• Latest

Царовска: Со брза реакција обезбедивме континуитет на образованието и почнавме реформи во услови на пандемија

October 6, 2021
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Резолуцијата на ОН за меѓународни стабилизациски сили за Газа би можела да биде готова за две недели, во меѓувреме, насилството во Газа продолжува

November 4, 2025
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025

Европа зборува, Северна Македонија стои

November 4, 2025
Фото: МИА архива

Извештај на ЕУ: Украина мора да ги забрза реформите за да ја исполни целта за пристапување во ЕУ

November 4, 2025

Пицула предупредува: Одложувањето на политичко решение ја турка Србија кон конфликти

November 4, 2025

Европската комисија денека ќе го презентира пакетот извештаи за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 4, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 4, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Царовска: Со брза реакција обезбедивме континуитет на образованието и почнавме реформи во услови на пандемија

October 6, 2021 10:53
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за образование и наука Мила Царовска во Љубљана учествува на регионална министерска конференција „Ново размислување за економски раст“  организирана од меѓународниот Центар за извонредност во финансиите, во рамки на проектот финансиран од ЕУ „Зајакнување на капацитетите на министерствата за проценка на фискалните импликации од структурните реформи“.

Како што информира МОН, Царовска истакна дека вложувањата на секоја држава во образованието треба да се силни, но и навремени, зашто исто како и здравствениот и социјалниот, и образованиот систем треба да е отпорен на кризи и да продолжи да функционира и во услови на пандемија како што  имаме сега.

-Бидејќи тоа е од највисок интерес за секое дете, за секој граѓанин, но и за државата. Без квалитетно образование, здравство, социјална и детска заштита, дури и во услови на криза, не можеме да очекуваме раст и развој. Република Северна Македонија покажа во пракса дека со брза реакција на институциите може да се обезбеди континуитет во наставата дури кога тоа ни се чинеше невозможно. Сега имаме образовен систем кој може веднаш да го менува моделот на настава во согласност со условите што ни ги диктира пандемијата и на тој начин да одржуваме континуитет во наставата која е од исклучително значење за учениците. Но, што научивме од сето ова? Кризата ни покажа зошто е од витално да имаме одржлив резистентен образовен, здравствен и систем на социјална заштита. Да вложуваме во образовна инфраструктура, унапредување на наставниците, нови технологија, материјали за секое дете, дигитализацијата, ИТ-опрема, како и еднаков пристап за секое дете и инклузивност за правичен систем, истакна Царовска.

Министерката посочи дека првпат на ниво на целото општество постои препознавање и признавање дека образованието и наставниците се витални за државата. Како што наведува МОН во соопштението, Царовска наведе дека втори клучен сегмент на којшто не научи кризата се реформите додавајќи дека ние со години го занемарувавме тој сегмент како незначаен.

-Образованието мора да се менува, затоа што се околу нас се менува. Се прашавме што и како учат децата? И веднаш пристапивме кон нови реформски процеси кои започнавме да ги имплементираме и покрај пандемијата, бидејќи потоа ќе биде доцна. Новите наставни програми се прилагодени на современите текови и првпат се засноваат на национални стандарди за постигнување од учење. Се засноваат на медиумска писменост, критично мислење, решавање проблеми, а наставниците ни се најважна алка во промените за што воведовме кариерен развој и раст на плати, рече Царовска.

Министерката додаде дека и во средното образование промените се евидентни. И таму, концептот на дуално образование кој, како што рече, им е добро познат на учесниците на панел-дискусијата, опфати поголем број училишта и ученици и со тоа им се овозможува да стекнуваат вештини кои ги прават добро подготвени за предизвиците на работните места чиј број се зголемува, а за кои кадарот е се уште дефицитарен.

МОН информира дека на настанот се обратија неколку актуелни министри кои раководат со областите на образованието, финансиите и економијата во земјите од регионот, експерти и претставници на Европската комисија.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    174 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ