• Latest

Џафери: За спротивставување на дезинформациите и говорот на омраза треба промовирање на култура на толеранција и инклузија

November 28, 2021
Фото: Скриншот од видео на VISEGRAD/ X

Трамп и Зеленски по средбата во Белата куќа: Украински дронови за амаерикански „томахавк“

October 17, 2025
Фото: Скриншот CNBC

Трамп и Зеленски во Белата куќа: Будимпешта во фокусот, мирот во Украина на маса

October 17, 2025
Трамп. Фото: Генерирано со ChatGPT

„Америка на прво место“ станува „Трамп на прво место“ – кога претседателот сака глобална моќ

October 17, 2025

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

October 17, 2025
Фото: Собрание

Гаши на средба до набљудувачите од ЕП: Уверен сум дека изборите ќе покажат демократска зрелост на земјата

October 17, 2025

Одобрен обвинителниот акт против сопственикот на „Рубикон“, агенцијата што ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

October 17, 2025

ЦИВИЛ со интензивна комуникација со јавноста за време на изборниот ден

October 17, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

October 17, 2025

EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

October 17, 2025

Хоџиќ: Демократската криза во Северна Македонија – од популизам до самоизолација

October 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Џафери: За спротивставување на дезинформациите и говорот на омраза треба промовирање на култура на толеранција и инклузија

November 28, 2021 13:40
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Секогаш имајќи ја на ум исклучително значајната улога на парламентите во заштитата на слободата на изразување на интернет и промовирањето на различноста на ставовите, исто толку важно е и спротивставувањето кон дезинформациите и говорот на омраза и спречувањето на перцепцијата дека како политички естаблишмент, ја губиме врската со граѓаните. За тоа да се промени, потребно е да дадеме сопствен пример промовирајќи култура на толеранција, култура на инклузија и соработка околу суштинските прашања, истакна претседателот на Собранието Талат Џафери на Генералната дебата на 143. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ) на тема „Современи предизвици за демократијата: Надминување на поделеноста и градење заедница“.

– Потребно е глобализацијата, со сите нејзини недостатоци, првично да се промовира со сите нејзини предности, достапност и брзина, да ја свртиме во полза на враќањето на довербата на граѓаните во институциите и спречување на деструктивните потенцијали кои ја чекаат својата шанса. Затоа, да бидеме будни, да соработуваме тесно, да бидеме искрени и директни во нашето делување и функционирање, да бидеме вистински дом и чувар на демократијата и мирот во нашите земји, рече Џафери во своето обраќање.

Спикерот Џафери потенцираше дека и нашиот законодавен дом кој како и сите законодавни институции кои се домови на демократијата и местата каде се слуша гласот на народот, преточен во легитимитетот на нивните народни избраници, се соочува со сите современи предизвици во обидот за демократско функционирање.

– Почнувајќи од начинот на функционирање во услови наметнати од пандемијата со Ковид-19 и колку тоа ја намалува довербата на граѓаните во институцијата. Колку останува институцијата блиска до граѓаните со своето понекогаш импровизирано делување во таквите услови на рестрикции и протоколи и, колку се парламентите подготвени да се справат со тешкотиите кои ги носи денешницата? Дали сме доволно репрезентативни? Притоа не мислам само на политичката колоритност секако. Мислам на застапеноста на сите маргинализирани групи, недоволно застапените групи во општеството, жените, младите, аполитичните граѓани чија единствена цел е да имаат функционално општество, институции на услуга на граѓаните, институции кои можат да ја зајакнат довербата меѓу населението и да бидат блиски до граѓаните, со тоа што ќе градат култура на дијалог помеѓу поларизираните страни, со тоа што ќе промовираат креативен политички дискурс кој влева надеж и охрабрува конструктивна и меѓупартиска соработка, рече Џафери.

Тој истакна дека ситуацијата на терен, со постојаното ширење на вирусот изискува повторно стегање на мерките, враќање на протоколите а реакцијата на граѓаните на враќањето на неопходните рестрикции за кои сметале дека завршиле и се дел од минатото, го буди нивното незадоволство и ја вжештува нивната фрустрација. – Реакциите се со различни облици и димензии, меѓутоа тоа што надвладува е заситеноста од новите правила, новите обврски и ограничувања. И тука, добиваат простор сите дезинформации, сите деструктивни сили, посочи Џафери.

Да се биде дел од Интерпарламентарната унија, потенцираше спикерот Џафери, значи да се биде дел од заедничкиот напор во решавањето на современите предизвици на национално и на меѓународно ниво, со политичко лидерство и солидарност во наоѓање нови пристапи за заштита на демократијата.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ