• Latest

Вархеји: Нема сомнение дека Западен Балкан е целосно посветен на тоа да стане дел од ЕУ

September 30, 2021
Фото: АСтра/Х

Украинските дронови погодија две рафинерии за нафта и други цели низ Русија во текот на ноќта, соопшти Генералштабот на вооружените сили

August 28, 2025

Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Кијив

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на АВС7

Егзодус на неподобните здравствените експерти за Трамп: Отпуштена директорката на ЦДЦ, додека други функционери поднесоа оставки од здравствената агенција

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата

August 28, 2025
Фото: Архива

Унгарија ја тужи ЕУ за замрзнатите руски средства што ги користи за помош на Украина

August 28, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Цела ноќ масовен напад на рф врз станбени згради во Кијив, меѓу загинатите има деца

August 28, 2025
Трактор пред Филозофскиот гакултет во Нови Сад. Фото: Скриншот од видео на 021.rs/Х

(ВИДЕО) Утрово мирно пред Филозофскиот факултет во Нови Сад – полицијата сè уште го чува влезот, видливи знаци од вчерашните судири

August 28, 2025
Фото: Скриншот од виедо на ВВС

ФБИ го истражува пукањето во училиштето во Минеаполис како антикатоличко злосторство од омраза

August 28, 2025
Фотографија: СДСМ

Нови 11 кандидати за градоначалници на СДСМ

August 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Вархеји: Нема сомнение дека Западен Балкан е целосно посветен на тоа да стане дел од ЕУ

September 30, 2021 12:57
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Проширувањето отсекогаш носело силни мислења и многу емоции, многу оптимизам и екстремен песимизам во исто време. Пред се за да се има успех во проширувањето треба посветеност. Тоа е геостратешка инвестиција во мирот, сигурноста, стабилноста и економскиот раст. Патот до ЕУ како што знаеме е долг и комплициран и полн со предизвици, но за мене нема сомнение дека Западен Балкан е целосно посветен на тоа да стане дел од ЕУ и затоа ние се трудиме најмногу што можеме тоа да се случи, нагласи денеска еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Тој, на денешниот 8-ми Форум на граѓанско општество на Западен Балкан нагласи дека граѓаните во регионот силно ја поддржуваат неговата целосната интеграција во ЕУ.

– И не само затоа што тоа е политички приоритет за политичките елити во овие земји, тука исто така тоа е рефлексија на мислењето на граѓаните на Западен Балкан, кои силно ја поддржуваат целосната интеграција на регионот во ЕУ, истакна Вархеји.

Еврокомесарот потсети дека веќе 30 години политички, технички и финансиски ги поддржуваат политичките избори на земјите-кандидати.

– Сега на крајот од годинава имаме неверојатни можности и предизвици да ја изградиме нашата работа и да дадеме свеж момент на процесот на проширување. Следната недела ќе се одржи Самитот на ЕУ-Западен Балкан со што ќе се потврди нашата посветеност на регионот. Кога станува збор за Албанија и Северна Македонија само можам да ги повторам зборовите на претседателката на Европската Комисија Фон дер Лајен, да биде постигнат договор за прифатлива преговарачка рамка, што ќе го отвори патот за одржување на првата меѓувладина конференција во рамки на словенечкото претседателство, рече Вархеји.

Тој наведе дека по случувањата во Авганистан сите се ориентирани на геополитичките чекори кои се прават.

–  Мислам и на Европа исто така. И таа секако први се за нашите соседи и соседите на нашите соседи, соседите со кои го делиме контитентот се дел од Западен Балкан. Сега е од клучно значење за Европа да го испорача најважниот геополитички избор, што значи целосна интеграција на Западен Балкан во Европската Унија. Затоа јас сметам дека расте вниманието за овој наш избор, за овој приоритет, и поради тоа јас се надевам дека следната недела ќе се чујат многу јасни пораки од лидерите на Европа и многу јасни поенти во таа насока, заклучи Вархеји.

Гаспер Довжан, државен секретар во Министерството за надворешни работи на Република Словенија нагласи дека единствен логичен чекор за ЕУ е процесот за проширување.

– Секако Западен Балкан е дел од нашите приоритети и верувам дека развојот, стабилноста, просперитетот на овој регион е од стратешки интерес на ЕУ. Регионот е дефинитивно дел од Европа, опкружен е со земјите-членки и немаме друга опција освен да продолжиме да го интензивираме заедничкото здружување, но исто така да го поддржиме и регионалното здружување, што исто така е важно, посочи Довжан.

Тој додаде дека проширувањето во 2014 година донело прогрес и стабилност.

– Ние веруваме дека проширувањето е многу повеќе од техничко прашање, тоа е големо геостратешко прашање и затоа е потребна амбиција и политичка волја од двете страни за да се отиде напред кон нашата заедничка цел.  Но процесот се уште не е завршен, затоа навистина ги поддржуваме партнерите од Западен Балкан во спроведувањето на неопходните реформи, кои се многу важни за да се доближат поблиску до процесот за проширување, нагласи Довжан.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ