Три лица го загубија животот а едно е повредено во пукање со огнено оружје кон автобус со ученици денеска во Глоѓан близу Дечан, потврдија од Итната помош и Обвинителството во Пеќ.
Бесник Ибрај, началникот на итната помош во Пеќ, го потврди убиството на три лица, а потврдено е и за едно повредено лице. Се дознава дека состојбата на повредениот е стабилна. Возачот на автобусот починал на местото на настанот, додека двајцата млади починале во болница.