• Latest

Царовска: Се стремиме кон поквалитетно, подобро и поатрактивно високо образование за домашните, но и за странските студенти

November 4, 2021
Фото: Скриншот Х

(ВИДЕО) Израел бомбардираше болница во Газа, „Хамас“ тврди дека меѓу убиените паценти е и новинарот Хасан Аслих

May 13, 2025

Реакции: Банките нетранспарентни и нефлексибилни; Најголеми лихвари заштитени со закон

May 13, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Не е сѐ политика: Стари љубови и љубовници – сенки што не бледнеат

May 13, 2025
Ерол Ризаов

Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

May 13, 2025
фото: РЕК

РКЕ: Од 1 јуни македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија ќе имаат можност да снабдуваат нови 1.000 потрошувачи од косовскиот пазар

May 13, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

May 13, 2025
фото: скриншот МИА

Васил Јованов осуден на 12 години затвор, таткото на загинатата Фросина Кулакова го напушти судењето и го нарече судот „мафија“

May 13, 2025
Фото: Скринчот од видео на The Breakfast Show

Подољак : Зеленски ќе се сретне само со Путин во Истанбул, разговорите на пониско ниво се бесмислени

May 13, 2025
Фото: Министерство за внатрешни работи

МВР: Со лажни е-маил пораки се злоупотребуваат имињата на македонски компании со цел неовластено прибавување на податоци од нив

May 13, 2025

Водач на руска шпионска мрежа осуден на 11 години затвор во Велика Британија

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Царовска: Се стремиме кон поквалитетно, подобро и поатрактивно високо образование за домашните, но и за странските студенти

November 4, 2021 14:58
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Актуелности поврзани за високото образование на државните универзитети во земјава во функција на образовниот процес во услови на пандемија, практицирање на автономијата, финансиско процесирање и студентски предизвици – беа темите на јавната расправа  организирана од Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност.

На средбата, за којашто информира Министертството за образование и наука, учествуваа претседателот на Советот, проф. д-р Тодор Серафимовски,  ректорите на сите државни универзитети и министерката за образование и наука Мила Царовска.

Министерката истакна дека имале можност да дебатираат за важни прашања од сферата на високото образование, за кое сите заеднички  стремат да го направат што поквалитетно, подобро и поатрактивно за домашните, но и за странските студенти.

-Убедена сум дека заклучоците од оваа дебата, кои се од огромно значење, ќе бидат директно применети во унапредувањето на државните универзитети во нашата држава. Висоокобразовните и научни установи и институти навистина располагаат со квалитетен и посветен кадар. Доказ за тоа се и универзитетските професори кои беа вклучени и во подготвувањето на реформските процеси во основното образование. Тоа покажува дека нашите високообразовни установи се подготвени за носење со предизвиците кои ни ги наметнуваат брзите промени на светско ниво и инстантно прилагодување на нив, рече Царовска.

Како што соопшти МОН, таа посочи дека пандемијата и кај нас наметна нови предизвици кои бараат поинаков пристап и организација на работата, но дури и во овие услови, рече, „продолжуваме со позитивните промени кои водат кон унапредување на сите нивоа на образованието, вклучувајќи го и високото образование“.

– Токму во таа насока се и сите политики и мерки на МОН за високото образование и научно-истражувачката дејност. После цела деценија ја вративме поддршката за развој на научните и високообразовните установи, како и повик за финансирање на реализацијата на научно-истражувачки проекти на јавните научни установи со што на располагање се 17,3 милиони денари’, рече Царовска.

Посочи дека МОН ја промени и политиката за стипендирање со цел да се создаде кадар кој ќе се занимава со наука и истражување. Првпат се воведени и стипендии за трет циклус на студии за одредени дефицитарни струки од по 18.000 денари за 12 месеци во годината, а по цела една деценија вратени се и стипендиите за постдипломски студии во државата во висина од по 9.000 денари месечно, за девет месеци во годината. Исто така, за околу 80 отсто се зголемени поголемиот дел од стипендиите за прв циклус од додипломски студии, а воведен е и субвенциониран студентски оброк за сите редовни студенти на државните и приватните факултети во државата.

Министерката истакна дека во фаза на подготовка е и нов Закон за научно-истражувачка дејност, од работна група со претставници на сите универзитети и научни институти.

– Се заложуваме да изградиме систем кој ќе обезбеди континуитет во вложувањето во науката. Процентот од БДП што се двои за наука мора да се зголеми и приближи до европскиот просек, рече Царовска.

Ректорите ја поздравија иницијативата за одржувањето на оваа дебата и, како што наведува МОН; посочија дека овие средби треба да станат редовна пракса, бидејќи тоа е најдобриот начин за размена на мислењата и создавање стратегија за понатамошните чекори.

Националниот совет за високото образование и научно-истражувачката дејност се формираше заради обезбедување, оценување, развој и унапредување на квалитетот во високото образование и научно-истражувачката дејност и е самостоен во својата работа и одлучува во рамките на својата надлежност врз основа на принципот на стручност и компетентност.

Советот е составен од 15 члена кои ги избира Собранието на Република Северна Македонија, меѓу кои се професори од сите научни области, студент и член од Стопанската комора и претставник од МАНУ.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ