• Latest

Бушеска и Велиу ќе ја претставуваат земјава на конференција за климатските промени во Милано

September 27, 2021
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
Илустрација: ЦИВИЛ

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа. Фото: Форум за заложници и исчезнати семејства/Whats up

Останките што ги предаде Хамас во вторникот се на Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа

November 5, 2025
Скриншот од видео на
RTVE Noticias

Стравувајќи од обидите на САД да го отстранат, Мадуро ги повика Венецуелците да кодошат преку апликација

November 5, 2025
Експлозии го осветлуваат небото над рускиот град Орјол за време на пријавениот напад на 5 ноември 2025 година. Фото: Астра/Телеграм

Експлозии во руската област Орјол, жителите тврдат дека е извршен украински ракетен напад, гувернерот вели дека се дронови

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Најмалку 7 загинати, 11 повредени кога товарен авион на UPS се урна при полетување во Кентаки

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Зохран Мамдани победи во трката за градоначалник на Њујорк, демократите победија во главните трки, гласачите му испратија порака на Трамп

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Бушеска и Велиу ќе ја претставуваат земјава на конференција за климатските промени во Милано

September 27, 2021 16:46
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Ангела Бушеска и Насер Велиу се двајца младински делегати избрани да ја претставуваат нашата држава на настанот „Младите за климата – предводници на амбицијата“, што ќе се одржи од 28 до 30 септември во Милано во Италија, а на кој ќе се соберат 400 млади од сите земји во светот.

Амбасадорот на Италија во Северна Македонија, Андреа Силвестри посочи дека овој настан е дел од процесот на вклучување на младите, што почна во 2019 година, со поддршка од Италија, и претставува шанса младите да предложат идеи и конкретни активности за решавање на климатските промени.

-Денес климатската стабилност е глобално заедничко добро и нејзиното зачувување подразбира одговорност на сите: владите, фирмите, луѓето. Не се работи само за обврски, инвестиции и нови технологии. Потребен е голем културен скок, па затоа се толку важни младите генерации. Зашто утрешниот свет им припаѓа ним, посочи Силвестри.

Според претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани, климатската криза е криза на детските права. Таа, како што рече, претставува невидена закана по здравјето, исхраната, образованието, развојот, опстанокот и идниот потенцијал на сите деца.

-Исто така, претставува критично прашање меѓу младите. Во сите консултации што ги имавме со младите во земјава, климата и животната средина, заедно со квалитетното образование и квалитетот на животот, се најважни за нив. Младите не само што бараат акција – тие и самите се активни. Ние сме должни да создадеме простор за да се чуе нивниот глас и да ги вклучиме во покренување на решенијата, додаде ДиЏовани.

 Младинскиот настан во Милано ќе ѝ претходи на 26-тата Конференција на страните на ОН за климатски промени (COP26) во Глазгов. Првите два дена ќе бидат посветени на изработка на глобална декларација, додека последниот ден ќе се одвива дискуција за декларацијата меѓу младинските делегати и министрите што ќе присуствуваат на Претконференцијата (Pre-COP26), што ќе се одржи во Милано од 30-ти септември до 2-ри октомври, овозможувајќи да се чуе гласот на младите на политичко ниво.

–При подготовките за Милано, користевме разни алатки како што е У-Репорт за да ги собереме мислењата и дознавме дека младите во нашата земја се желни да преземат климатска акција и да го кренат својот глас локално и глобално. Заедно со УНИЦЕФ, потпомогнавме процес во кој младите од целата земја ги споделуваа ставовите за да придонесат кон нацрт-текстот на „Младинската  климатска декларација“, рече Бушеска.

Во процесот на собирање мислења од младите при подготовките за настанот во Милано, одразени се и наодите од младинските консултации „Преосмисли ја иднината“, спроведени од УНИЦЕФ и Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.  

По овој настан, УНИЦЕФ во Северна Македонија заедно со италијанската, шведската и британската амбасада, ќе го поддржат националниот „Младински климатски самит“ во Скопје под водство на младите, со цел младите потоа да се вклучат во доработка на младинската климатска декларација и во дијалог со државните претставници.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ