САФИТ ЗЕЌИРИ
По локалните изборите, опозицијата избувна со емоции да ја преземе власта со бројките за градоначалници кои излегоа на нивна полза.
Во Република Северна Македонија веќе е практика мерило да бидат локалните избори кој ќе ја преземе власта во наредните парламентарни избори и обратно, кој ќе ги добие парламентарните да ги добие локалните. Ова година локалните избори направија да дојде до една политичка криза, не да се решаваат долгогодишните не решени проблеми во државата, туку како само да се седне во удобната фотелја на местото премиер, министер, директор…. Ова е како што се кажува често во муабетите на кафе “зошто тој/таа кога можам јас…”.
Желни за фотелјата и помалите партии кои се дел на власта и тие од опозицијата заедно со поголемата опозициска партија и една анти-сè партија. Е ваква коалиција не сме имале досега во историјата на независноста на Република Северна Македонија, за која не се согласуваат многумина, дури веднаш почна со повлекување на потписи ставени за иницијативата “да ја срушиме Владата на Заев”.
Ваквата коалиција не е во полза на решавањето на внатрешните проблеми, а не дава никаква наскока за решавање на спорот со соседна Република Бугарија и далеку е од почнување преговори за Европската Унија. Не може една општина да доведе до политичка криза, а секако дека ниту треба така да се мисли, ако веќе се повикуваат на демократска партија за развој и прогрес на државата.
Преземање на власта со собирање потписи, гласање на недоверба или брзи предвремени парламентарни избори веќе е голем удар врз народот кој не добива ништо, а и не виде дури за многуте кочници во седниците, комисиите во Парламентот на Република Северна Македонија за одлуките од Владата да се дојде до промени на нештата што ги очекуваме со години.
До кога ваква реторика “јас сум најдобар додека сум во опозицијата, а најлошиот е тој што е на власт”, на народот веќе му е преку глава од избори, какви и да се тие.
Доколку изборите не беа чести, можеби дури и трошоците направени за подготовка на истите не би бил значителен, и народот би бил послободен во текот на годината, а не секојдневно да го слуша зборот избори. А тука се и материјалите што треба да се користат за истите, печатење на гласачки ливчиња, избирачки списоци и други материјали, за ваква практика исто така заземаат место во значителните парични расходи. Таквите трошоци веројатно можат да бидат лесно покриени од економски моќни земји како што е Швајцарија, но не во држава како што е нашата.
Јасно е дека вистинска демократија многу тешко може да се постигне дури и во најповолни околности, но секое современо општество се повеќе се движи кон нивната најголема демократизација, така што целиот државен апарат треба да работи во служба на народот, и да им го врати на луѓето достоинство и довербата во институциите.












