• Latest

Меѓународен ден на знаковниот јазик: Потребна е поголема застапеност на знаковниот јазик и негова стандардизација

September 23, 2021
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Меѓународен ден на знаковниот јазик: Потребна е поголема застапеност на знаковниот јазик и негова стандардизација

September 23, 2021 13:35
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија денеска го одбележува 23 септември – Меѓународниот ден на знаковниот јазик.

Во рамки на денешниот ден, Сојузот организира трибина на тема „Социјалната положба и невработеноста кај глувите и наглуви лица, застапеноста на знаковниот јазик во нашата држава и процесот на негова стандардизација“.

Претседателот на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица, Томица Стојановски пред почетокот на трибината го честиташе Меѓународниот ден на знаковниот јазик и ги поздрави сите глуви лица кои го користат јазикот.

– Во светот постојат 72 милиони лица кои го користат овој јазик, најчесто тоа се лица кои живеат во земјите во развој. Како што англискиот јазик се користи интернационално, така глувите лица користат меѓународен јазик, којшто има ограничена лексика и знаците на меѓународниот знаковен јазик се поедноставни и полесни за разбирање меѓу глувите лица, изјави генералната секретарка на Сојузот на глуви и наглуви лица, Лиза Велкова.

Таа додаде дека во државата има околу 7000 глуви и наглуви лица, од кои целосно глуви се околу 3500 и активно го користат знаковниот јазик.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска истакна дека концептот „Едно општество за сите“ значи вклучување на сите граѓани во редовните секојдневни текови во нашата земја. Шахпаска додаде дека Националниот сојуз на глуви лица ја добива поддршката од Министерството за труд и социјална политика, преку годишната програма за поддршка на невладини организации и национални сојузи за подигање на свеста, како и за подобрување на нивниот стандард.

Законот за знаковен јазик, во нашата земја е усвоен во 2009 година и од тогаш до денес има околу 190 толкувачи на знаковен јазик.

– Тоа секако не е добра бројка, ние како Влада и Министерство правиме напори да го направиме толкувачот достапен на сите лица кои ги адресираат прашањата до органите на државната управа, институции, единици на локална самоуправа, органите на судството, образовни и други институции каде што им се неопходни, додаде министерката.

Министерството за труд и социјална политика изготвува ново законско решение за вработување на лицата со различна попреченост, вклучувајќи ги и глувите и наглуви лица.

Министерката Шахпаска истакна дека се разговара и за различни модели и на кој начин глувите лица ќе бидат вклучени во работниот процес, со цел да можат да заработуваат за сопствена егзистенција и да бидат независни во системот.

– Тоа што го испорачавме во социјалната реформа е посебниот додаток што го примаат овие граѓани во државата. Вкупно на број ги има околу 7000, но тоа што исто така како новина го работиме во Министерството е да правиме инклузија на децата на предучилишна возраст. Во моментов работиме на анализата на вкупниот број дечиња, до шест години кои имаат или сериозно оштетување на звукот или се глуви, за да можат секојдневно да бидат присутни во градинките. При тоа правиме анализа на бројот на достапни толкувачи на знаковен јазик, за да може нивната инклузија во предучилишни образовни установи да биде на ист начин како и за останатите деца, појасни таа.

Спасе Додевски, координатор за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост истакна дека Владата има основна обврска и задачи да координира и соработува на дневно ниво со сојузите и организациите на лицата со попреченост.

– Ние досега имаме остварено огромен број на придобивки во изминатите години, така што имаме основна обврска да ги доближиме потребите за социјалната инклузија на лицата со попреченост во нашата заедница. Јас се надевам дека пред нас претстои уште многу работа и придобивки што треба да ги оствариме, а тоа го ветува досегашната блиска и добра соработка со Националниот сојуз, додаде тој.

Одбележувањето на Меѓународниот ден на знаковниот јазик продолжи со трибината на која се дискутираат важни прашања за глувите и наглуви лица, односно нивната социјална положба, невработеноста, како и застапеноста на знаковниот јазик во државата.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    240 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    180 shares
    Share 72 Tweet 45
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ