• Latest
by Balkan Green Energy News

Конечно се заокружи неопходната легислатива за европеизирање на управувањето со отпад

October 4, 2021
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Резолуцијата на ОН за меѓународни стабилизациски сили за Газа би можела да биде готова за две недели, во меѓувреме, насилството во Газа продолжува

November 4, 2025
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Конечно се заокружи неопходната легислатива за европеизирање на управувањето со отпад

October 4, 2021 12:41
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
by Balkan Green Energy News

by Balkan Green Energy News

Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието се донесени преостанатите четири закони од областа за управување со отпад – Законот за управување со отпад, Законот за управување со пакување и отпад од пакување, Законот за управување со дополнителни текови на отпад и Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебни текови на отпад. Со ова се заокружи легислативната неопходна за европеизирање на управувањето со отпад, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција во Владата.

Со претходно донесените Закон за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори и Законот за електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, како што посочи, се обезбедуваат сите предуслови за еден модерен функционален систем за управување со отпад кој конечно ќе биде имплементиран соодветно и во пракса во нашата земја.

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата за Законот за управување со отпад

Во подготовката, дополни премиерот, беа вклучени меѓународни и локални експерти, а за процесот се погрижиле да биде инклузивен, односно да ги вклучи општините, операторите со отпад и комуналните претпријатија, граѓанските организации и граѓаните.

– Целта ни беше да создадеме систем кој ќе ги опфати потребите на сите, и истовремено ќе ги опфати високите стандарди за заштита на животната средина. Република Северна Македонија веќе го чекори патот кон поодржлив пристап кон управувањето со отпад и секундарните суровини и ресурси, посочи Заев.

Со законската основа, вели тој, сега е обезбедено целосно спроведување на Националниот план за управување со отпад 2021-2031. Овој план, надоврзан на квалитетната законска рамка го дефинира управувањето со отпад и користењето на ресурси за истиот.

– Целта на донесената легислатива и на Планот е да се развијат и спроведат современи системи за собирање и третман на отпадот во согласност со хиерархијата за отпад. Ги создадовме со намера да се постигне еколошка безбедност, преработка, отстранување на отпадот со економски придобивки, а на начин кој е најдобро приспособен на состојбите во нашата земја, кажа Заев.

Република Северна Македонија, додаде, како земја кандидат за членство во ЕУ потребно е да ги примени сите европски стандарди и најдобри практики, како и да се усогласи со европското законодавство и во оваа област на управување со отпад.

Управувањето со отпадот согласно пропишаните стандарди од ЕУ не само што ќе придонесе за подобра животна средина, туку и за заштита на здравјето на луѓето и ќе обезбеди имплементација на принципите на циркуларната економија во земјата. Законската рамка и Националниот план 2021-2031 детално го уредуваат собирањето, транспортот, селектирањето, рециклирањето, како и неговиот третман и искористување со што ќе се овозможи создавање регионален систем за управување со отпад со што ќе се исполнат барањата согласно ЕУ законодавството и европската зелена агенда која ја прифативме и како наша, рече Заев.

Министерството за животна средина, посочи министерот Насер Нуредини, изминатите две години работеше на реформа на законодавството во областа на управување со отпад, со што конечно се донесоа шесте закони насочени кон циркуларна економија, селекција и управување со отпад.

Министерот за животна средина Насер Нуредини на прес-конференција во Владата за Законот за управување со отпад

– Клучна компонента е новата хиерархија на отпадот, со што се зголемува ефикасноста во управувањето со отпадот. Приоритет, тука ќе има намалувањето на отпадот и негово користење за енергија, а последно е неговото депонирање, појасни Нуредини.

Втората или проширена одговорност, нагласи Нуредини, е насочена кон производителите на отпад, што подразбира дека за секое правно лице што прво пушта одреден продукт на пазарот, предвидени се финансиски обврски и наплата за третман на нивните производи со секторот на рециклирање.

– Она со што граѓаните најмногу се соочуваат на секојдневно ниво, е пластичното пакување. Покрај построгата регулација на дизајнот на пластичните пакување согласно ЕУ, предвидовме и забрана на пластични кеси, кое ќе стапи на сила од 1 декември и дозволена продажба само на биоразградливи кеси за кои се наплатува надоместок од 15 денари за специјален фонд за животна средина, изјави Нуредини.

Идејата, како што појасни во одговор на новинарско прашање, е од 1 декември да не употребиме пластика за еднократна употреба во угостителство во заштитени зони – тоа значи Пелисер, Маврово, Шар Планина, итн.

Одговарајќи на новинарско прашање, Нуредини нагласи дека идејата е како Влада да ги поддржат општините и да создадат инфраструктура за менаџирање на отпадот.

– Идејата за цената на пластичните кеси е за да се намали употребата на пластиката. Фондот што ќе се создаде од овие 15 денари за секое купување на пластично кесе ќе отиде на посебен фонд којшто ќе се инвестира во животната средина, но и ќе се инвестира во совеста на граѓаните како да менаџираме со отпадот во нашата држава. Идејата е тој што загадува тој и да плати, и на тој начин производителите коишто ќе донесат производи во нашата држава треба да контрибуираат и во тоа и со ова ќе се натера да придонесат за инфраструктурата со различни контејнери во нашата држава каде што ние како граѓани ќе ги селектираме отпадите и со ова ќе креираме систем којшто самите граѓани ќе го селектираат отпадот, појасни Нуредини.

Во однос на регионалните депонии, министерот кажа дека како Влада се решени и развиваат стратегија за целата држава, поточно за Северниот регион.

– Ние сме во тек на формирање од Буџетот на нашата држава, таму ќе почне во наредните месеци тендерот за изградба на централна депонија близу Свети Николе со шест пункта, камионите се однесени кај општините, како и контејнерите. За Скопје, како што знаете „Дрисла“ треба да се рехабилитира. Во програмата е предвидено да се рехабилитира депонијата „Дрисла“. Што се однесува до Полошкиот регион, Русино е во тек на рехабилитација. Досега се направи отпадните води да не излегуваат надвор од депониите и да се изгради патот и да се мери колку отпади влегуваат таму. Исто така ќе создадеме два други региони, еден заедно со Пелагонија, а Вардарскиот регион ќе има одредена депонија и истото ќе се инвестира во трафостаници. Исто така ќе купиме камиони и контејнери. Во процедура сме со банката ИВРД, поднесовме барање за 55 милиони евра за да се финансира ова. Значи, ќе почнеме со Полог и со другите четири региони на југ. Во Полог е веќе подготвено бидејќи програмата беше покриена од швајцарската Влада. И со затворање на илегалните депонии и изградбата на централната депонија блиску Свети Николе, заклучи Нуредини. 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    176 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ