• Latest

Заев: Интегрирањето на регионот во ЕУ е геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста и економскиот раст на целиот континент

September 30, 2021
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Интегрирањето на регионот во ЕУ е геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста и економскиот раст на целиот континент

September 30, 2021 11:51
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска се обрати на Форумот на граѓанското општество на Западен Балкан кој се организира во нашата земја во пресрет на Самитот на ЕУ за Западен Балкан кој ќе се одржи на 6 октомври во Словенија.

Во прилог на ова соопштение ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Заев во целост:

„Ви посакувам срдечно добредојде во Република Северна Македонија.

Се надевам дека ќе имате успешна работа и заклучоци од овој осми Форум на граѓанското општество на Западен Балкан.
Организиран на секои две години од 2006 година, Форумот за граѓанско општество дава можност за размена на гледишта за моменталната состојба на граѓанското општество во регионот, за  неговите потреби и за неговиот иден развој. За нас, политичарите, ова е одлична платформа, расадник на идеи за подобрување на политиките кои ги кроиме.Првата тема во концепт документот за овој Форум на граѓанското општество – Зајакнување на пристапниот процес – Кредибилна перспектива на ЕУ за Западен Балкан – е вистинска тема во вистинско време.

Темата е вистинска, и од исклучителна важност за Западен Балкан и за Европската Унија заради наметнатата блокада за проширување која го доведува во прашање стратешкиот интерес на Брисел за проширување на унијата со земји од регион со круцијална стратегиска важност за Европа.

Темата доаѓа во вистинско време затоа што сум уверен дека пораките од овој Форум, исто како и пораките од посетите на претседателката фон дер Лајен и еврокомесарот Вархеји, ќе стигнат до Брдо кај Крањ во Словенија кога на 6 октомври ќе се одржи Самитот на ЕУ за Западен Балкан.

Очекуваме дека тие ваши пораки ќе ги реафирмираат одлуките на Европската Комисија од март во 2020 година во врска со проширувањето на ЕУ на Западен Балкан. Тогаш Европската Комисија му препорачаа на Европскиот Совет Северна Македонија и Албанија да ги започнат преговорите за членство.

Сите земји членки на ЕУ ја прифатија оваа одлука и се согласија дека интегрирањето на партнерите од Западен Балкан во ЕУ претставува геостратешка инвестиција во мирот, стабилноста, безбедноста и економскиот раст на целиот континент и дека Западен Балкан е составен дел на Европа и геостратешки приоритет за ЕУ. За жал, Бугарија ја блокираше оваа одлука и таа блокада е сѐ уште активна.

Искрено се надевам дека вашите пораки од овој форум ќе бидат дел од новиот импетус кој е толку неопходен во овој момент и дека на 6 октомври во Словенија ќе бидат направени потребните чекори за деблокирање на проширувањето на ЕУ.

Нашиот напредок во ЕУ интеграциите првенствено треба да зависи од домашните реформи врзани со поглавјата, законодавството на ЕУ и постигнување на европските стандарди, а ние, во духот на европските добрососедски односи, ќе ги интензивираме разговорите со Бугарија со искрена волја да правиме чекори поблиску до решение за нашите билатерални прашања.

За да се обнови довербата во проширувањето и за да се зајакнат механизмите на ЕУ за ефикасно спроведување на процесот за интеграција и за членство на своите природни сојузници од Западен Балкан, Брисел треба без резерви да го обезбеди пристапот на политичките лидери и на претставниците на граѓанските организации од овој регион да учествуваат во активностите во рамките на Конференцијата за иднината на Европа, бидејќи Западен Балкан е нераскинлив дел од Европската Унија.

Ова е особено и суштински важно бидејќи ако остане овој статус кво, без изгледни шанси за напредок, разочарувањето од блокадата на проширувањето ќе се прошири како канцер и врз другите процеси за европеизација на земјите од Западен Балкан.

Во таа насока, многу е важно да продолжат сите предвидени национални политики за Зелената агенда за Западен Балкан, како дел од Европскиот зелен договор, со поддршката од Економскиот и инвестициониот план за Западен Балкан на Европската Унија.

Нема никакво сомневање, и во нашите политики е апсолутно прифатено дека во справувањето со заедничките предизвици и проблеми кои не се само политички, туку и економски и социјални, социјалните партнери и граѓанските организации имаат клучна и суштинска улога со нивното активно вклучување во Зелената агенда за Западен Балкан.

Овој форум и натамошното вмрежување на граѓанските организации може да го даде дополнителниот придонес во градењето на капацитетите на граѓанските организации, а регионалната соработка, како и размената на експертиза, се во врвот на нашите владини политики за поддршка.

Владата успеа преку концептот на транспарентност, отвореност и отчетност да ги доближи институциите до граѓаните. Преку граѓанските организации, преку синдикатите и другите граѓански здруженија, тие се вклучени во процесите за креирање на сите владини политики.

Тоа е нашиот начин на креирање политики, закони, стратегии кои одговараат на интересите и потребите на сите граѓани и да бидат соодветен одговор на предизвиците кои доаѓаат пред сѐ од последиците од климатските промени. Со граѓанското општество и бизнис секторот сме рамноправни партнери во овој процес. Покажавме посветеност за унапредување на сите столбови и процеси кои се дел од овие наши заложби.

Ќе издвојам само неколку примери кои се во линија со другите теми на овој Форум.

Кога започна КОВИД-19 пандемијата, веднаш го активиравме социјалниот дијалог уште во раните фази и заедно со социјалните партнери креиравме мерки за ублажување на последиците по здравјето на граѓаните и за зачувување на работните места.Во делот на праведната транзиција од фосилни кон обновливи извори на енергија земјата е лидер во регионот и на местата на постоечките електрани на јаглен никнуваат новите соларни фотонапонски електрани, а низ земјата сѐ повеќе се градат и ветерни електрани.

Дополнителната вредност на оваа праведна транзиција е и грижата за работниците во енергетските капацитети на фосилни горива. Никој нема да биде запоставен или да остане без работно место. Нашата политика во финансиската поддршката на инвестициите во електрани со обновливи извори е – За секој мегават, едно работно место.

За нас социјалната правда не е еден чин, туку постојана борба за унапредувањето на нашето еднакво општество за сите. Таа борба не мотивира да сме истрајни и да се вложуваме уште повеќе. Уште повеќе родова еднаквост. Уште повеќе за економска еднаквост. Уште повеќе за социјална еднаквост.

Дел од нашата зелена агенда е грижата за природните богатства. Ја прогласивме за Национален парк нашата убавина на природата Шар Планина, планина со најголем број врвови повисоки од 2000 метри.

Со прогласувањето на дел од Шар Планина за заштитено подрачје, односно за национален парк, нашата држава го добива четвртиот национален парк и прв од прогласувањето на независноста, и прв нов национален парк после 60 години.

Со Националниот парк Шар Планина, и со Осоговските планини и планината Водно како заштитени подрачја, вкупната површина на заштитени планини на национално ниво сега изнесува 13,2% од севкупната територија на Северна Македонија.

Набројав неколку, од многуте проекти, програми и политики кои кај нас ги вградивме во агендите наречени Акција 21 и Европа дома, кои се практично нашето европеизирање на нашата земја.

Со ова го завршувам моето обраќање на отворањето на Форумот на граѓанските организации за Западен Балкан и однапред се радувам на пораките кои за нас се насоки за унапредување на нашите политики за европеизација на нашето општество.“, изјави Заев.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ