• Latest

Вистиномер: Вакцинираните мајки што дојат не си ги убиваат бебињата!

September 17, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Вакцинираните мајки што дојат не си ги убиваат бебињата!

September 17, 2021 10:43
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Врз база на анонимна пријава до системот ВАЕРС, дека починало бебе откако мајката се вакцинирала, се конструира невистинит заклучок дека мајките што дојат, а ќе се вакцинираат, си ги убиваат своите новороденчиња, пишува Вистиномер.

Рецензирана е објава на Фејсбук во која се тврди дека мајките кои се вакцинирани против ковид, се „убијци на своите бебиња“.

Тврдењето се темели на пријава во американскиот онлајн систем за несакани ефекти од медицински средства и од лекови ВАЕРС. Оваа онлајн платформа како што веќе претходно имаме објаснето, дава можност секој, било да е граѓанин или пациент, лекар или медицинско лице, да пријави сомневање или индиција за несакана реакција по примање на некој лек, конкретно и за ковид вакцина.

ВАЕРС не е база на податоци за несакани ефекти

Но, системот ВАЕРС, не претставува официјална дата-база на несакани ефекти. Во него пријава може да доставите дури и ако не сте сигурни дека несаканата реакција или смртниот случај е причинско последично поврзан со вакцината или лекот.

ВАЕРС системот користи метод на широк дијапазон на информации, научен пристап со кој огромен број на груби и дури и недоверливи информации се спојуваат, за да се најдaт врските меѓу нив. Индивидуалните пријави и сите детали во нив, не се потврдени и верифицирани. Станува збор за ран систем на предупредување, а не точен инструмент за мерење!

Портпаролката на Американската агенција за храна и лекови, Алисон Хант, за проверувачи на факти  во САД изјавила:

Пријавените случаи на ВАЕРС се неверификувани извештаи. Тоа што некој ќе пријави несакан ефект на ВАЕРС не е документација дека вакцината го предизвикала ефектот. Кога би имало зголемен број на смртни случаи тоа би го задржало вниманието на властите. Сите извештаи за несакани ефекти од вакцинацијата ги земаме сериозно, а во случајот на ковид-19 вакцините, Центарот за контрола и превенција на болести активно е ангажиран да ја следи безбедноста на овие вакцини. Секоја пријава за смрт по администрирањето на вакцината брзо и ригорозно се истражуваат заедно со Агенцијата за храна и лекови и Центарот за контрола и превенција на болести. Се прави опсервација на секој клинички случај. Дополнително имаме и голем број начини на кои ја мониторираме самата безбедност на вакцините, вели таа додавајќи дека досега нема зголемување на смртноста поради вакцините.

Анонимна пријава

Во конкретниот случај споделен во постот, станува збор за неидентификувана пријава, односно не е ниту наведено кој пријавил! Само се кажува дека се работело за жена од Ново Мексико, која имала бебе старо шест недели, кое починало откако таа се вакцинирала со една доза вакцина на Фајзер. Но, според пријавата и според тоа што го констатирале лекарите првично кај бебето, било констатирано присуство на риновирус.

Потоа бил констатиран „Кавасаки синдром“.

Според тоа што го објавува Клиниката Мајо, „Кавасаки синдромот“ предизвикува потекување на артериите низ телото, запалението ги зафаќа срцевите артерии кои ја пренесуваат крвта со помош на срцевиот мускул. Понекогаш, „Кавасаки синдромот“ ги афектира лимфните жлезди кои потекуваат, потоа кожата, мембраната во носот, устата и грлото.

Мајката во извештајот кажала дека се породила 3 недели порано од рокот.

Во пријавата прашува дали спајк протеинот можела да му го пренесе на бебето со доењето.

Што говорат фактите?

Доењето има значителни здравствени придобивки за доилките и доенчињата. Се очекува делотворноста на вакцините да биде слична кај доилките, како и кај другите возрасни. Сепак, нема податоци за безбедноста на вакцините против ковид-19 кај жени што дојат или за ефектите од вакцините мРНК врз доенчињата. Бидејќи вакцината не е вакцина со жив вирус, а мРНК не влегува во јадрото на клетката и бргу се распаѓа, малку е веројатно да претставува биолошки и клинички ризик за доенчето. Врз основа на ваквите согледувања, на доилки што се дел од препорачана група за вакцинација, на пр., здравствени работници, треба да им се понуди еквивалентна вакцинација. СЗО не препорачува прекинување на доењето по вакцинирањето, наведува УНИЦЕФ.

Исто така, друга научна студија покажува дека во мајчиното млеко нема траги од вакцината туку само антитела. 

Истражувачкиот тим предводен од Стефани Го од Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско, пронајде дека мајчиното млеко не е компромитирано од вакцините на Фајзер и Модерна. Тие испитале 13 примероци од млеко од седум вакцинирани жени и не нашле траги од мРНК во овие примероци од млекото. 

Центарот за контрола и превенција на болести на САД препорачува вакцина и за мајките што дојат.

Вакцините против ковид не можат да инфицираат никого, ни мајката ни бебето и вакцините се ефективни во превенцијата од ковид 19 кај лицата кои дојат. Последните извештаи покажуваат дека жените што примиле мРНК вакцина имаат антитела во нивното млеко кое може да им помогне да ги заштитат нивните бебиња. Сепак, потребни се повеќе податоци за да се одреди каква заштита овие антитела му нудат на бебето, велат оттаму.

Оттука, како невистинито го оценуваме тврдењето во постот кој го рецензираме, дека мајките кои што дојат а се вакцинирани против ковид си ги убиваат децата, пишува Вистиномер.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ