од 2006 година до 2017 година.

За Општина Битола д-р Тони Коњановски кој е раководител на Отсекот за дезинфекција, дезинсекција и дератизација во составот на Одделението за Епидемиологија при ЈЗУ ЗЗЗ Битола. Тој е и моментален советник во Советот на општина Битола.

За Општина Струмица кандидат е Жан Дрвошанов кој има сопствена фирма за сметководствени услуги и финансиски консалтинг во Струмица.

За Општина Кичево е д-р Александар Јовановскир, работи во сопствена приватна здравствена установа.

За Општина Крива Паланка кандидат е Александар Рангелов, поранешен директор на Центарот за култура и актуелен советник во Советот на општината и потпретседател на ОК Крива Паланка.

За Општина Старо Нагоричане кандидат е Велибор Денковски и за Општина Долнени кандидат е Ладо Глигороски.

ОТЧЕТ

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, упати отворена покана до сите кандидати за градоначалник на Општина Велес на претстојните локални избори, да дојдат во просториите на Општината на разговор со него и со стручните служби. Коцевски ја извести јавноста дека се ставени на располагање сите информации за актуелните финансиски состојби и други информации кои ќе им бидат од корист во креирањето на нивните изборни програми и ветувања до граѓаните.

Овој потег, според велешкиот градоначалник, се прави со цел нивните изборни програми да бидат што појасни, што поконкретни и да има вистински натпревар на идеи, на фер и демократска кампања, а не црна кампања.

ДА ПОВТОРИМЕ: ЦИВИЛ ГИ ПОВИКА СИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ И НЕЗАВИСНИ КАНДИДАТИ ДА ЈА ИСПРАЌААТ ИНФОРМАЦИИ ЗА АКТИВНОСТИТЕ. ДЕЛ ОД ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ И НЕЗАВИСНИТЕ КАНДИДАТИ, СÈ УШТЕ НЕ ОДГОВОРИЈА НА ПОВИКОТ И НЕ ИСПРАЌААТ ИНФОРМАЦИИ. ТОЛКУ ОД ТРАНСПАРЕНТНОСТА!

Во рамките на својот долгорочен изборен мониторинг, ЦИВИЛ и Редакцијата при медиумската платформа, редовно ги бележат настаните на различните учесници во изборната трка. Организацијата неодамна ги повика политичките партии и независните кандидати редовно да ја известуваат организацијата и нејзината медиумска платформа за своите активности. Дел од учесниците во изборната трка сè уште не одговорија на повикот.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

    Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ