• Latest
Војо Маневски

Советничката листа како „Мој термин“

September 13, 2021
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Советничката листа како „Мој термин“

September 13, 2021 11:00
in ИЗБОРИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Според законските одредби на полноќ на единаесетти септември се предадени листите со кандидати за градоначалници и  советници во идните Совети. Кандидатите за градоначалници се промовираат веќе од средината на август и за нив дознаваме скоро сѐ. Ако нешто и не знаевме, противничката страна се погрижи да не останеме без информации. Се разбира секој со свое видување на вистината.

Советите во општините досега не беа премногу во фокусот на јавноста, освен кога се работеше за некои одлуки, кои беа на работ од законитоста или имаше потреба од подигање на општата хистеризација во која се наоѓа општеството.

Законот определува која е одговорноста на Советот, кои се неговите ингеренции и која е неговата положба во системот на локалната власт. За сите овие години не успеваме да изградиме орган, кој ќе работи, пред сѐ, во корист на граѓаните и ќе се одлепи од партиските сенки, кои цело време висат над него. Како се станува советник? Кои се критериумите што секој предлагач треба да ги има кога предлага некој граѓанин да биде советник во Советот на општината?

Науката за лидерство има разни теории и истражувања. Ќе цитирам само еден дел од мислењето на проф. Димче Петровски, кој предава лидерство, како појдовна основа на начинот на поимање на власта и владеењето.

„Власта е состојба, а владеењето е процес. Ако имаме некомпетентна власт како состојба, процесот на владеење ќе продуцира лоши резултати. Во теоријата за владеењето најмногу се употребувани три модели: автократски, демократски и либерален. Ако се определиме за демократски, тогаш авторитетите се само официјализатори на одлуките што ќе се донесат во некое тело. Тогаш одговорноста паѓа на телото, а не на авторитетот. Во тој случај авторитетот не се чувствува „важен“. А штом е така, авторитетот не сака некое тело да донесува одлуки, а тој само да ги спроведува. За да има влијание, од самиот почеток, составот на тоа тело го прави сам или во мал круг соработници и со тоа воведува некој степен на автократија, која по правило завршува со потполна контрола на целиот процес на донесување на одлуки. Затоа пратеничките листи и советничките листи сѐ производ на мислењето на лидерот на централно или локално ниво. Тие ја прават листата, а оние што се на листата се очекува да бидат послушни пред сѐ на лидерот кој ги избрал. Овде партијата како политичко тело е во втор план. Автократијата секогаш ја победува демократијата, посебно кога се работи за држави и народи кои немаат долга традиција на демократско организирање на системот“.

Науката, како згусната емпирија целата оваа појава ја објаснува. Додуша ние не сме народ кој премногу чита, а посебно слабо се читаат дебелите научни книги и затоа сме осудени на атрофија на системот, сѐ до неговите последни сили.

И како поединци, кои се согласуваат да бидат на листите, сме вистински претставници на својот народ, кој секогаш има една вистина за во јавност, друга за блиската околина, а сосема трета за себе. Кое од овие три лица е вистинското и е квалитет за избор на листата на советници, е надвор од доменот на политичка наука и моралот. Такви одговори досега никој не дал, освен науката која се занимава со состојбата на свеста и совеста.

Да го опишам мојот прв впечаток за понудените листи за советници од најголемите партии за Совет на Општина Штип. А како утврден профил слични се листите со кандидати на скоро сите поголеми градови. Се извинувам за листите на другите поднесувачи, но до моментот во кој ја пишувам колумната, нема информации за личностите кои се на нив.

Првиот мој впечаток е дека листите изгледаат како платен список во здравствените институции. Лекар, па лекарка, па од друга професија, па повторно лекар, па некој од сродните гранки од медицината и сѐ така до крајот од низата од десет, единаесет кандидати кои се сметаат за добитни. Подобра дефиниција измислил еден мој сопаталец од дневните седенки кој вели: „Мој термин има исто толку лекарски имиња како и листата советници“.

Овој феномен со кандидирање на лекари во сите сегменти од власта има неколку објаснувања. Ако во почетокот партиите ги користеа лекарите за влијание кај гласачите, сега лекарите ги користат партиите за сопствена промоција или потреба од нивен глас во јавноста.

Неделава која помина веќе имаше неколку сериозни поттици за јавни дебати за бројот на лекари во политиката и можноста за трпење на штета на медицинскиот сектор во државата во корист на политиката. Поставувани се низа на издржани прашања од типот на комплементарноста на медицината, која во самиот поим треба да ја има високо моралноста и политиката која според нашите поимања на работите е компромитирана професија. Последните примери со несреќата во Тетово го потврдуваат ова мислење. Дали врвен хирург останува психолошки смирен, ако по цел ден е прозиван и украсуван со најскаредни атрибути? Нешто од двете негови обврски може да претрпи штета. А штетата не е мала ниту за потценување.

Имавме еден извештај од Европа, кој го заборавивме заедно со заклучокот дека не сме во способност да го спроведеме. Се сеќаваме ли на извештајот на Прибе? Таму најупотребуван термин  беше „компетентност и компетитивност“. Значи, треба личноста да поседува знаење и способности за одредена одговорност, но и да има способност и волја, тоа во конкуренција и натпревар да го докаже. Убаво ни советуваше угледниот господин дека за секое место, каде се донесува одлука, која има општествена последица, потребни се компетентни луѓе.

Не знам колку е компетентноста на лекарите во разбирањето на урбанистички планови и годишни буџети, но ако една третина од Советот се лекари, нема дилема дека граѓаните сметаат дека и за тоа се способни. Или комплетната општествена мимикрија го засени разумното размислување. Само се плашам дека одлуките ќе се донесуваат на друго место, а како и досега советниците ќе направат напор само со дигање на рака, а тоа не бара поголема компетентност.

Не е убава ниту глетката кога лекар, кој до пладне се бори за здравјето на пациентите подига рака за изградба на зграда со која се намалува зеленилото, а тоа влијае на здравјето на истите тие пациенти кои ги лекува. А во политиката компромисите се услов за опстанок во неа. Кај лекарите компромисот може да е фатален за пациентите. Вредностите и правилата се спротивни.

Ова не значи дека сум против лекарите да се на разни листи или да заземаат високи места во локалната или централната власт, само нивниот зголемен број неминовно бара коментари  и одговори. Секако никој не сака валкање на толку значајна професија со симнување до потребата од советничкиот паушал или задоволување на личните суети кај поединци.

Советот има три комисии кои со закон се задолжителни, но има право да формира дополнителни тела кои ќе помагаат во донесувањето на одлуките. Тоа значи дека за успешно работење на Советот треба да се предлагаат кандидати, кои за областа за која ќе донесуваат одлуки треба да имаат елементарни познавања. Затоа и одлуките на комисиите на пленарните седници скоро и без исклучок се прифаќаат. Има комисија за здравство во Советот на Штип и сега ќе изгледа како семинар по зададена медицинска тема. Нашиот менталитет нашол излез и за таква состојба, лекарите во комисија за урбанизам, а музичарите во комисија за финансии и сѐ така по испробан метод. Одлуките остануваат на администрацијата каде се употребува истиот термин „советник“.

Се разбира дека не го коментирам личниот интегритет на секој од кандидатите, туку само процесот на избор на кандидати за советници. Како понатаму ќе ги убедуваат граѓаните за сопствената способноста за извршување на функцијата советник во Советот ќе оставиме на нивните изборни штабови.

Првичниот заклучок од кандидатите за градоначалници и Совети предложени од партиите е дека полека партиите ја губат кадровската ширина. Со политика сака да се занимава сѐ помал број на граѓани. Посебно е забележително отсуството на универзитетските кадри кои во државата ги има околу четири илјади и критичката интелигенција. Постојаната негативна мелница на партиските пропаганди, која меле сѐ што се осудува да покаже различно мислење од раководството, допрва ќе донесува негативни резултати.

И покрај примамливоста за брзо доаѓање до лична корист, опасноста од потполна маргинализираност и притисок од противничките табори и последици што следуваат ги обесхрабрува новите генерации политичари и општествено активни граѓани. Потврда за ова повторно наоѓам во делата на проф. Стипе Шувар кој вели „негативната кадровска селекција потполно ќе ја упросечува компетентноста на идните лидери, а целиот систем се шаблонизира до нефункционалности ќе ја изгуби потребата од легална компетитивност.

Потоа следува само распад и големи штети по целата заедница, бидејќи ќе ја водат не само некомпетентни личности, кои нема да имаат потреба од процедури и демократија, туку ќе ја приграбат сета власт за себе. Потоа следуваат „попови“, па топови и на крајот – „лопови“.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот. 
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ