Извртување на факти и полуинформации од страна на Христијан Мицкоски и Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кои дезинформираат дека во Романија паднала владата како последица на пожар во ковид болница.
„Е па во Романија земја членка на ЕУ кога гори болница паѓа влада, поднесуваат оставки…“ рече Мицкоски , пренесува Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
И Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ пред некој ден излезе со истата невистина дека во Романија пред пет дена поради пожар во болница со загубени пет човечки животи и оти таму падна целата Влада.
Истата вест преку партиско соопштение ја пренесуваат повеќе медиуми:
Во извештаите од светските новински агенции, што дел ги пренесува и МИА не се спомнува дека владата во Романија паѓа поради пожарот во ковид болницата, туку се наведуваат различни причини од критичната ковид ситуација во државата, па се до несогласувања околу планот за локални трошоци за развој и реформите во правосудството.
Централно-десничарската владина коалиција во Романија се распадна откако пратениците гласаа за соборување на администрацијата на премиерот Флорин Читу. Коалицијата се распадна минатиот месец кога реформскиот УСР ги повлече своите министри од владата поради несогласувања околу планот за локални трошоци за развој и реформите во правосудството.
Вистина е дека партијата ПСД кои се во опозиција ја обвинуваа владата на Циту и за неколкуте последователни пожари во болниците во Романија, но тоа не е директна последица за паѓање на Владата. Кризата во романската влада доаѓа од тоа што Романија, една од најсиромашните земји во Европската унија, се бори со смртоносниот четврти бран на коронавирус и додека Романците се соочуваат со огромни сметки во текот на зимата што доаѓа поради спиралните трошоци за енергија, пишува НДТВ.
„10.887 нови случаи и 169 починати на 1 октомври во Романија, еден ден откако беа регистрирани повеќе од 12.000 случаи – рекорд од почетокот на пандемијата. Вкупно 37.210 луѓе починале.
Од 1 октомври, имаше само шест слободни кревети на одделот за интензивна нега во целата земја, рекоа здравствените власти“, пренесе Радио слободна европа, коментирајќи дека комплицираната политичка пресметка е всушност тоа што ја доведе владата на Романија на работ на колапс.
Со извртување на фактите и полуинформации Мицкоски ја злоупотребува својата позиција како лидер на партија да дезинформира со цел да ќари политички поени.
Таквото поведение на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е забележано и во извештаите од Европската Унија.
Студија на Европската Унија во 2020 година, го посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски како извор на дезинформации. Профилот на социјалните мрежи од Мицкоски е наведен заедно со оние на Миленко Неделковски и Никола Груевски како извор на дезинформации. Во студија на ЕУ се наведуваат и повеќе македонски медиуми финансирани од унгарски бизнисмени.
Студијата е изработена од страна на Генералниот директорат за надворешна политика на Европската Унија по нарачка на Европскиот парламент и објавена на неговата интернет-страница под наслов „Мапирање на лажните вести и дезинформации на Западниот Балкан и идентификување начини за борба со нив“.
извор: Frontline