• Latest
Serbian President Aleksandar Vucic , Albanian Prime Minister Edi Rama and North Macedonia Deputy Prime Minister Nikola Dimitrov talk during a press conference within Open Balkan initiative in Belgrade, Serbia, 04 November 2021.   EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Со една работна дозвола во Србија, Северна Македонија и Албанија, нема ризик за излез од „Отворен Балкан“, неказнивоста главен проблем во заштитата на животната средина

November 4, 2021
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Со една работна дозвола во Србија, Северна Македонија и Албанија, нема ризик за излез од „Отворен Балкан“, неказнивоста главен проблем во заштитата на животната средина

November 4, 2021 16:33
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Serbian President Aleksandar Vucic , Albanian Prime Minister Edi Rama and North Macedonia Deputy Prime Minister Nikola Dimitrov talk during a press conference within Open Balkan initiative in Belgrade, Serbia, 04 November 2021.   EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Serbian President Aleksandar Vucic , Albanian Prime Minister Edi Rama and North Macedonia Deputy Prime Minister Nikola Dimitrov talk during a press conference within Open Balkan initiative in Belgrade, Serbia, 04 November 2021. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија од идната година со единствена работна дозвола

Граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија од идната година може да се сметаат на единствена работна дозвола и единствен информативен систем, соопшти денеска претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж.

Според Чадеж, како што јави дописникот на МИА од Белград, во сите три земји се гледа политичка волја, а направени се и многу конкретни работи.

-Поради тоа денеска очекувам добри вести. Се усвојува патоказ со многу специфични задачи – што да се направи за ниту еден камион да не застанува повеќе на границата, а тоа е она што ни овозможува да растеме, ни овозможува раст на економијата. Имаме проблеми со работната сила. Пазарот на трудот станува навистина проблематичен. Мора да најдеме, за да го прошириме бизнисот, да правиме нови зделки, треба да имаме простор каде ќе ја реализираме работата и луѓе со кои ќе ја реализираме работата. Превозот е се поскап, а она што е веќе направено во рамки на Отворен Балкан, го скрати патот од почетокот на иницијативата до денес меѓу овие три земји – патот на камиони, стоки кои почнуваат да излегуваат од Албанија и да стигнуваат до Србија, за цел ден, што им заштеди пари на компаниите, , нагласи Чадеж пред денешната средба во рамки на иницијативата Отворен Балкан и додаде дека иницијативата Отворен Балкан е клучна за опстанокот на економијата и работните места во Србија.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Никола Димитров: Не гледам никаков ризик на повидок за илез на Северна Македонија од иницијативата Отворен Балкан доколку дојде до проемна на власта во земјата како резултат на локалните избори,

-Не мислам дека политичката состојба во мојата земја има достигнато ниво на фер конкуренција и за владата би било подобро ако имаме таква конкуренција каде политичките учесници ќе покажат кој може да направи нешто подобро, дури и ако ги поврзаме резултатите од локалните избори со Владата, одговари на новинарско прашање вицепремиерот Никола Димитров на прес-конференцијата по состанокот на „Отворен Балкан“ во Белград

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИЗБОРИ Државната изборна комисија ( ДИК ) информира дека денеска, 04.11.2021 ( четврток) во 17:30 часот, ќе одржи јавна седница на која ќе се одлучува по поднесените приговори од подносителите на листи.

АНТИКОРУПЦИСКА Неказнивоста и неспроведувањето на законите беа нотирани како главни проблеми во заштитата на животната средина на денешната јавна дебата насловена „Состојбите во животната средина – управување со отпад“ во организација на Државната комисија за спречување на корупција.

ИНТЕГРАЦИИ  Северна Македонија, Србија и Албанија на денешната средба во Белград на „Отворен Балкан“, преставени од претседателот Александар Вучиќ, премиерот Еди Рама и вицепремиерот Никола Димитров, порачаа дека „Отворен Балкан“ е исклучителна иницијатива и договорија формирање Имплементационен совет за координирање на досега договореното, таму каде е затаено за функционирањето на слободниот проток на луѓе, стоки и услуги.

ЕКОНОМИЈА  Раст на македонската економијата од четити отсто за годинава и за 2022, предвидува Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во најновиот извештај за економските перспективи на земјите од Западен Балкан. Закрепнувањето е во тек во Северна Македонија, со раст поттикнат и од домашната и од надворешната побарувачка. Потрошувачката на домаќинствата силно порасна, поддржана од зголемувањето на платите, растот на кредитите и дознаките од странство, иако се уште е на релативно ниско ниво во споредба со другите регионални економии. Извозот на стоки се зголеми и по вредност и по обем, во тандем со увозот, поттикнат од закрепнувањето во ЕУ. Се предвидува дека економијата ќе порасне за 4,0 отсто и во 2021 и во 2022 година, оценува ЕБОР.

КОВИД 19 Од 1323 основци и средношколци досега опфатени со скринингот за откривање КОВИД-19 во училиштата, вирусот бил потврден кај шест ученици во основното образование, а 1317 ученици биле негативни на тестот. Тестирани се  725  основци од прво до деветто одделение и 598 средношколци од подрачјето на Кочани, Штип, Велес, Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Струмица, Тетово и Охрид. МЗ соопшти дека ги објавува досега обработените податоци за првите денови од скринингот, кој го прават центрите за јавно здравје во 496 средни и основни училишта на територија на цела држава. Тие постапуваат согласно донесениот Алгоритам за училиштата во случај на појава на ученик со симптоми или сомнителен на вирусот.

СОЦИЈАЛНА ПРАВДА Во просек жените во земјава извршуваат 72,5 отсто од вкупната неплатена работа поврзана со грижа, а одвај четвртина од оваа работа е на мажите. Во просек мажите трошат повеќе време на платена работа (вработување), додека пак жените посветуваат повеќе време на неплатена работа поврзана со грижа. Кога станува збор за балансирање на одговорностите меѓу родителите, сегашното законодавство не дава можност за заеднички модели на родителско отсуство, кои ќе ја земат предвид улогата на двајцата родители во грижата и воспитувањето на децата.

ОБРАЗОВАНИЕ Актуелности поврзани со високото образование на државните универзитети во земјава во функција на образовниот процес во услови на пандемија, практицирање на автономијата, финансиско процесирање и студентски предизвици – беа темите на јавната расправа  организирана од Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност. На средбата, за којашто информира Министертството за образование и наука, учествуваа претседателот на Советот, проф. д-р Тодор Серафимовски,  ректорите на сите државни универзитети и министерката за образование и наука Мила Царовска.

СЛОБОДНА ЗОНА

Но, фактот што ова заминување од функција се случува како резултат на губење на локални избори, со посебен акцент на изгубеното Скопје, е невешто бегање од барањето одговорност токму во носителите на локалните позиции. Изборниот пораз што го доживеа владејачката гарнитура е само рефлектирање на мултифакторни болести со кои се соочува нашето општество. Оние што бараа лични привилегии – ги добија повеќе отколку оние кои се бореа за општината, регионот и државата. И можеби тоа е најпогубното во политиката што ја водеше Заев, што тој не владееше како политичар, туку како човек. Им служеше на луѓето како поединци, веројатно со надеж дека решените индивидуални ситуации полека ќе ја менуваат сликата на општеството. За сметка на тоа, таа индивидуализирана политика пушти корени и погуби еден елан на народна солидарност која бараше мир и правда, , прочитајте во колумната на Тања  Кармзова Костиглиола  „Изборниот пораз што го доживеа владејачката гарнитура е последица од мултифакторни болести “

Тоа, меѓу другото, а најважно, се однесува и на досегашниот начин на кој „екипата на Али (Баба)“ цврсто го држи под контрола потенциометарот на „албанското прашање“ во земјава, поради што е и главниот соговорник кај странците кои, отсекогаш, најмногу ги интересирала стабилноста на Македонија, по потреба на штета и на демократијата во земјата, на вечно нестабилниот Балкан. Алијансата на Албанците, на пример, многу „инвестираше“ да ги разниша тие позиции на ДУИ – во денот на првиот круг на локалните избори дури и им „дојави“ на Американците дека вооружени формации од ДУИ наводно се подготвуваат за изборно „делување“ на терен – но, ефектите не им се блескави. Ако ДУИ го „троши“ СДСМ во власта, тие се „потрошија“ себеси (а и Алтернатива), помагајќи му на ВМРО-ДПМНЕ во убедливоста на изборната локална победа, читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Колку време ѝ треба на пораката да допатува од задникот до главата?”.

 Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ