• Latest

Северна Македонија на сива даночна листа во ЕУ, Министерството за финансии негира

October 6, 2021

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Северна Македонија на сива даночна листа во ЕУ, Министерството за финансии негира

October 6, 2021 14:48
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија ја стави Северна Македонија на „сива листа“ поради недоволно исполнување на даночните критериуми, во прашање се технолошко-индустриските развојни зони, јави дописничката на МИА од Брисел.

Советот на ЕУ вчера ја стави Северна Македонија на сива листа на земји кои имаат потенцијално штетни даночни режими. Во македонскиот случај, како што објаснуваат во Брисел, ова се однесува на технолошко-развојните индустриски зони.

Одлуката на ЕУ се базира врз анализите на Организацијата за економска соработка и развој која претходно ги стави овие зони во проблематична категорија, нагласувајќи дека тие содржат потенцијално штетни особини.

Со ова, Северна Македонија се наоѓа во списокот на земји кои не ги исполнуваат сите меѓународни даночни стандарди, но кои се заложиле дека ќе ги донесат потребните измени за да се усогласат со бараните критериуми на меѓународно ниво.

Списокот на земји и територии кои не ги исполнуваат даночните стандарди се ажурира два пати годишно во ЕУ.

Од Министерството за финансии, во одговорот што МИА, истакнуваат дека Република Северна Македонија е на листата на кооперативни јурисдикции за даночни цели и во овој процес што го спроведува Советот на ЕУ е вклучена од 2017 година. Согласно предвидените критериуми се изготвуваат две листи – листа на земји кои се кооперативни јурисдикции за даночни цели и кои имаат дадено заложба за спроведување на добри даночни пракси, каде и припаѓа С. Македонија, како и листа на земји кои се некооперативни.

–  Согласно ова сакаме да нагласиме дека не постојат „бела“, „црна“ или „сива листа“. Република Северна Македонија е дел од земјите кои се на листата на кооперативни јурисдикции за даночни цели и во овој процес што го спроведува Советот на ЕУ е вклучена од 2017 година. Имено, процесот претставува следење на спроведување на изразената заложба на земјата за имплементација на добри даночни пракси и стандарди. Воедно, во рамки на овој процес во кој што е утврдено дека Република Северна Македонија е кооперативна јурисдикција за даночни цели, истата во 2021 година ја изрази својата заложба да направи измени на Законот за технолошко индустриски развојни зони во врска со општите услови за доделување на државната помош на дејностите од областа на информатичката и комуникациската технологија (ICT дејности), односно услужните дејности за обезбедување на нематеријални добра, до крајот на 2022 година, појаснуваат од Министерството за финансии.

Оттаму додаваат дека земјава е секогаш вклучена во конструктивен дијалог со Европската Унија и оти  континуирано ги следи и имплементира меѓународните даночни стандарди.

– Република Северна Македонија ги исполнува сите меѓународни стандарди за оданочување и ги имплементира истите, а како резултат на овој процес во август 2018 година стана 117-та земја членка на BEPS (Ерозија на даночна основа и пренесување на профит). Дополнително, ја потпиша и ратификува Мултилатералната конвенција за заемна административна помош за даночни прашања (MAC), која што стапи во сила на 1 јануари 2021 година, велат од Министерството за финансии.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ