• Latest
Бугарска лична карта на Дан(и)ела Арсовска, објавена од СДСМ

„24 часа“ објави, а  Инфомакс, Курир, Република, Плусинфо, Фактор и други пренесоа дезинформации за бугарската лична карта на Дан(и)ела Арсовска

October 28, 2021
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

„24 часа“ објави, а  Инфомакс, Курир, Република, Плусинфо, Фактор и други пренесоа дезинформации за бугарската лична карта на Дан(и)ела Арсовска

Дали Данела Арсовска, жителка на Скопје и кандидатка за градоначалник, е истовремено и Даниела Арсовска, бугарска државјанка и жителка на Петрич, регистриран гласач за бугарски избори?  Прашањето што ја преокупира деновиве јавноста, произведува и многу дезинформации

October 28, 2021 11:00
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДИСКУРС, ТОП 5
Бугарска лична карта на Дан(и)ела Арсовска, објавена од СДСМ

Бугарска лична карта на Дан(и)ела Арсовска, објавена од СДСМ

Share on FacebookShare on Twitter

ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Бугарскиот портал „24 часа“ објави дезинформација дека бугарска лична карта издадена на име на Дан(и)ела Арсовска не постои. Дезинформацијата ја пренесоа Инфомакс, Курир, Република, Плусинфо, Фактор и други македонски портали. Ова е само дел од случајот за бугарското државјанство на кандидатката за градоначалник на Скопје што го објави СДСМ, а кој со денови ја бранува јавноста.

Во објавената содржина на „24 часа“, се тврди дека лична карта на име на Данела Арсовска, според пребарувањето на регистарот на бугарското МВР, не е издадена. Но, од објавената фотографија од пребарувањето на порталот, се воочува дека внесените бројки за пребарување од страна на „24 часа“ се згрешени, односно внесена е една бројка повеќе од бројот на личната карта што го објави СДСМ.

Што може да се провери од податоците на личната карта што ја објави СДСМ? Нема начин на проверка на фотографијата, која во документот што го објави СДСМ е на Данела Арсовска. Името во бугарската лична карта е за една буква различно – Даниела Арсовска. Но, проверливи се другите податоци, како датумот на раѓање, кој е идентичен со тој на Арсовска, односно наведениот матичен број. Не се спорни и други податоци од таа лична карта, како бројот на личната карта 646948927.

Ако го внесете тој број и датумот на раѓање во соодветните полиња во онлајн-формуларот на бугарското МВР, се добива информација дека личната карта е валидна. Името во бугарската лична карта е за една буква различно – Даниела Арсовска. Ова се податоци што ги има во два јавни регистри на Република Бугарија, оној на Бугарската главна дирекција каде може да се најдат гласачи во Бугарија по изборни единици, како и во системот на Бугарското МВР.

И покрај ова, неколку македонски портали ја објавија оваа дезинформација на „24 часа“.

Скриншот од објава на порталот „24 часа“

Таков е случајот со порталот Инфомакс, кој ја пренесува оваа дезинформација со наслов „(Ексклузивно)Документите се монтирани, лице Даниела Арсовска од Скопје не постои во системот на МВР на Р.Бугарија“.

„Не една, туку неколку Даниели со презиме Арсовска постојат во системот на МВР и Агенцијата за Бугари во странство, но ниту една го нема бројот на уверение кој на прес конференција го презентираше Славјанка Петровска од СДСМ“ – вели Инфомакс.  

Скриншот од објавата на Инфомакс

Курир, пак, објави наслов „И бугарските медиуми ја урнаа црната пропаганда на СДСМ: Данела Арсовска нема бугарска лична карта (ФОТО)“.

Дезинформацијата ја објави и Република, со наслов, „Бугарски „24 часа“: Проверивме, Данела Арсовска нема бугарска лична карта“, порталот Скопје1, со наслов „Бугарски весник ја реши дилемата за личната карта на Арсовска“, а порталот Фактор објави наслов „Бугарски медиум проверил и објави дека Данела Арсовска нема бугарска лична карта“.

„Не ме чуди што фалсификуваа и лична карта на Данела“, напиша Александар Митовски од Инфомакс.

Скриншот од агрегаторот Грид.мк

И Плусинфо ја објави дезинформацијата, но по кусо време, таа беше симната од порталот, избришана од Фејсбук страницата, како и од Фејсбук налогот на уредникот Героски.

„Сепак порталот 24 часа греши. Нашата проверка на сајтот на бугарското МВР покажа дека постои личен документ на Данела Арсовска, со таков број каков што има на фотографијата што ја лиферуваше СДСМ. Плусинфо ќе ја повлече пренесената вест од 24 часа.бг, а јас мојот претходен пост“, напиша Героски на Фејсбук.

Скриншот, Фејсбук објава на Бранко Героски, 27.10.2021

Веднаш потоа, на Плусинфо следуваше нова содржина. „БУГАРСКАТА ЛИЧНА КАРТА НА ДАНЕЛА АРСОВСКА СЕПАК Е ВАЛИДНА Што покажа проверката на сајтот на бугарското МВР? Станува збор за бројот од личната карта на кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, издадена наводно од Република Бугарија, чија фотографија денеска ја презентираше СДСМ“, објави Плусинфо, но и оваа објава набргу потоа беше повлечена. Сепак, траги дека постоела останале, на пребарувачот Гугл.

скриншот од објава на Плусинфо, 27.10.2021

Ова беше и единствениот пример на портал кој се обиде да ја коригира својата грешка, останатите не ја повлекоа дезинформацијата ниту пак ѝ кажаа на јавноста дека згрешиле и не си ја завршиле својата професионална работа – да ги проверат информациите што ги изнесуваат и ги презентираат пред публиката како факти.

На овие дезинформации, претходеше објавен документ од пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска. На прес одржан на 27 октомври, дополнувајќи ги тврдењата дека Арсовска има бугарско државјанство и го крие од јавноста, Петровска објави и фотографии од лична карта издадена од бугарските власти во Петрич за која се тврди дека е на Данела Арсовска.

Подоцна во текот на денот, на вонредна прес конференцијa, реагираше  Данела Арсовска. Според неа, сите тврдења што се изнесени за нејзиното бугарско државјанство се невистинити. Арсовска најави судски постапки за целиот случај.

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ