• Latest

„Kонсензус“ меѓу политичарите: Се води предвремена изборна кампања

September 22, 2021

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

„Kонсензус“ меѓу политичарите: Се води предвремена изборна кампања

September 22, 2021 09:14
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Иако не е официјално, веќе одамна е започната предизборната кампања за локалните избори кои треба да се одржат на 17 октомври 2021 година. Кампањата ја започнаа без исклучок сите политички партии, без оглед на тоа дали станува збор за претставници на опозицијата или на власта.

СПОНЗОРИРАНА ПРЕДИЗБОРНА КАМПАЊА

Кандидатите за градоначалници и советници, како и симпатизерите и членовите на политичките партии, веќе се на терен и остваруваат средба со граѓан(к)ите за да им ги претставуваат нивните програми. Исто така дел од кандидатите за градоначалници преку спонзорирани содржини на социјалните мрежи се промовираат и ја бараат поддршката на граѓаните. Во некои населени места веќе се ставени во функција партиските штабови.

Спонзорирана содржина на Фејсбук од СДСМ има и од министерот за внатрешни работи, и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски, кој во име на неговата матична партија истакна дека „СДСМ е фаворит, затоа секојдневно сме меѓу граѓаните, затоа ќе победиме!“.

Спасовски не е кандидат ниту за градоначалник ниту за носител на советничка листа. Овие избори се локални и граѓаните гластаат пред сè за личност, а не за партија. Законски можеби има право да биде дел од кампањата на СДСМ, меѓутоа како министер за внатрешни работи испраќа лоша порака и несигурност кај тие што не се членови или симпатизери на владеачката партија.

ЦРНА КАМПАЊА

Иако декларативно политичките чинители се залагаат дека ќе водат фер и демократска кампања, сепак Мониторинг тимот на ЦИВИЛ забележува дека веќе е започната црна пропаганда на социјалните мрежи, поткрепена со лажни вести, дезинформации и говор на омраза.

Изминатите неколку денови главна тема на политичките партии е трагичниот настан во тетовската модуларна болница во која загинаа 14 лица. Опозицијата бара оставки од премиерот Зоран Заев, министерот и заменик министерот за здравство, Венко Филипче и Илир Хасани. Деновиве на социјалните мрежи се шири пропагандно видео, без нарачател, во кое се прикажани сцени од болницата како гори и се бара оставка од Заев и Филипче. Пропагандното видео на социјалните мрежи го шират пред сè анонимни профили, но исто така и членови или симпатизери на опозицијата.

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, со спонзорирана видео содржина ја започна црната кампања против актуелниот градоначалник и кандидат за Град Скопје, Петре Шилегов.

(НЕ)ОФИЦИЈАЛНА ПРЕДИЗБОРНА КАМПАЊА

Изборната кампања официјално треба да започне 20 дена пред изборите што ќе се одржат на 17 октомври, но, политичките партии веќе започнаа со предвремена изборна кампања.

Според сегашниот закон всушност и нема официјален почеток на кампањата, бидејќи изборите се распишани на 6 август и се до започнување на официјалната кампања на 27 септември, останува тој простор нерегулиран, што им остава простор на политичките партии да прават буквално што сакаат.

ЦИВИЛ бара од политичките партии да го почитуваат Изборниот законик или да го сменат со консензус, бидејќи вака како што е ги користат „дупките во законот“ и го прекршуваат, со консензус.

ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕЦА И ДРЖАВНИ РЕСУРСИ

И покрај повиците и аплите децата и малолетниците никако да не се злоупотребуваат за политички цели и да не се вклучуваат во кампањите на политичките партии, сепак и на овие локални избори има злоупотреба на деца.

Директорот на ЈП Паркови и зеленило и носител на листа на Совет на ДУИ за Град Скопје, Ардијан Муча, објави пропагандно видео во кое на мало девојче ѝ го покажува зеленилото во Скопје. Видеото завршува дека е снимено од ЈП Паркови и зеленило, што може да се заклучи дека за ова видео се издвоени јавни пари за промоција на „зеленилото“ во Скопје, но и канидатурата дека е носител на листа на политичката партија ДУИ. Во овој случај има злоупотреба и на деца и на јавни ресурси за да ја промовира канидатурата.

И кандидатот за градоначалник на СДСМ, за општина Илинден, Александар Тодоровски ги злоупотреби децата за партиски цели со тоа што на првиот ден од учебната година, пред училишниот двор на дечињата им делел пакети со школски прибор, но пакетите беа со партиски обележја. Тој самиот објавил на Фејсбук страната на СДСМ Илинден.

ПРЕПОРАКИТЕ ОД ЦИВИЛ

ЦИВИЛ, како и досега, бара од партиите, но и од родителите да ги почитуваат правата на децата и да ги остават надвор од политиката! Децата и малолетниците никако не смее да се злоупотребуваат за политички цели и не смее да се вклучуваат во кампањите на политичките партии! За секоја злоупотреба на децата, бараме соодветна законска реакција од институциите и ја повикуваме јавноста остро да ја осуди и отфрли злоупотребата на децата и малолетниците.

Во пресрет на локалните избори, ЦИВИЛ ги повикува сите учесници во изборниот процес максимално да ги почитуваат добрите изборни практики, демократските стандарди и законските регулативи и да придонесат кон слободни, фер и безбедни избори.

Дехран Муратов

 


Дел од оваа анализа беше презентирана на прес конференцијата на ЦИВИЛ на 21 септември. Сите содржини (текстови, видео, аудио, фото и скриншотови) поврзани со изборите и изборниот мониторинг се достапни за преземање според лиценцата Creative Commons 4.0, што подразбира наведување на изворот со линк. Исклучок може да претставуваат некои фотографии за кои е потребна консултација со Редакцијата (02/5209176 или civil.macedonia@gmail.com)
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ