• Latest

Груби: Оставката на Заев од премиерското место треба да почека, имаме многу битни прашања пред нас и заедно со г. Заев ќе треба да ги заокружиме сите тие процеси

November 27, 2021
Фото: UATV English/ Фејасбук

Данската премиерка: Путин води војна со поддршка од Иран, Северна Кореја и Кина

September 3, 2025

24 ЧАСА: Реџепи го блокира надзорот на АНБ и АР; Бугарија се жали во Брисел; воената парада во Кина за Трамп е заговор против САД; Јаневска контра Мицкоски

September 3, 2025
Илустрација ВИ

Рекорден број независни кандидати, но недоволно за 7 до 8 метри гласачки ливчиња

September 3, 2025

Локални избори 2025: Избирачкиот список на увид до 11 септември, ДИК надлежна за заштита на податоците од злоупотреби

September 3, 2025
Георг Георгиев, МНР, Бугарија(Фотографија: Wikipedia)

Бугарија се жали во Брисел дека Северна Македонија не ги исполнува преземените обврски

September 3, 2025

Реџепи го блокира надзорот на АНБ и АР бидејќи не му даваат безбедносен сертификат

September 3, 2025
Фото: СДСМ

Мицкоски зборува едно – Христовски го демантира, СДСМ бара итна декласификација за случајот со АНБ

September 3, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ЕУ бара меѓупартиски консензус за процесот на интеграции во Албанија; Рама разреши тројца заменици министри; Целосната конституција на косовското собрание бара политички договор

September 3, 2025
Фото: Фејсбук

За Мицкоски се исчисти цел паркинг-Аеродромци се најдоа навредени од ваквата ажурност на општината

September 3, 2025

Сиљановска-Давкова: По толку бели линии, сега да зборувате за црвени линии, е апсурдно

September 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Груби: Оставката на Заев од премиерското место треба да почека, имаме многу битни прашања пред нас и заедно со г. Заев ќе треба да ги заокружиме сите тие процеси

November 27, 2021 15:06
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ДУИ ќе ја почитува внатрепартиската одлука на СДСМ за избор на нов претседател кој е најавен дека ќе биде избран на 12 декември. Првиот вицепремиер Артан Груби, денеска изјави дека тоа е нивно внатрешно партиско прашање кое што тие го почитуваат и нагласи дека им посакува голем успех на 12 декември на внатрепартиските избори за партиски лидер.

– Ние ќе ја почитуваме таа одлука и ќе го прифатиме секако вердиктот на сите нивни членови коишто ќе одлучат кој ќе биде нивниот следен лидер на 12 декември. Во однос на оставката на местото премиер на Владата на Република Северна Македонија сметаме дека за тоа треба да се почека.

ДУИ ќе ја почитува внатрепартиската одлука на СДСМ за избор на нов претседател кој е најавен дека ќе биде избран на 12 декември. Првиот вицепремиер Артан Груби, денеска изјави дека тоа е нивно внатрешно партиско прашање кое што тие го почитуваат и нагласи дека им посакува голем успех на 12 декември на внатрепартиските избори за партиски лидер.

– Ние ќе ја почитуваме таа одлука и ќе го прифатиме секако вердиктот на сите нивни членови коишто ќе одлучат кој ќе биде нивниот следен лидер на 12 декември. Во однос на оставката на местото премиер на Владата на Република Северна Македонија сметаме дека за тоа треба да се почека. Имаме многу битни прашања пред нас во месеците коишто следат и сметаме дека заедно со г. Заев на чело на таа Влада ќе треба да ги заокружиме сите тие процеси, вклучително и испраќање на позитивен одговор на сите прашања коишто се дел од дијалогот со соседна Бугарија за да се откочи патот кон добивање на датум за првата меѓувладина конференција и отпочнување на преговори за членството во ЕУ, рече Груби, кој заедно со европратеникот Илхан  Ќучук  го посетија ОУ „Исмаил Ќемали“.

Во однос на парламентарното мнозинство, дополни, Груби, ги видовте и вчера ставовите и на СДСМ и на Алтернатива, а тоа ние веќе го кажуваме од денот кога имаше интерпелација на Владата, гласање за недоверба дека парламентарното мнозинство е стабилно и ќе продолжи и тоа го демонстриравме најдобро можно на денот кога требаше да се гласа во Собранието.  -Впрочем со тоа ги убедивме граѓаните дека е неуспешна иницијативата на опозицијата за да се сруши ова прогресивно парламентарно мнозинство и очекувме дека и другите политички партии коишто беа дел од таа иницијатива да се приклучат кон парламентарното мнозинство и да не станат дел од мрачни сценарија за нашата земја која што очекува да го реши спорот со Бугарија, наведе Груби.

Имаме, посочи, многу позитивна атмосфера, тоа го говоревме и со европратеникот и сме подготвени да дадеме одговор на сите тие прашања.

Тој воедно истакна дека Заев има директни контакти со Алтернатива и ги информира.

– И ние сме имале контакти со членови на партијата, секојдневно се среќаваат нашите пратеници со нивните пратеници. Какко што реков, апсолутно добредојдени се сите што саката евроатлантска Република Северна Македонија во добри односи со сите соседи и во одлични односи помеѓу заедниците во нашата земја. Сите тие пратеници коишто сакаат таква една развојна прогресивна Македонија се добредојдени затоа што само така ќе ја унапредиме државата, рече Груби.

Порача дека не е време за кризи. – Апсолутно не е време за кризи. Време е да ги засукаме ракавите и навистина да испорачаме како што испорачавме НАТО, како што испорачавме со Преспанскиот договор така и да испорачаме и со Добрососедскиот договор. И Охридскиот рамковен договор го испорачавме. Граѓаните немаат време да се тормозат од трагедија па се до неизвесности. Мора да има извесност во нашата држава каде и што ќе се случи утредента, а тоа што утредента е единствената желба на сите граѓани да ја видат нашата држава во ЕУ, изјави Груби

Меѓудругото тој кажа дека парламентарното мнозинство ќе се стабилизира, ќе биде поголемо од тоа што е сега и ќе треба да го заврши мандатот во 2024 година.

– Предвремени избори можеби може да се дискутираат заедно со претседателските избори коишто треба да се одржат во 2024 во месец април или мај. Ние сме подготвени да ги прифатиме сите тие демократски сили во Собранието коишто ја посакуваат, работат и се залагаат за евроатлантска Република Северна македонија. Сметам дека тоа треба да е поривот некој да дојде во влада или да прифатиме некој да дојде во влада. Програмските определби, позициите се всушност за да им служат на граѓаните и да ги најдеме најдобрите луѓе, одговорни луѓе за да го испорачаат тој дел од програмата којшто ќе го усогласиме, рече Груби.

Во однос на парламентарното мнозинство, дополни, Груби, ги видовте и вчера ставовите и на СДСМ и на Алтернатива, а тоа ние веќе го кажуваме од денот кога имаше интерпелација на Владата, гласање за недоверба дека парламентарното мнозинство е стабилно и ќе продолжи и тоа го демонстриравме најдобро можно на денот кога требаше да се гласа во Собранието.  -Впрочем со тоа ги убедивме граѓаните дека е неуспешна иницијативата на опозицијата за да се сруши ова прогресивно парламентарно мнозинство и очекувме дека и другите политички партии коишто беа дел од таа иницијатива да се приклучат кон парламентарното мнозинство и да не станат дел од мрачни сценарија за нашата земја која што очекува да го реши спорот со Бугарија, наведе Груби.

Имаме, посочи, многу позитивна атмосфера, тоа го говоревме и со европратеникот и сме подготвени да дадеме одговор на сите тие прашања.

Тој воедно истакна дека Заев има директни контакти со Алтернатива и ги информира.

– И ние сме имале контакти со членови на партијата, секојдневно се среќаваат нашите пратеници со нивните пратеници. Какко што реков, апсолутно добредојдени се сите што саката евроатлантска Република Северна Македонија во добри односи со сите соседи и во одлични односи помеѓу заедниците во нашата земја. Сите тие пратеници коишто сакаат таква една развојна прогресивна Македонија се добредојдени затоа што само така ќе ја унапредиме државата, рече Груби.

Порача дека не е време за кризи. – Апсолутно не е време за кризи. Време е да ги засукаме ракавите и навистина да испорачаме како што испорачавме НАТО, како што испорачавме со Преспанскиот договор така и да испорачаме и со Добрососедскиот договор. И Охридскиот рамковен договор го испорачавме. Граѓаните немаат време да се тормозат од трагедија па се до неизвесности. Мора да има извесност во нашата држава каде и што ќе се случи утредента, а тоа што утредента е единствената желба на сите граѓани да ја видат нашата држава во ЕУ, изјави Груби.

Меѓудругото тој кажа дека парламентарното мнозинство ќе се стабилизира, ќе биде поголемо од тоа што е сега и ќе треба да го заврши мандатот во 2024 година.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Си Џингпин распосла црвен тепих за Путин и Моди, додека самитот е во сенка на трговските војни со САД

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: Обвинет таткото-насилник кој тепаше малолетни играчи; како ВМРО-ДПМНЕ ја разбира статистиката – експлозивна изјава на Бранимир Јовановиќ; алармантен рекорд на насилството врз новинарите во Србија; оружје за 825 милиони долари од САД за Украина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Јаневска контра Мицкоски: Учебници има, па нема, ама ќе има…

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ