• Latest

Ѓоргиевска: Да ставиме крај на родово базираното насилство, никој не заслужува да страда и не смее да молчи

December 2, 2021
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025

Хакери ја „срушија“ МРТВ? Наместо вести и политика – кулинарска емисија и филм!

October 16, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ привремено ги прекинуваат блокадите, очекуваат фер, транспарентно и непристрасно судење

October 16, 2025

Орданоски: Либералната демократија се распаѓа под тежината на сопствените митови

October 16, 2025
Ленче Ристоска. Фото: МЕТА.МК

Ленче Ристоска побара јавно извинување од ВМРО-ДПМНЕ за притисокот и заплашувањето бидејќи како обвинителка, постапува по два предмети во кои е инволвирана партијата

October 16, 2025

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани почнува на 19 ноември

October 16, 2025

ДИК дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња, најдолгото ливче половина метар

October 16, 2025

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Национална прес конференција (08.10.2025)

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Ѓоргиевска: Да ставиме крај на родово базираното насилство, никој не заслужува да страда и не смее да молчи

December 2, 2021 20:03
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Да дадеме силна поддршка за спречување на насилството врз жените и девојчињата, да ставиме крај на родово базираното насилство.  Гласно да кажеме стоп за насилството над жените и девојчињата. Во ниту едно современо општество не смее да се толерира какво било прекршување на човековите права, каква било форма на дискриминација или насилство.

Ова е пораката на Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседатлеот на државата Стево Пендаровски, која вечерва се обрати на настанот по повод годишната кампања „16 дена активизам за да се стави крај на насилството врз жените и девојчињата“ под глобалната тема „Портокалови на светот: Крај на насилството врз жените сега“, што се одржа во Филхармонијата во Скопје.

Таа упати апел и до сите надлежни институции да имаат сериозен пристап кон пријавите, да се постапува навремено, соодветно и најважно доверливо.

–  Сведоци сме дека и покрај пандемијата со Ковид-19 се соочуваме со уште една пандемија, пандемија на родово базирано насилство. Паралелно на кампањите за да останеме безбедни, во текот на оваа пандемија се покажа дека домот за жал не е безбедно место за многу жени. Напротив, повеќето случаи се случуваат токму на местото кое треба да биде најбезбедно засолниште за жените, а повеќето од сторителите се сегашен или поранешен партнер на жртвата, рече Ѓоргиевска.

Пошироката јавност, истакна таа, треба да биде алармирана дека родово базираното насилство не избира место ниту време, не познава националности, ниту културни граници, социјален статус или пак возраст. Секој од нас, потенцира, може да биде жртва на родово базирано насилство, тоа е прашање на човековите права.

Според неа, најважно е жените и девојчињата прво да бидат информирани за своите права и да знаат да го препознаат родово базираното насилство и второ оние што се жртви да се охрабрат и да го пријават тоа.

– Никој не заслужува да страда и не смее да молчи, децидна е првата дама на  државата.

Оцени дека во нашата земја поразително е што само два проценти од жените кои доживеале насилство од страна на нивниот сегашен партенер, пријавиле во полиција.

– Оваа ниска стапка на пријавување на насилство се должи во голема мера на недоверба во институциите, на стравот од стигматизација и на страв на уште понегативни последици за безбедноста по животот на жените, рече меѓу другото Ѓоргиевска.

Додаде дека од исклучителна важност е и образованието, едукацијата за родова еднаквост, за родово базирано насилство, како да се препознае, да се спречи, да се пријави.

Смета дека за да се постигне суштински напредок во оваа област мора да вложуваме контиунирани напори во унапредување и поддршка на иснституциите кои работат во превенција на насилството и заштита на жртвите.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ