• Latest

Од депонијата „Дрисла“ сеуште нема одговор за постројката за секундарна селекција и рециклирање на отпадот

September 28, 2021
Скриншот од видео на ВВС

Зохран Мамдани победи во трката за градоначалник на Њујорк, демократите победија во главните трки, гласачите му испратија порака на Трамп

November 5, 2025
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Од депонијата „Дрисла“ сеуште нема одговор за постројката за секундарна селекција и рециклирање на отпадот

September 28, 2021 14:06
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Скопската депонија „Дрисла“ годинава ќе добие автоклав или машина за третман на медицински отпад, како и мерна станица за амбиентен воздух. Депонијата доби и ИПА проект од 800.000 евра за рециклирање на градежен отпад. Но, проектите за секундарна селекција на отпадот, третман на индустрискиот отпад и постројката за пакување на отпад, кои се исклучително важни за превенција на климатските промени и намалување на загадувањето, изгледа дека ќе почекаат.

„Мета.мк“ во три наврати до Градот Скопје и ЈП „Дрисла“ испрати прашања, почнувајќи од крајот на август, во однос на тоа кога би се инсталирале постројките за секундарна селекција на отпадот и за негово натамошно рециклирање. Одговори на нашите прашања до објавата на овој текст не добивме, и покрај даденото ветување од ЈП „Дрисла“ за одговори по писмен пат.

Според официјалните податоци објавени на Бирото за јавни набавки, во моментов се довршува изградбата на објектот во кој ќе биде сместен автоклавот, лабораторијата и работните простории во кои ќе се третира медицинскиот отпад во иднина. Новиот третман на овој опасен отпад подразбира термички процес на стерилизација, при што отпадот веќе нема да се согорува во инценераторот, туку како стерилизиран ќе се отстранува како неопасен отпад. Оваа инвестиција преку двата договора склучени од ЈП „Дрисла“, а кои се објавени на Бирото за јавни набавки, чини околу половина милион евра.

ЈП „Дрисла“ годинава набави и мерна станица за амбиентен воздух, со чија употреба ќе се мери нивото на аерозагадување на оваа локација во Скопје. Проектот е вреден околу 100.000 евра, според објавениот договор на Бирото за јавни набавки, и со него граѓаните ќе можат постојано да го следат квалитетот на воздухот на депонијата „Дрисла“.

Преку ИПА Проектот за управување со градежен отпад којшто е добиен годинава, предвидено е во наредниот период од две години да се набави дробилица за градежен отпад, камиони за транспорт и механизација за сортирање на различни видови на отпад. Воедно, ќе се детектираат и мониторираат неконтролираните депонии на градежен отпад, кои се наоѓаат надвор од „Дрисла“.

Сепак, она што недостига во однос на идното функционирање на скопската депонија е јасен патоказ до кои датуми ќе се инсталираат постројките за секундарна селекција на отпадот, како и за негов третман (рециклирање и компостирање). Првично се предвидувало капацитетот на депонијата „Дрисла“ да биде искористен за околу 30 години. Заклучно со крајот на 2020 година, во депонијата се депонирани 4.070.000 тони отпад, односно депонијата е исполнета над 55 отсто од вкупниот капацитет за депонирање на отпадот.

Податоците по години, а кои се објавени во Програмата за работа и развој на ЈП Дрисла за 2021 година, покажуваат дека количествата на отпад коишто завршуваат на депонијата во изминативе години расте. Па така, ако во 2000 година биле депонирани 165.546 тони комунален и друг неопасен отпад, лани вкупното количество на ваков депониран отпад изнесувало 232.748 тони.

Иако преку најавените долгорочни активности на депонијата „Дрисла“ е предвидено да се рециклираат над 70 отсто од влезниот отпад што пристигнува на оваа локација, а со тоа и автоматски да се намали количеството на депониран отпад, сепак за да достигне ваквата бројка, неопходно е воведување на широко распространета примарна селекција на отпадот во домаќинствата и компаниите. Според податоците на ЈП „Комунална хигиена“, во 2020 година била извршена селекција на отпад од нивна страна во износ од 483,39 тони комунален отпад, односно само 0,3 отсто од вкупно собраниот отпад во главниот град. Инаку, токму ЈП „Комунална хигиена“ е главниот корисник на услугите за депонирање на отпадот во депонијата „Дрисла“.

Депонијата „Дрисла“ во јануари минатата година беше вратена во надлежност на Градот Скопје, а според актуелните информации на раководството, и понатаму се исплаќа затекнатиот долг во износ од околу 175 милиони денари, направен во периодот пред јануари 2020 година. Депонијата „Дрисла“ е изградена во периодот 1990-1994 година, а проработела во 1994 година, со проектиран капацитет да прими 26.000.000 метри кубни комунален отпад, пренесува Мета.мк.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    187 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ