• Latest
Изборен рапорт, во живо, со Џабир Дерала, во прес студиото на ЦИВИЛ (фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Изборен рапорт #33, во 20:30 часот: Први оценки на изборниот ден, вклучување на Орданоски, Димитровска, Кржаловски, Стојков и Темков

October 31, 2021

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
Фотографија: Wikipedia

Штајнмаер: Со воената агресија на Путин, болно е да се признае дека ослободителите на Аушвиц станале новите агресори

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Изборен рапорт #33, во 20:30 часот: Први оценки на изборниот ден, вклучување на Орданоски, Димитровска, Кржаловски, Стојков и Темков

October 31, 2021 20:41
in ИЗБОРИ, ТОП 5
Изборен рапорт, во живо, со Џабир Дерала, во прес студиото на ЦИВИЛ (фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Изборен рапорт, во живо, со Џабир Дерала, во прес студиото на ЦИВИЛ (фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Во тек е изборниот рапорт број 33, во 20:30 часот. Во програмата во живо, во прес центарот на ЦИВИЛ се очекува онлајн вклучување на политичкиот аналитичар Сашо Орданоски, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, претседателката на Инклизива, Благица Димитровска, долгорочните набљудувачи на ЦИВИЛ, Љупчо Стојков и Дамјан Темков.

Заврши вториот изборен круг на локалните избори. Останува да се пребројат гласовите, некои ситни прегласувања, но гледано во целост, институциите организираа изборен процес кој може да се опише како демократски и слободен, но со низа административни слабости.

Тоа што го одбележа изборниот процес во целост, го гледаме и во пресрет на вториот круг, само поизразено и подинамично, на моменти и понепријатно.

*

На прво место, се истакнува неверојатно агресивната црна пропаганда што ја организираше десничарската опозиција со користење на сите валкани трикови и манипулации што може да се замислат. Десничарската опозиција организираше кампања со дезинформации и говор на омразата, со закани, навреди и повици на насилство со невидени размери.

Се бележи крајно занемарување на сите законски ограничувања во поглед на изборниот молк, со крајна ароганција и жестокост се манифестира омраза и насилничко однесување, како во јавната комуникација, така и на терен. Тоа што го гледавме во последните два дена од кампањата и во изборниот молк претставува колекција од кривични дела кои нескриено ги сторија високи партиски функционери и лидери во радикалната десница во земјата.

Како тоа да не беше доволно, почнаа заканите и на терен – едно насилничко однесување кое ги врати лошите спомени на насилствата од времето на режимот, како и теророт од 27 април 2017 година и кампањата за време на Референдумот од 2018 година по кој земјата се врати на мапата на светот.

Немилите сцени што ги предизвика дури и самиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот медиумско-пропаганден ентураж, заканите со убивање и низа други инциденти, оставаат лош впечаток за политичките субјекти кои водеа гола борба за власт и моќ, не бирајќи средства. Според анализите на ЦИВИЛ, тоа е една од причините и за ниската излезност на гласачите.

*

Понатаму, темна дамка на целиот процес оставија и илјадниците случаи во кои уредите за биометриска идентификација на гласачите не работеа. Не може да се процени штетата што ја предизвика оваа недоволно интегрирана технолошка новина во изборниот процес. На тоа може да се надоврзат и сите неконзистентности на Изборниот законик, како и други слабости поврзани со начинот на кој работеше изборната администрација на пониските нивоа (избирачки одбори).

Сето тоа заедно, придонесе кон повреда на правото на глас во повеќе места низ земјата, откажување на дел од гласачите од гласање и низа други непријатности. Одговорност за овие пропусти, особено за избрзаната примена на „фингерпринт апаратите“ мора да има. Но дали ќе има, ќе покаже времето.

*

Вклучување на Сашо Орданоски, Благица Димитровска, Александар Кржаловски, Љупчо Стојков и Дамјан Темков.

*

Како ретко кога во изминатите години, ЦИВИЛ беше мета на говор на омразата, ужасни закани и притисоци.

Во објави на повеќе Фејсбук страници, меѓу кои предничеше ФБ станицата со име Лудата Јоци Фан Клуб, сите заедно добро познати на јавноста по говорот на омразата и дезинформациите отворената црна кампања во корист на десничарските радикални политички структури, се изнесуваат ноторни невистини, манипулации, навредлив говор на етничка основа, говор на омраза против претставниците на ЦИВИЛ и закани против нејзините набљудувачи.

Целта на овој крајно нечовечен и антидемократски напад врз една граѓанска организација за човекови права е да се изврши притисок врз организацијата и нејзините членови и да се попречи нејзината работа, како и да се нанесе штета врз угледот и довербата која организацијата ја ужива во јавноста во земјава и во светот.

ЦИВИЛ веќе поднесе пријава во МВР и кривична пријава во ЈО за овие случаи.

*

Изненадувачки е тоа што набљудувачите на ЦИВИЛ се соочија со голем број случаи на попречување во нивната работа. Во првиот круг, како што известивме, имаше 76 случаи на попречување, главно од избирачките одбори. Ако на тоа се додадат барем 30 случаи од денешниот ден (податоците се уште се обработуваат), имаме трицифрен број случаи на попречување.

*

Лицата со попреченост се соочија со повеќе од 20 избирачки места кои не беа достапно. Во исто толкав број се и случаите во кои параваните за гласање не беа поставени, а во еден случа, тие беа употребени да го заштитат избирачкиот одбор од сонцето, а во еден – за бришење на чевлите пред влез во избирачкото место.

*

На овие избори, повторно, како набљудувачка организација се јавува Аксиос 2017, која нема веб страница ни контакт телефон, ниту пак транспарентно објавени финансиски извештаи и податоци за нејзиното финансирање. Освен тоа, зачудува тоа што оваа организација, освен предизборно набљудување, објавува предизборни анкети со нејасна методологија, што е во спротивност со добрите практики за професионално и непристрасно предизборно граѓанско набљудување на изборите.

*

Утре во 13 часот, ЦИВИЛ ќе емитува ново издание на Изборен рапорт (34) со прелиминарни оценки и детали за тоа како течеше изборниот процес, со фокус на вториот круг.

 


Преземањето на видео преносот и сите текстуални содржини поврзани со изборите, објавени на civilmedia.mk (македонски), drejt.mk (албански) и civil.today (англиски) е дозволено целосно, според лиценцата Creative Commons 4.0 (линк до изворот).

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ