• Latest

Заев: Апсолутно никој ниту бара, ниту се дискутира за промена на историјата, можно е решение со Бугарија до крајот на декември

October 7, 2021
Фото: Скриншот од видео на British Embassy Kyiv/ X

Велика Британија ѝ порача на Русија да престане со „бесмисленото убивање“ откако беше погодена зградата на Британскиот совет во нападите врз Киjив, кои однесоа најмалку 21 жртва

August 28, 2025

Утрото на 28 август

August 28, 2025
Фото: АСтра/Х

Украинските дронови погодија две рафинерии за нафта и други цели низ Русија во текот на ноќта, соопшти Генералштабот на вооружените сили

August 28, 2025

Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Кијив

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на АВС7

Егзодус на неподобните здравствените експерти за Трамп: Отпуштена директорката на ЦДЦ, додека други функционери поднесоа оставки од здравствената агенција

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата

August 28, 2025
Фото: Архива

Унгарија ја тужи ЕУ за замрзнатите руски средства што ги користи за помош на Украина

August 28, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Цела ноќ масовен напад на рф врз станбени згради во Кијив, меѓу загинатите има деца

August 28, 2025
Трактор пред Филозофскиот гакултет во Нови Сад. Фото: Скриншот од видео на 021.rs/Х

(ВИДЕО) Утрово мирно пред Филозофскиот факултет во Нови Сад – полицијата сè уште го чува влезот, видливи знаци од вчерашните судири

August 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Апсолутно никој ниту бара, ниту се дискутира за промена на историјата, можно е решение со Бугарија до крајот на декември

October 7, 2021 14:38
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Имаме Договор за пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија во чии рамки е формирана експертска историска и образовна комисија која веќе најде решение за заедничко чествување на пет историски личности или три историски периоди. Тоа се Св. Кирил и Методиј, Свети Наум и Климент Охридски и Цар Самоил. Ние чествувањето веќе и го правиме, нашите претседатели, премиерите ние во Ватикан го правиме, сме се поклониле пред споменици, дури и некои поклони и заедничко чествување сме правеле пред споменици на ликови и херои кои се дел од нашата заедничка историја, ги чествуваат двете земји, а се уште пред работната група или експертската комисија не се утврдени. Апсолутно никој ниту бара, ниту треба, ниту тоа се дискутира за промена на историјата и слично.

Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев, кој рече дека историјата е факт кој е непобитен и кој може секогаш да се најде во својата мултиперспективност која постои во дефинирањето на историјата и за тоа подобро можат да дадат одговори и историчарите.

Петте точки плус една Бугарите како етничка заедница да бидат спомнати во нашиот Устав, посочи премиерот, е нешто кое низ периодот пред нас, немаме проблем да го вградиме пред полноправното членство во ЕУ.

– Другите пет точки се дел од протоколот или патоказот кој и ние го понудивме и уште еднаш ќе напоменам тоа се точки кои се веќе познати на јавноста односно дефиницијата на краткото и долгото име за употреба дека не смее да предизвикува побуди кај никој од страните, впрочем дури и кај никој од соседите, дека Северна Македонија е исто како Република Северна Македонија, нема никакви територијални претензии кон никој од соседите вклучително и Бугарија. Второто е за немешањето во внатрешните работи и малцинските прашања, третото е работата на Комисијата за историски и образовни политики во делот на дефинирањето на најмалку пет пати да се состануваат во годината, да испорачуваат решенија и дефинирањето како тоа меѓувладината конференција после го утврдува, како се објавува во јавно гласило, така и да се спроведува. Четвртото е рефлексиите од комунистичкото организирање на општеството согласно декларацијата која нашиот Парламент ја има донесено во 2006 година кога дефинитивно се осудија актите на тогашното уредување врз граѓаните на Република Северна Македонија меѓу кои и тогаш имало припадници на бугарската етничка заедница, односно граѓаните на Република Северна Македонија кои себеси се самоидентификувале како Бугари и петтото е говорот на омраза, како државата во иднина да негува градење на тоа пријателство низ повеќе елементи, како промптно и благовремено да реагира и многу слични детали, рече Заев.

Посочи дека тие се темите на кои се разговара, важни се за градењето на пријателството, добрососедството и соработката, логични се согласно Договорот за пријателство, соработка и добрососедство со Бугарија и додаде дека верува дека ќе изнаоѓаат начини за решавање.

– Многу е важно да го воспоставиме духот на пријателството и тоа истовремено тие пет плус една точки на кои се разговара да бидат заедно со позитивната одлука од страна на Бугарија за деблокада на нашиот процес за интеграција во ЕУ, како и закажувањето на првата меѓувладина конференција. Важно е да испратиме пораки на пријателство, се работи за две соседни земји, за еден од нашите први соседи од вкупно пет кои ги имаме. Добро е за граѓаните на Северна Македонија, но добро е и се граѓаните на Бугарија и оттука нема никакви дилеми дека тоа што денеска го правиме е навистина одговорноста за каква историја денеска испишуваме затоа што согласно тоа таква иднина им оставаме и на младите, на децата и на идните генерации, додаде Заев, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата.

Премиерот Зоран Заев денеска изрази уверување дека може да се изнајде решение со Бугарија до крајот на декември затоа што, како што нагласи, тоа е можно, затоа што различностите не ни се толку големи и имаме должност да отвораме иднина, а не да бидеме заглавени во минатото.

– Никогаш не сум ги видел вака настојчиви канцеларката (Ангела) Меркел и претседателот (Емануел) Макрон, да бидат прецизни, да бидат јасни, разговарајќи и со мене и со претседателот Радев, заради следниот исчекор во овој правец, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање дали препознал искрен обид кај Меркел и Макрон за решавање на спорот со Бугарија.

Декларацијата усвоена вчера, потенцира Заев, е прецизна, зборува за проширувањето во сите детали, а така прецизна била во 2003 година на Солунскиот самит. Тој изрази благодарност за сите досега усвоени декларации во Софија, Загреб и на другите самити во изминатиот период од 18 години.

– Оваа прецизна Декларација што вчера ја усвои Еворпскиот Своет на Самитот за Западен Балкан само на лист хартија не ни значи нам ништо како Северна Македонија, ниту на Албанија, ниту верувам на останатите четири земји од Западен Балкан. Затоа треба да има на дело, затоа напоменувам наша главна стратешка аспирација и цел е ЕУ и полноправното членство, а стратешка цел на надворешната политика на ЕУ е Западен Балкан затоа што едни со други сме поврзани, економијата ни е поврзана, едни од други зависиме, појасни премиерот Заев на денешната заедничка прес – конференција со министерот за правда Бојан Маричиќ и судијата Лазар Нанев.

Се осврна на менаџирањето на евентуални бегалски кризи, кои не се возможни без Северна Македонија, без Албанија, Грција, Бугарија, како и за енергетиката, кога, како што рече, не може да се испорача струја од Грција кон Унгарија и Хрватска без да помине низ Западен Балкан…

– Ние сме во Европа и нема бегање од тоа, истакна Заев.

На новинарско прашање кога Северна Македонија конечно ќе го добие датумот за почеток на преговорите за членстов во ЕУ, премиерот потсети дека земјава во март 2020 година доби одлука со гласање на 27 земји – членки за одлука за почеток на преговорите и тоа е добиено, што не беше случај од 2005 година наваму.

Резимираше дека лани имавме одлука на Европскиот Совет со сите 27 земји – членки за почеток на преговорите, а сега очекуваме одржување Советот за општи работи во декември да ја донесе одлуката за усвојување на преговарачката рамка во која пишува дека преводот на акито ќе биде на македонски јазик и закажување веднаш до крајот на годината на порвата Меѓувладина конференција.

Следните одлуки, нагласи премиерот, се на Советот за општи работи, каде треба да се потврди преговарачката рамка и се закажува првата Меѓувладина конференција, тоа е постапката.

– Одлуките се донесени од лани, исчекорот е направен и тоа е голема придобивка. Ние сега го имаме следниот получекор, а тоа е прва меѓувладина конференција, потоа следува другиот получекор, а тоа е скрининг процесот и отворањата на поглавјата односно кластерите. Успесите се големи и не треба никој од нас да ги омаловажува и секој нов чекор за нас е огромна придобивка и треба да биде, како што ќе биде отворањето и совладувањето на секое поглавје, што со реформите што ги работиме ќе бидат од огромна помош за брзо отворање и брзо затворање на самите поглавја, изјави Заев.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ