• Latest

Изборен рапорт #5: Притисоци и злоупотреба на службената положба, црна пропаганда, злоупотребата на деца за политичка кампања

October 1, 2021

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Изборен рапорт #5: Притисоци и злоупотреба на службената положба, црна пропаганда, злоупотребата на деца за политичка кампања

October 1, 2021 12:02
in ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Притисоци и злоупотреба на службената положба

СМС пораки со назнака дека „присуството е задолжително“ на предизборен собир на Демократската унија за интеграција испраќал раководител до вработените во една образовна установа. ЦИВИЛ располага со доказ за пораката од телефонскиот број на раководителот на образовната установа.

Ваква СМС порака добиле и други вработени од установата, а под зголемен притисок биле оние што немале решенија за постојан работен однос, на кои им било упатено „потсетување“ дека треба да се докажуваат за да го задржат работното место, вели лицето што го пријави случајот.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ ќе го следи овој случај со внимание, ќе комуницира со сите засегнати страни и институции и за тоа ќе ги известува граѓанките и граѓаните и јавноста. Воедно, ЦИВИЛ ги потсетува политичките партии дека ваквите постапки се во спротивност со Изборниот законик и Етичкиот кодекс што го потпишаа сите партии.

ЦИВИЛ бара од партиите и нивните раководства да се откажат од заканите и притисоците како средство за убедување на граѓанките и граѓаните да гласаат за нив. Особено оние што се на јавни функции, треба да знаат дека ваквото однесување е злоупотреба. Притисоците и заканите беа својствени за едно друго време, во минатото. Треба таму и да остане.

Говор на омразата, добро организирана црна пропаганда

ЦИВИЛ секојдневно бележи и архивира случаи на говор на омразата, дезинформации и манипулации со фактите кои се лиферуваат на социјалните мрежи и во дел од медиумите. Дел од објавите на социјалните мрежи кои доаѓаат претежно од редовите на опозицијата, пред сè, ВМРО-ДПМНЕ и Левица, содржат навреди или манипулации чија цел е предизвикување говор на омраза во коментарите и дискредитација на политичките противници.

Честа мета на навреди, говор на омраза, манипулација со фактите или чисти измислици се и граѓанските организации, вклучително и ЦИВИЛ. Многу често, не се коментираат фактите во содржините, вестите и извештаите на ЦИВИЛ, туку се менува темата или директно се изнесуваат невистини, навреди и омраза во коментарите.

Препознатлива е методологијата, па и редовните коментирачи на социјалните мрежи. ЦИВИЛ во своите анализи доаѓа до констатацијата дека во погон е ставена организирана мрежа од медиуми и профили на социјалните мрежи кои шират дезинформации и говор на омразата со цел да ја заплашат или манипулираат јавноста.

Непочитување на мерките за заштита од КОВИД-19

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ јавува за непочитување на мерките за заштита од КОВИД-19 и во случајот на партијата Левица. Досега се регистрирани случаи на непочитување на мерките за заштита од КОВИД-19 од партиите ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Левица.

Уште случаи на политичка злоупотреба на деца (ВМРО-ДПМНЕ)

Злоупотреба на деца се бележи во случајот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и кандидатот за градоначалник Тони Михајловски со фотографии на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово на 27 септември.

Политичка злоупотреба на деца се бележи и во случајот со лидерот на Партија за демократски просперитет на Ромите (ПДПР), Аксел Ахмедовски, кој објави фотографии со деца на Фејсбук во изборен контекст на 30 септември.

Со овие постапки се крши Член 12 став 4 од Законот за заштита на децата во кој се вели: „Се забранува злоупотреба на децата поради политичко и верско организирање и дејствување“. Ова, според нашите правни експерти, подразбира општа забрана за употреба на децата во било каква форма на политичко дејствување, вклучувајќи и политичка изборна кампања.

Пописот – тема на напади и во изборен контекст

Пописот конечно заврши, но не заврши неговата злоупотреба во политички и изборни цели. За среќа, неуспешни беа сите обиди за негово бојкотирање, притисоците врз граѓанките и граѓаните да „не отвораат врата“.

Ќе остане запаметена изјавата на пратеникот Крмов кој пред камерите кажа дека попишувачите на клоци ги дигале, што е порака која во себе содржи отворен повик за насилство и противзаконско дејствување. Однесувањето на функционерите на Левица е крајно неприфатливо и заслужува секаква осуда.

Веќе од вчера, веднаш по завршувањето на пописот на 30 септември, се бележат манипулации и говор на омразата поврзани со пописот, упатен кон властите, со цел да се дискредитираат политичките противници и во изборната трка, а секако и како дел од континуираната црна пропаганда што се спроведува во земјата од познати политички кругови и центри на моќта.

Повелбата за етичко известување за изборната кампања е потпишана од 80 медиуми – членки на СЕММ и Регистарот за професионални онлајн медиуми

Советот за етика во медиумите и Националниот демократски институт (НДИ), изготвија Повелба за етичко известување за изборната кампања досега потпишана од 80 медиуми – членки на Советот за етика.

Според Повелбата, медиумите се обврзуваат да ги почитуваат Принципите на вистинитост и објективност, урамнотеженост, јасна дистинкција меѓу информациите и коментарите, чесност и независност, професионална солидарност, независност, интегритет и еднакви можности на жените и мажите.

Медиумската платформа на ЦИВИЛ е потписник на оваа Повелба.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ