На адреса на МЕПСО стаса сметката за ненајавеното повлекување електрична енергија од преносниот систем. Македонија на Европската енергетска мрежа треба да ѝ плати 18,5 милиони евра за струјата влечена од јули до октомври. Од целата оваа сума, најскапа била струјата за октомври, односно 16,5 милиони евра. Според информациите до кои дојде ТВ Алсат, за ноември сметката ќе биде многу помала бидејќи е повлечено помалку електрична енергија во однос на претходните четири месеци.
Во меѓувреме ЕВН Хоум, кој е „универзален снабдувач“, го продолжи рокот на тендерот на кој треба да се обезбеди струја за домаќинствата за идната година. Наместо до 25-ти месецов, тендерот сега ќе трае до 2 декември. Дотогаш државната компанија ЕСМ има можност да направи пресметка и да достави понуда од која ќе зависи и крајната цена на струјата за домаќинствата. / Алсат