• Latest
Проф д-р Јове Кекеновски

Се гледаме во понеделник на блага ракија

November 15, 2021
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Се гледаме во понеделник на блага ракија

November 15, 2021 07:30
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф д-р Јове Кекеновски

Проф д-р Јове Кекеновски

Share on FacebookShare on Twitter

ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ

Ни криви ни должни (иако повеќе криви затоа што сами си ги биравме, ако воопшто ги избиравме) ние граѓаните десетина дена бевме ставени во улога на неми посматрачи на собраниската инстант драмолетката со наслов „Се гледаме во понеделник на блага ракија“. Главната улога нормално дека ја имаа ,,големите” лидери на партиите, а споредните улоги по обичај им беа доделени на народните избраници, мислам на оние кои имаат свој „цврст личен став“. Продуцентот си лежеше мирно, беше спокоен, бидејќи сметаше дека претходно си го заврши својот дел од работата во претставата. Што се однесува до режисерот (иако ова не му беше прва претстава која ја режира од далечина) онака удобно заседнат во кожена фотеља, со дебели топлинки на нозете, некако невешто и несигурно ги даваше упатствијата на актерите и статистите. Се доби впечаток дека има малку трема. И разбирливо поминаа неколку години од последното негово режирање.

Но, како и да е, иако малку порано од предвиденото време завесите се кренаа и започна првиот чин на подолго време подготвуваната „мнозинско-малцинска“ драмолетка со наслов „Се гледаме во понеделник на блага ракија“. И како што личи, сѐ започна весело. Трештеа зурли и тапани. Сватовите се фотографираа, селфија правеа. Сите во еден глас говореа „Ние сме за подобро утре во овој брак од интерес и малку љубов. Им посакуваме уште поубава иднина на нашите деца“. Меѓутоа, никој не забележа дека на масата на која беа собрани насмеаните сватови фалеше бидермаерот и ракијата за наздравување. А без ракија, нема веселба барем во овој дел од Европа.

Додека главните ликови во претставата на еден дел од сцената го правеа списокот на сватови кои ќе ја увеличаат договорената „свадба“, наеднаш центар на внимание станува еден нов лик. На сцената, како паун, започнува да се „шепури“ лик по име Реџепи кој што сака, ама тоа не го сака така, како што сака да го сака. Сака да биде уважен гостин на свадбата. Па тој не е било кој и не е како останатите сватови. Тој е посебен. Бељата да биде поголема, двајца од сватовите пред некое време го погледнале на криво и му „мрчеле нешто“ и овој сега не сака да седи со нив на иста маса. Не сака, ама нема против и тие да бидат присутни во салата каде ќе со одржи свадбата. Е, ова навистина е голема неволја и беља за свадбарите. Ама нема друго, чаре мора да се бара. Речено сторено. Ќе се најде чаре има уште неколку часа до почеток на свадбата.

Заплетот во драмолетката полека ја добива својата динамика. На десната страна од сцената еден дел од поканетите сватови си ги тријат рацете, демек конечно ќе се офајди фамилијата. Невестата ќе донесе голем и богат мираз. Ќе има за сите. Нема да е ова свадба како со претходната невеста. Останатата половина од сватовите е на левата страна од сцената. Главите им се наведнати, некако како да се подвиткани до земја, рацете им се скрстени, тивко мрморат и се прашуваат што ќе правиме понатаму без неа? Што ни требаше ова? Мораше ли да и дозволиме да замине кај нив? Кој ѝ дозволи?. Ах како не нѐ послуша!.

Вака, со различни мисли и расположение на сватовите заврши првиот и започна вториот чин на драмолетката. За еден дел од актерите и статистите (сватови) овој чин беше рутински, весел и релаксирачки. Сѐ им течеше онака како што се беа договориле претходно. Тие дури со личен потпис гарантираа дека со нивното присуство ќе ја увеличаат и ќе и дадат „тон“ на свадбата. Нема зафрканција. Ова е голема свадба. Другите сватови сега беа уште помолчаливи, како да имаа заглавено коска во грлото. Збор не им излегуваше од уста, ништо не им се слушаше. Им беше стемнето пред очи. Го заборавија текстот па суфлерот мораше да биде се погласен, за да ги потсети што треба да кажат.

Но, овој втор чин непланирано траеше прекратко, бидејќи на почетокот на свадбата не се појави Реџепи. Ама не оној Реџепи што се „шепуреше“ во првиот чин. Оној што сакаше, ама не знаеше како и кого да сака. Овој да ти бил некој друг сват Реџепи, кој знае што сака. Сват со европски принципи и вредности. Иако овој Реџепи не беше толку близок роднина на свадбарите, сепак, неговото присуство беше битно од аспект на верност и почит кон фамилијата и роднините. Убаво беше сите да видат како и во добро и во лошо сите се заедно. И затоа ситуацијата кулминира, се дигна врева, се возбудија сите сватови, па дури и публиката. Во еден глас, сите се прашуваа каде е сватот Реџепи? Некој проговори дека ќе биде тука на чинот на потпишување на бракот, други велеа дека можеби ќе дојде пред да се сече свадбената невестинска торта. И така секој од сватовите со своја приказна и со своја информација.

Додека сите се мислеа каде е и зошто доцни Реџепи, сватот со европски принципи, главниот матичар седеше на страна и си ја мазнеше белата брада. Малку изреволтиран им вели на сватовите: „Јас сум тука во име на државата. Тука сум да го озаконам овој брак и затоа ќе ве почекам уште малку да ви дојде саканиот сват со европски принципи и вредности, а ако многу задоцни, јас ќе морам да одам, бидејќи имам и други за венчавање. Не се секирајте, тука ви е заменик матичарот“.

Бреејјј, бреј овој бил многу ербап матичар, извика некој од сватовите. И така заврши вториот чин.

Додека траеше паузата помеѓу вториот и третиот чин и додека сите се растрчаа, ербап матичарот мирно седеше и се присетуваше на времето кога неколку пати ја гледал претставата „Чекајќи го Годо“. Од неа, но и од праксата научил дека чекањето е само празно губење време додека се чека нешто за што се знае дека нема да дојде. Па нему брадата му обеле од чекање, а не од друго. Кој сакал да дојде, си дошол на време. Матичарот знаеше дека Реџепи, сватот со европски вредности, нема да дојде на ваква „посна“ свадба. Кај се видело свадба да се прави со посно мени, без ракија, без испукани куршуми во воздух. Абе мрсно брат, разноврсно треба да има на масата. Свадба ли е или што ли е ова?.

Ама ова не смее да им го каже на актерите, статистите, продуцентот и режисерот за да не ги разочара. За ова знаат само резервниот продуцент и контра режисерот. Драмолетката мора да се одигра до крај, макар и без сватот Реџепи.

И така, додека трае паузата, се јави Годо-Реџепи, сватот со европски принципи и вредности. Тазе избричен, намирисан со скап парфем и насмеан вели: „Почитувани свадбари и роднини се извинувам што не ви се јавив порано дека нема да присуствувам на свадбата. Сакав и јас да ве удостојам, ама морав да им се посветам на семејството и пријателите. Знаете дека имаме премногу обврски, а малку време за семејството. Еве овде сме сите заедно. Си уживаме. Сауни, базени, турски купатила, масажа, уф, уф, уф. Што да ви кажувам. Едноставно, прекрасно е. Жално е оваа убавина да се напушти денес. Ви посакувам убава свадбена веселба, а ние ќе се видиме на блага ракија во понеделник. Сѐ ќе ви раскажам за овие убавини. Патем, се надевам дека во понеделник ќе има и некое посебно мени за мене. Барем за мезе. Ве поздравувам од срце и продолжете со веселбата“.

Публиката во фоајето замолчи, виде колку е часот и полека и тивко ја напушти претставата. Главните актери веќе беа заминати во моментот кога дознаа дека во посното и штуро мени бил проблемот,  а сватовите статисти мртви уморни, изгладнети и ожеднети излегуваа на споредната, мала врата.

И повторно некаде пред полноќ, се појави ербап матичарот. Мораше да ја дигне завесата со намера да соопшти дека претставата ќе се одложи на неодредено време додека не се најде друг сват кој може да се весели и со „посно“ мени. А режисерот? Тој и понатаму остана да седи во удобната кожна фотеља во темната соба и се прашуваше од каде сега испаднаа толку значајни овие нови европските принципи и вредности на сватот Реџепи. Кога ја режираше претходната претстава, на малкумина им значеа принципите и вредностите, посебно оние европските. За некои од актерите и статистите, кешот беше најважната мотивација. Ова сега не лични на ништо. Ахххх тие пусти принципи и вредности некако лесно мутираат и метастазираат.

Резервниот продуцент и контрарежисерот, иако кисело насмеани, сепак, останаа задоволни. Ја одложија претставата за одредено време надевајќи се дека замислената свадба во претставата ќе добие среќен крај, со некои нови сватови и статисти.  А дотогаш, на публиката ќе ѝ презентираат нови драмски сапуници на балкански начин.

*

Резимативно: Публиката имаше можност да го види сиот сјај и беда на главните и споредните актери на оваа драмолетка за која прескапо ја платила картата. Беше нем сведок на избрзано изрежирана и контрарежирана претстава и веќе видена глума и епилог.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ