• Latest

Впечатоците на еден попишувач

November 18, 2021
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Впечатоците на еден попишувач

November 18, 2021 10:00
in ПОПИС, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Идејата активно да учествувам во изборниот процес како попишувач беше дочекана од семејството со негодување со оглед на пандемијата, мојата возраст и особено здравствената состојба, но сепак, човечката а пред се професионалната љубопитност како ќе се одвива овој многу битен општествен процес од кој бегаа скоро сите власти во последниве три децении како ѓавол од крст, задоволството што го предизвикува чувството да се биде општествено корисен и во овие поодминати години а и подобрувањето на семејниот буџет не беше за потценување беа аргументи кои беа едноставно посилни од можните опасности, па така се одлучив да го прифатам овој предизвик и веднаш да кажам дека не погрешив, напротив.

Процесот започна со тестирање на кандидатите а потоа и обука на оние што го поминаа тестот. Обуката беше стручно водена од реонските инструктори кои беа будно набљудувани и координирани од државните инструктори кои како вистински професионалци одговорно ја завршија оваа многу битна фаза , затоа што од подготвеноста и квалитетот на попишувачите во најголем дел зависеше успешноста на спроведување на пописот. Некои за жал се откажаа и во текот на обуката. На крај се беше подготвено и долгоочекуваниот попис можеше да почне.

Секој попишувач доби свој пописен реон, секој имаше помош од својот реонски инструктор а процесот постојано беше следен и контролиран и од државниот инструктор за соодветниот пописен реон. Мојот пописен реон беше еден урбан кварт во една општина на периферијата од Скопје. Пред почеток на пописот со реонскиот инструктор извршивме заедничка обиколка на реонот и заедно се договоривме за динамиката, начинот, техниката и редоследот на пописот. Во неделата на првиот ден од пописот процесот почна без проблеми и изненадувачки добро. Но веќе утредента се појавија првите технички проблеми кои се пролонгираа се до следната недела . Јавноста, а дури и ние учесниците во процесот, немавме вистински информации за какви технички проблеми се работи. Се појавија и првите сомневања дали успешно ќе се надминат проблемите и дали ќе успееме да го завршиме пописот во предвидениот рок. После неколку извршени успешни проби, системот беше во ред и пописот можеше непречено да продолжи.

Реонот беше урбана населба само од згради. Имаше две трошни куќи кои не беа предмет на попис бидејќи на местото на едната веќе се градеше нова петкатница а втората беше иселена и подготвена за рушење и изградба на уште една нова зграда од пет ката. Едниот комплекс згради беше изграден во осумдесеттите години а останатите згради изградени во поново време во текот на овој век. Само оваа констатација зборува дека има голема промена само во овој прв податок во однос на последниот попис. Двојно поголем број на згради и станови и секако население.

Следниот сегмент беа становите. Старите станови без соодветна изолација без лифтови но во просек поголеми од новите и приклучени на централно греење. Поновите ,посовремени со енергетски ефикасни фасади но помали по корисна површина, без централно греење со исклучок на една  и во најголем број без соодветни решенија за лицата со попреченост. И уште една карактеристика, доста од нив беа сеуште празни, ненаселени. Затоа, воопшто не чуди фактот што при пописот се појавија многу повеќе станови отколку домаќинства. Податок што бара поголемо внимание и анализа.

Домаќинствата беа најразлични по состав и старосна структура, од класични семејства што подразбира брачна заедница со едно до две деца до пензионери во брак или самци доколку останале без својот брачен другар и децата кои живеат на друго место во државата или се отселиле во странство. Посебно ми оставија впечаток младите брачни парови со едно или две деца , најчесто со високо образование и вработени во приватниот или јавниот сектор и кој сепак живеат во скромни животни услови во просек по 50 до 60 м2, но сепак убаво уредени и најчесто во тие услови имаа уште и домашен миленик кој за жал не можеше да се регистрира со пописот.

Во ваквите семејства и домаќинства јас ја препознав т.н. нова средна класа која треба да го претставува рбетот и потенцијалот на новото граѓанско општество. Во анализите што претстојат од податоците на пописот научните и другите институции треба особено да се посветат на овие семејства и домаќинства кои треба да бидат генератори на понатамошниот забрзан и одржлив развој на заедницата. Структурата на домаќинствата и нивното потекло според место на раѓање упатува на појавата на континуирана миграција од внатрешноста во главниот град  како феномен кој е константен и во последниве две децении.

Што се однесува до пандемијата , таа беше присутна во три домаќинства и со добра организација и меѓусебно разбирање беа попишани без проблеми. А имаше и такви кои не сакаа да се попишат без некое посебно објаснување, едноставно се криеја и не одговараа на поканата за попис но сепак се работеше за три семејства кои можат да се третираат како исклучок и во рамки на статистичка грешка. Сите други беа коректни и со успех си ја завршија граѓанската должност.

Оваа статистичка и општествена операција покажа дека доколку институциите имаат капацитет и знаење, и секако без политички притисоци и манипулации, си ја вршат својата работа и можат да одговорат на сите предизвици. За следниот попис треба да се размисли за хрватскиот модел кој предвидува електронско самопопишување на домаќинствата кои сакаат и имаат можност тоа да го направат во првите две недели од пописот а останатите две недели да се врши теренски попис само на оние домаќинства останале непопишани. Овој начин покрај ефикасноста е и поекономичен.

Ова искуство треба да ги охрабри и сите други државни и јавни институции во остварување на своите надлежности, помалку да се потпираат на политиката и да бараат разни изговори зошто не се во состојба да си ја вршат својата работа за кои добиле доверба и за која се добро платени.


(Попишувачот и е познат на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа)

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ