На ИМ 1001 во Куманово забележана е повреда на тајноста на гласањето со тоа што гласачките паравани се наместени на тој начин што од прозорецот може да се види што заокружува гласачот позади параванот. Поголем број на гласачи веќе гласале во вакви услови, со што се влијаело на тајноста на избирачкото право.
Изборните нерегуларности како што се притисоци, поткуп, злоупотреби, проблеми со Избирачкиот список, кршење на изборниот молк, говор на омраза, односно сѐ што граѓанките и граѓаните сметаат дека не е во согласност со нивното сфаќање за слободни, фер и демократски избори, можат да го пријават во ЦИВИЛ.
Пријавите може да поднесуваат на веб страницата slobodniizbori.info или во Граѓанската пријава која лесно се наоѓа и со клик на банерот Стоп за лажните вести и говорот на омразата на интернет порталот civilmedia.mk.