Еден час пред затворање на ИМ, во с. Слатино, о. Теарце, се нудело поткуп од 1.000 до 1.500 денари за глас, известува набљудувачот на Цивил.
Информацијата ја добил од граѓанин на с. Слатино, кој сакал да остане анонимен. Информацијата ја добил додека бил во училишниот двор, граѓанинот од кој ја добил информацијата се враќал од гласање и набљудувачот на Цивил го слушнал граѓанинот како зборуваат во врска со ова со познаник на набљудувачот на Цивил. Набљудувачот на Цивил го прашал граѓанинот дали може да го запише ова во извештајот, а од граѓанинот добил одговор дека може, со забелешка дека сака да остане анонимен, велејќи: „може, ама не ме мешајте мене во ова“.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ












