• Latest

Голем интерес за граѓанското новинарство во Битола

May 20, 2016

Пет дизајнери што го променија лицето на урбаната мода

October 25, 2026

Србија гласа: До 11 часот излезноста достигна 27,3 отсто – речиси двојно повеќе од изборите во 2023 година. Што може да значи тоа?

October 25, 2026

Хоџиќ и Андонов: Изборите во Србија може да ја променат политичката слика на Западен Балкан

October 25, 2026

Референдумска атмосфера во Србија, речиси 20 отсто излезност до 10 часот, долги редици и во Њујорк (ВИДЕО)

October 25, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Убаини

October 25, 2026
Долги редици пред гласачките места во Блок 45 во Нов Белград - гласачите трпеливо чекаат да го сотварат своето право на глас, веќе од 4 часот наутро (фото: Марко Маневски за ЦИВИЛ МЕДИА)

Доцнења на избирачките места во Белград, гласачите чекаат во редици со кафе, кифлички и книги

October 25, 2026
Блок 45, Нов Белград, редица за гласање веќе од 4 часот наутро (фото: Марко Маневски)

Србија гласа: Во Блок 45 во Нов Белград граѓани чекаат во редици уште од 4 часот наутро

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Москва и Пекинг: Турбулентна историја на сојузништва, ривалства и конфликти

October 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Голем интерес за граѓанското новинарство во Битола

May 20, 2016 13:57
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Настанот кој се одржа под мотото „Граѓаните набљудуваат, снимаат, објавуваат“, предизвика голем интерес кај граѓанките и граѓаните на Битола. Видеата и фотографиите кои беа презентирани на плоштадот “Магнолија”, пред Магазата, го задржаа вниманието на стотиците битолчани, кои синоќа како и во изминатите месец дена протестират против аболицијата на претседателот Иванов, и бараат оставка од градоначалникот Талески, про тив кого СЈО води истрaга.

13235313_968949279890208_8866840331110006135_o

На јавниот настан, кој е дел од проектот “Граѓански објектив”, се обрати Илија Балтовски, од граѓанското здружение “За нас се работи”, кој зборуваше за медиумскиот мрак во државата и за ЦИВИЛ – Центар за слобода кој преку овој проект ги поттикнува граѓанските новинари да испраќаат видео и фото содржини, кои сведочат за прекршување на човековите права и слободи, затоа што на тој начин придонесуваат кон подобрување на медиумското известување во земјата

13227758_968951643223305_4388017208478113613_o

Џабир Дерала од ЦИВИЛ, ги претстави трудовите на граѓанските новинари, кои како што истакна тој “се содржини кои не можат да се видат на јавниот сервис, на режимските телевизии и веб портали кои се платени од наш џеб”.

Покрај наградените трудови, битолчани имаа можност да проследат видео материјали подготвени од граѓанските новинари, снимени за време на протестите во Битола. Граѓанките и граѓаните на Битола, имаа можност да се информираат за проектот и за условите за учество во наредните месечните натпреварувачки циклуси. Со музика, проекции и разговори, ЦИВИЛ успешно го промовираше граѓанското новинарство и во овој град.

13227522_968947973223672_26529851703219536_o

„Граѓански објектив“ е проект во кој се комбинираат истражувањето, медиумските активности и активизмот, кои се основа за долгорочно изборно набљудување. Овој проект ќе придонесе за развој на граѓанското новинарство во земјата. Општа цел на проектот е да се зајакне јавната свест за политичките процеси во контекст на претстојните избори и да се алармира домашната и меѓународната јавност за измамничките практики во изборните процеси. Намената на проектот е да се идентификуваат и обелоденат случаите на кршење на гласачкото право низ интерактивна и динамична активност, која ќе ги вклучи активистите за човекови права, медиумите и општата публика, со создавање и прибирање фотографски, видео, аудио и пишан материјал, кој ќе послужи како основа за понатамошно набљудување, анализа и известување за изборниот процес.

Проектот е поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy.

Марија Теговска

Tags: Битолаграѓански новинаријавен настанМакедонијанатпреварпроекцијаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ