• Latest
Состанок на на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост

Четири факултети и 10 основни и средни училишта ќе добијат целосна пристапност за лица со попреченост

December 3, 2021
Скриншот од снимка на која севернокорејските војници наводно помагаат во директен оган врз Украина, 16 октомври. Фото:Генерал штаб на Украина

Ажурирани  вести од војната во Украина: Севернокорејски војници ја гранатираат Сумската област, деокупирани 180 квадратни километри во Покровск, украински дронови погодија руска рафинерија во Саратовската област

October 16, 2025
Мирослав Јовановиќ (Фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Дали демократијата ја исцрпи својата суштина?

October 16, 2025
Политичкиот аналитичар Бесим Небиу на панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Небиу: Ако проблемот може да се реши со пари, тогаш тоа не е проблем – тоа е трошок

October 16, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Два дена до изборниот молк – политичко насилство, напади, навреди, ветувања, засилена руска пропаганда во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025
Креирано со помош на ВИ

Извештај на ЦИВИЛ: Засилена френвенција на руските пропагандни наративи во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Четири факултети и 10 основни и средни училишта ќе добијат целосна пристапност за лица со попреченост

December 3, 2021 18:29
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Состанок на на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост

Состанок на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост

Share on FacebookShare on Twitter

За 14 образовни институции – шест основни училишта, и по четири средни и високо образовни установи ќе се обезбеди целосна вертикална и хоризонтална пристапност преку проектот „ЕУ за вклучување“ што се реализира преку Акциската програма на ИПА 2 за 2019-та, информираа од Министерството за образование и наука.

МОН посветено работи на обезбедување инклузивно образование. Образовните институции треба да бидат целосно пристапни и достапни и затоа, денеска на 3-ти декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост кој се одбележува преку пораката „Лидерство и учество на лицата со попреченост, кон инклузивен, пристапен и одржлив пост Ковид-19 свет“, го започнуваме проектот „ЕУ за вклучување“ којшто се реализира преку Акциската програма на 2019-ИПА 2 и преку кој ќе се обезбеди целосна вертикална и хоризонтална пристапност на 14 образовни институции – шест основни, и по четири средни и високо образовни установи – исткануваат од МОН.

Како што соопштија од министерството, денеска се одржа координативна средба со Архитектонскиот, Градежниот, Економскиот, Правниот, Филозофскиот и Филолошкиот факултет со што се означи договорот за започнувањето на градежните активности во овој зимски семестар и се истакна важноста од обезбедувањето на пристапноста на високообразовните установи во државата, вклучени во Проектот за непречен пристап кон образовни институции.

„Очекуваме веднаш на почетокот на 2022 да почнат адаптациските зафати“, рече Душан Томшиќ, советник во Министерството за образование и наука, на состанокот на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, што денеска се одржа во Владата.

 

Освен четирите објекти на наведените факултети, со Проектот целосна пристапност ќе се обезбеди и во основните училишта Лазо Ангеловски (Општина Аеродром), Кузман Јосифовски Питу (Кисела Вода), Братство и Единство (Дебар), Лириа (Тетово), Браќа Миладиновци, Крсте Мисирков и Бајрам Шабани (Општина Куманово), како и средните училишта Наум Охридски (Охрид), Гоце Стојчевски (Тетово), Наце Буѓони (Куманово), Раде Јовчевски – Корчагин (Центар) и Младинскиот културен центар во Скопје.

-Пристапноста и достапноста на образовните институции е многу важна затоа што ја зголемува самостојноста на лицата со попреченост и им овозможува поголема независност. Ги повикувам другите државни институции, локалните самоуправи и јавните претпријатија да го следат примерот на Министерството за образование и наука и условот ‘пристапност’ при јавните набавки за градба или адаптација на објектите да биде задолжителен и сите заедно да го зголемиме степенот на пристапноста кон јавните институциите, посочи Томшиќ.

Дополнително, денеска како дел од имплементација на Стратегијата за инклузија на лицата со попреченост на Обединетите нации, започната во 2019 година, во соработка со Канцеларијата на УНИЦЕФ, МОН ги повика сите основни училишта да го одбележат овој ден преку одржување час на тема „Употреба на инклузивен јазик“ за учениците од 4-то до 9-то одделение, со цел едукација на учениците и подигнување на свеста за усвојување на јазик што ја слави различноста и кој нема да биде навредлив или несоодветен, кој може да претставува основ за дискриминација и кршење на човековите права.

Препораката е, како што се посочува во соопштението, оваа наставна активност, односно час кој е подготвен врз основа на Упатствата за употреба на инклузивен јазик да се одржи на одделенски час во период од 6-17 декември годинава.

 

Меѓународниот ден на лицата со попреченост Министерството за образование и наука го одбележува со променет и системски пристап во унапредувањето на правата и можностите за квалитетно образование на децата со попреченост. Томшиќ укажа дека основната цел на Министерството за образование и наука е на секое дете да му се овозможи да го постигне својот полн потенцијал.

-Затоа МОН ги повикува сите, заеднички, во соработка со учениците и студентите, со нивните родители и наставници, како и со сите општествени чинители, да работиме на натамошно унапредување на процесот на инклузија во образовниот систем и во општеството во целина. Тоа е и нашиот придонес кон градењето на современо граѓанско општество како општество на сите, рече Томшиќ, стои во соопштението. 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ