• Latest
Џабир Дерала

Бесплатни топовски зрна против демократијата

November 13, 2021
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО

Бесплатни топовски зрна против демократијата

Единствена задача на пропагандата е да ги разниша довербата, вредностите и убедувањата кај луѓето. А тоа го прават со тоа што само ги потврдуваат предрасудите кај луѓето (confirmation biаs), континуирано, на најразлични начини. Сето тоа најчесто придружено со предизвикување на емоции. Страв, несигурност, недоверба, чувство на загрозеност и измаменост, параноја...

November 13, 2021 12:29
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФО, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Ќе се извинат ли руските бабушки за сите лаги и омраза што ги истурија само во последнава недела? Еве, не мора за целото време на режимот, доволно е за една недела да се извинат. И тоа е ќе биде некој знак на отрезнување. Или не стои тоа во договорите за исплата на црните пари? (твит, 13/11/21)

Веројатно, нема никогаш да се извинат, ниту партиските солдати, а уште помалку нивните шефови за тешките, несогледливи штети што секојдневно ѝ се нанесуваат на македонската демократија, за губењето драгоцено време за справување со вистинските проблеми на луѓето. Особено ако остане перцепцијата дека нема никогаш да одговараат за своите недела. Да, се мисли на перцепцијата, која не е далеку од реалноста, иако е претерана.

Не зборуваме овде за дежурните тролови на социјалните мрежи, тие се безначајни маргиналци, без оглед на тоа колку знаат да бидат непријатни и ниски. Шефовите, главните „грантисти“ на центрите на моќта кои ништо добро не ѝ сакаат ниту на оваа наша земја, ниту на демократијата воопшто.

Winter is coming

За жал, нѐ очекува период кога нападите ќе станат уште пожестоки, валкани и насилни. Допрва доаѓа зимата (Winter is coming – Game of Thrones).

Се користат сите средства, за да се предизвикаат луѓето да ја занемарат логиката, да бидат постојано нервозни, на работ на експлозија, уплашени за себе и за сѐ што им значи. Со грижливо креирање на лажна слика за реалноста и атмосфера на постојан страв и неизвесност, центрите на моќта ја користат секоја и најмала прилика да ги разнишаат довербата во институциите и да внесат тензии меѓу луѓето.

Масовна зомбификација

Ако некој говори или пишува разумно и смирено, во најмала рака, не е за верување, а и практично е невидлив. Луѓето се мета на постојано бомбардирање со сензации и емотивни пораки, кратки и визуелни. За поголем дел од луѓето, повеќе од доволно е само да прелетаат со поглед преку насловите наредени еден под друг на Фејсбук, помешани со лични приказни, фотографии и видеа, за да „завршат работа“ и да се информираат „објективно“.

Статистиките за тоа како се информираат огромното мнозинство луѓе во светот се поразителни. Ретки се луѓето кои работат на себе, кои секој ден се обидуваат да бидат коректно и точно информирани.

Зомбификацијата е масовна.

Единствената задача на пропагандата

Црната пропаганда ги користи дезинформациите и говорот на омразата за да ги потврдат перцепциите и предрасудите, на пристрасноста кај луѓето. Веројатно е потполно излишно да се дообјаснува дека најголеми непријатели за креаторите на пропагандата се оние што се обидуваат да ги информираат или едуцираат луѓето. Во ова постидеолошко доба, пропагандата веќе одамна не се ни обидува да ги убедат луѓето во нешто. Далеку се од намерата да извршат идеолошка индоктринација, како што тоа било порано. Ништо од тоа.

Единствена задача на пропагандата е да ги разниша довербата, вредностите и убедувањата кај луѓето. А тоа го прават со тоа што само ги потврдуваат предрасудите кај луѓето (confirmation biаs), континуирано, на најразлични начини. Сето тоа најчесто придружено со предизвикување на емоции. Страв, несигурност, недоверба, чувство на загрозеност и измаменост, параноја…

Корисните идиоти, пресудни во војната против демократијата

Во хибридната војна против демократијата, пресудна е улогата на корисните идиоти. Тој израз, кој најчесто му се припишува на Владимир Илич Ленин, накратко, ги опишува луѓето кои учествуваат во ширење на пропаганда без (целосно) да ги разберат целите на пораките што ги шират и каузата што ја застапуваат.

Корисните идиоти се неспособни или се онеспособени да ги разберат мотивите, а уште помалку крајната цел на пропагандата во која се појавуваат како носители, полусвесно или целосно несвесно. Тие, корисните идиоти, се бесплатни топовски зрна против демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права и слободи.

Ера на пост-вистината

„Во денешниот политички пејзаж по вистината, постои внимателно прикриена, но постојано растечка индустрија на организирани дезинформации што постои за создавање и ширење лаги во служба на политичките агенди. Според Рабин-Хавт, се работи за моќна мрежа на политичари и специјални групи за застапување на интереси, кои спроведуваат координирани напади врз вистината за да ја обликуваат политиката во САД“ – пишува Ари Рабин-Хавт во својата книга „Лагите, инкорпорирани – Светот политиката на пост-вистината“ (Ari Rabin-Havt and Media Matters: Lies, Incorporated – The World of Post-Truth Politics, Anchor, 2016).

Читајќи ги релевантните автори кои се занимаваат со „ерата на пост-вистината“, како и оние што се занимаваат со безбедноста во поширока смисла на зборот, ќе дојдеме до заклучок дека во битката за превласт во овој мултиполарен свет, прва жртва се фактите и вистината. Пропагандните центри кои работат за автократските режими го осакатуваат правниот, општествениот и културниот поредок во демократските земји на тој начин што влеваат страв, несигурност, омраза и насилство во медиумите, образованието, културата и јавната комуникација.

Но треба да се прочита, разбере и размисли. Тоа е многу тешко во ова ТикТок време.

 


Creative Commons 4.0 (дозволено преземање, со линк до изворот). Текстот е личен став на Авторот.

 


Creative Commons 4.0 (дозволено преземање, со линк до изворот). Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ