Во населбата Варош во Прилеп, непознати сторители го оштетиле штабот на СДСМ.
На 18.10.2021 околу 20.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во периодот од 22.30 часот на 17.10.2021 до 07.00 часот на 18.10.2021 било скршено стакло од штаб на политичка партија во населбата Варош.
Екипа на ПС од општа надлежност Прилеп, извршила увид на местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.пишува порталот публикум.мк.












