• Latest

Димитров: Не е добрососедство ако некој ни кажува кој е нашиот идентитет и нашиот јазик

September 30, 2021
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Димитров: Не е добрососедство ако некој ни кажува кој е нашиот идентитет и нашиот јазик

September 30, 2021 14:34
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Ниту една земја не може да ни каже или диктира кој е нашиот идентитет и кој јазик го зборуваме, бидејќи не е добрососедство, ако тоа му се прави на својот сосед, порача денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во обраќање на есенската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур, јавува МИА.

Во обраќањето на покана на претседателот на ПССЕ, Рик Даемс, што се одржа пред дискусијата за демократските предизвици и европските аспирации на Западниот Балкан и улогата на Советот на Европа, Димитров зборуваше за европските интеграции на земјата, за жртвите кои ги направи и разочарувањата од блокадата и два пати повтореното вето на Бугарија

Вицепремиерот притоа нагласи дека „спорот“ со Бугарија не е територијален, туку за различната интерпретација на историјата, потсетувајќи притоа на симболичноста на Советот на Европа и Стразбур и на европските вредности кои се залагаат за различност и почитување на идентитетот и јазикот на секого.

– Ниту една земја не може да ни каже или диктира кој е нашиот идентитет и нашиот јазик, кој јазик го зборуваме, тоа не е добрососедство, ако тоа му се прави на својот сосед. Ако има добро решение, тоа треба да биде според европскиот дух… Преземениот ангажиран излезе од колосекот и беше пренасочен и тоа не беше по наша грешка, нагласи вицепремиерот.

Димитров како неоснована ја оцени забелешката на бугарската пратеничка и поранешна министерска за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева дека „во Северна Македонија се дискриминираат оние кои сакаат да се изјаснат како Бугари и дека има говор на омраза“.

– Констатирам дека околу обвинувањата за дискриминација немаше ниту една жалба за дискриминација по овој основ, ниту тужба пред Европскиот суд за човекови права. Но, запознат сум за други случаи, но тие не се против нашата земја. Не знам какви се тоа обвинувања за кои се зборува во бугарската јавност од страна бугарските политичари. Ние сме мултиетничка земја. Нашиот Устав и политичка традиција го имаат принципот дека сите сме еднакви и живееме во ист дом. Оваа наша политика не ја споделуваат сите земји во регионот, рече вицепремиерот, потсетувајќи дека во земјава се спроведува попис кој завршува денеска и на кој секој слободно може да се изјасни за неговата национална или етничка припадност.

Тој посочи дека треба многу отворено да се зборуваме за обвинувањата за дискриминација, но претставува проблем, како што нагласи, што нема ниту една претставка за тоа.

Околу обвинувањата за говорот на омраза, Димитров потенцира дека никој од владините претставници во земјава не ширеа говорот на омраза, додавајќи дека за разлика од ова за време на изборните кампањи во Бугарија имаше претставници партии чии изјави „можат да се интерпретираат како директни претензии кон Северна Македонија и како говор на омраза“.

– Тоа што го опишувате како пораст на гнев и на говор на омраза, е предизвикано од тоа што вие им велите кои се и што се, која е нивната историја, нивниот јазик. Разбирливо е во такви услови да има негодувања. Ние ги осудуваме таквите инциденти, рече Димитров.

Тој посочи дека бугарската политика кон Северна Македонија не оди во прилог на пријателството, туку кон антагонизам.

– Вие го потхранувате тоа, и порача Димитров на Захариева, додавајќи дека земјава во Советот на Европа ја поддржува иницијативата за создавање Опсерваторија за изучувањето на историјата во Европа.

Димитров во обраќањето нагласи дека за земјава нема друга алтернатива освен Европа. – Ако Европа не ги исполни своите ветувања и обврски ќе ја изгуби довербата на народот и населението кое живее во овој дел на Европа, додаде вицепремиерот, коментирајќи ги забелешките на повеќе пратеници за неисполнетите ветувања на ЕУ кон Македонија.

– Заслужениот пробив на евроинтегративниот пат е клучен за зајакнување на релациите на ЕУ со регионот, силно одразувајќи ја геостратешката улога на Унијата, нагласи Димитров во обраќањето.

Претходно, вицепремиерот имаше средби со генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, со претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Рик Даемс, како и со повеќе членови на ПССЕ, меѓу кои и со Жак Мер и Лилијана Танги, пратеници во Националното собрание на Франција од редовите на партијата Републиката во движење на францускиот претседател Емануел Макрон.

Средбата со Мер и Танги, која доаѓа во пресрет на француското претседавање со ЕУ што почнува на 1 јануари 2022 година, беше искористена за размена на ставови за ревитализирање на политиката на проширување на Европската Унија, со акцент на европската перспектива на Северна Македонија.

Пратениците Мар и Танги ја реафирмираа француската поддршка за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, како валоризација на постигнатите резултати со кои земјата ги исполни предвидените обврски, при што изразија надеж дека одлуката на Советот на ЕУ од март минатата година за старт на преговорите ќе биде спроведена во претстојниот период.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ