• Latest

ДЗР: До четврток да се поднесе Извештај за приходите и расходите на трансакциската сметка за изборна кампања

November 15, 2021
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026
Христијан Мицкоски, Њујорк, 21 септември 2026 (скриншот, видео)

Мицкоски од Њујорк: Остануваме на европскиот пат, нејасно со кои конкретни чекори

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ДЗР: До четврток да се поднесе Извештај за приходите и расходите на трансакциската сметка за изборна кампања

November 15, 2021 12:51
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот завод за ревизија (ДЗР) ги известува сите учесници во изборната кампања кои учествуваа во вториот круг на гласање дека се должни до ДЗР во рок од 20 дена од денот на настапување на предизборниот молк за вториот круг на гласање односно до 18 ноември 2021 година (четврток) да поднесат Извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на трансакциската сметка за изборна кампања од денот на нејзиното отворање до завршувањето на вториот изборен круг согласно член 84-б став 1 од Изборниот законик.

– Напоменуваме дека согласно член 177-а став 4 од Изборниот законик Државниот завод за ревизија има надлежност да достави предлог до Државната изборна комисија за донесување на Одлука за забрана (суспензија) на исплатата на надоместокот на трошоците за финансирање на изборната кампања за локалните избори за 2021 година кои се исплаќаат од Буџетот на Република Северна Македонија на учесниците во изборната кампања кои нема да ги испочитуваат одредбите од член 84-б став 1 од Изборниот законик односно нема да ги достават горенаведениот извештај во пропишаниот рок и содржина до Државниот завод за ревизија, се наведува во соопштението од ДЗР.

Пропишана е и Глоба во износ од 9.000 евра во денарска противвредност која ќе им се изрече за прекршок на политичка партија, коалиција односно независен кандидат, се појаснува, ако не поднесат извештај за финансирање на изборната кампања во предвидениот рок од членот 84-б од Изборниот законик.

Извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на трансакциската сметка за изборна кампања од денот на нејзиното отворање до завршувањето на вториот изборен круг треба да се достави до архивата на Државниот завод за ревизија или по електронски пат на службената електронска адреса на ДЗР односно dzr@dzr.gov.mk испратен од емаил адресата на учесникот во изборната кампања која што е регистрирана во Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Наведениот правилник е објавен и на официјалната веб страна на Државниот завод за ревизија www.dzr.mk, во табот Локални избори 2021.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ