• Latest

Се разжестува кампањата, родова дискриминација – „жената да биде домаќинка, не да се меша во политика“, почнува обуката за набљудувачи на ЦИВИЛ

October 8, 2021
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Се разжестува кампањата, родова дискриминација – „жената да биде домаќинка, не да се меша во политика“, почнува обуката за набљудувачи на ЦИВИЛ

October 8, 2021 21:56
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Се разжестува кампањата за локални избори. Веќе не се ни штедат зборови, но не за претставување на програмите, туку за навредување на противкандидатите.

РОДОВА ПОЛИТИЧКА НЕКОРЕКТНОСТ

Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Асан Ферат, на емисија во телевизија 24, се обрати до носителката на советничка листа на ДОМ и ЛДП, Фатима Османовска, дека треба да си седи дома, да си биде домаќинка и ù посакува успех.

На ова реагира носителката на советничка листа, Османовска дека ваквиот потценувачки и дискриминорски став кон нејзе како жена и кон жените воопшто кој јавно го искажува кандидатот за градоначалник на СДСМ Асан Ферат, го покажува неговиот низок капацитет да апсорбира концепт за општество во кое жените имаат права.

„Права да бидат мајки, домаќинки, работнички, директорки, пратенички а истовремено и ПОЛИТИЧАРКИ! Срамно и жално“, пишува Османовска на нејзиниот Фејсбук профил.

ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ

СДСМ

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски на митинг во Арачиново истакна дека оваа власт имаше храброст и визија да го гради концептот „Едно општество за сите граѓани“. Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е синоним на поделби и раздор, 12 години поттикнуваа меѓуетнички тензии, Арачиново во време на режимот на беше општина во која најмалку се вложуваше, општина оставена на маргините, во долгови до гуша.

„Централната власт на СДСМ помага со раздолжувањето и вложува во реални, видливи проекти, затоа што го нудиме најдоброто за секоја општина. Арачиново за прв пат добива градинка, го реновиравме старото училиште, објектот на општината, во наредниот период започнуваме изградба на пречистителна фекална станица во Арачиново, а дивата депонија ќе биде претворена во парк“, порача Спасовски, додавајќи дека во изминатиот период е изграден канализациски систем долг 10 километри, кој ги поврзува околните села Орланци, Мојанци и Грушино.

ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митинг во општина Бутел, истакна дека понудата на кандидати за градоначалници од СДСМ всушност се стари истрошени кадри. Повеќето стари градоначалници кои не направија ништо, а онаму каде смени по некој, задолжително тој е син на некој профитер од транзицијата кој совршено се вклопува во квалификацијата зоранчиња.

Понудата во Скопје му е реинкарнација на транзициските кадри, реинкарнација на олигархијата. Ако во деведесеттите владееше олигархијата на СДСМ, сега Заев ги става нивните деца да се борат за функции и да заработуваат на потта на работникот. Таму крадењето и пиењето на крвта од народот и заработувањето на туѓата мака станува традиција. На овие избори имаме враќање на олигархијата, едно „дежа ву“ на истите луѓе и нивните деца кои се богатеа врз грбот на народот за да повторно се богатат. Скопје ќе го правеле Струмица, клановски да се поделат за да има за таа тесна клика – нагласи Мицкоски.

НЕЗАВИСНИ

Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски, потенцираше дека општина Куманово во континуитет вложува во санација и изградба на речните корита.

„Во изминатиот период инвестиравме во уредување на речното корито на река Липковка и дел од река Кумановка, во делот кај градскиот парк и дополнително на локација Средорек. Токму поради овие инвестиции на општината, ние денеска не се соочуваме со децениските проблеми на излевање на речното корито. Вложивме и во чистење на речните корита. Барам од граѓаните да ги одржиме чисти. Ќе продолжиме со тој интензитет дополнително да ги чистиме“, рече Димитриевски.

ДУИ

Кандидатот за градоначалник на Дебар од ДУИ, Хекуран Дука, кој општината ја предводеше измнатите две и пол години, денеска ја претстави програмата со која, како што рече, ќе го однесе Дебар кон поголем развој.  Додаде дека програмата предвидува постојано одржување на патната ифрастрктура, споменувајќи  реконструкција на повеќе улици во градот и патни правци до повеќе населени места.

Најави поддршка за дозавршување и опремување на новиот објект на гадинката „Брешиа“, отворање центар за културно наследство-етнолошки музеј, поддршка на сите културни и спортски активности, клубови и организации.

ЦИВИЛ: ОБУКИ ЗА НАБЉУДУВАЧИ, ИЗБОРЕН РАПОРТ

ЦИВИЛ ќе одржи семинари за обука на краткорочните набљудувачи в саботи и недела (9 и 10 октомври). Околу 300 краткорочни набљудувачи ќе добијат обука за мониторинг на денот на гласањето на 17 октомври.

Изборен рапорт #13 и #14 (сабота и недела) ќе биде објавен во текстуална форма во вечерните часови. Веќе од понеделник (празнично) емисијата ќе продолжи да се емитува во видео формат, во живо. Од вторник повторно ќе има можност за вклучување на новинар(к)ите преку платформата Зум.

Презентаија на извештај од долгорочниот изборен мониторинг на ЦИВИЛ ќе се одржи во живо, на 14 октомври (четврток).

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ