• Latest

Ново бугарско вето за Северна Македонија: Кукавично јајце на политиката на Радев?

December 9, 2021

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ново бугарско вето за Северна Македонија: Кукавично јајце на политиката на Радев?

Не е спорно мислењето на техничката влада на Бугарија, како Пигмалион кој постојано прави политички кипчиња на претседателот Радев, дека нема да дозволи почеток на преговори со ЕУ на Македонија а дека ќе дозволи тоа да го направи Албанија. Ние и до сега не сме чуле дека дека Софија се противи кон напредокот на Тирана, туку на врзан прогрес на двете земји притиснуваше Макрон, кога работите стоеја поинаку, особено во очите на нациите од северот на континентот.

December 9, 2021 15:10
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Пред неколку дена, двоецот „харвардовци“ од новата бугарска влада го посети претседателот на Бугарија – Радев  и говореше за нивните идни политики по области. По новиот образец на лидерите на Владата која треба да се изгласа во Парламентот овој петок, што веројатно ќе се случи, средбата беше снимана и пренесувана директно. Ова секако не му дозволи некои додатни прашања на Радев или по наше – го спречи да се „прави малку Иванов“ во однос на извршната власт. И се виде дека американските студенти одбија да одговорат на прашањето како овие идни претставници на парламентарното мнозинство ќе водат политика кон македонското прашање.

Ова игнорирање на интересот, најнапред јасно покажа дека тие немаат намера да бидат во хармонија со Радев и дека ќе водат политика за која нема и да го прашуваат. Во молкот секако имаше и можност дека тие имаат колебање во однос на дефинитивниот став кој Западот го очекува од Софија овие денови, заради познати разидувања околу ова прашање во коалицијата, а која најнапред треба да го мине она подигнување на два прста на пратениците од четири партии, дел од владината коалиција. Потоа секако ќе се делува согласно на различниот однос на силите  – на една страна социјалистите на Нинова и моќта на шоуменот Трифонов а на друга победниците на изборите.

Продолжуваме со промените со најмалиот сојузник Демократска Бугарија, која има многу мал број гласови, но се доволни за да се знае чиј тег повлекува најмногу. Факт е дека во четвртокот социјалистите кои го подржуваа Радев и за првиот а сега и за вториот мандат, носи додатно разбранување во хармонијата на партиската коалиција, но тоа недоразбирање веројатно и ќе мине, бидејќи во мигот Бугарија стои на позиција на апсолутен „лузер“ во своето меѓународно опкружување.

Најпрвин треба да се каже дека технички гледано, нема „ново вето“ – си стои старото на масата на бугарската волја во ЕУ а потоа, и до сега, не сме чуле, дека Софија се противи кон напредокот на Тирана. Не од убедување, секако, туку од тактички причини. Кај претходниот премиер Борисов имаше видна нелагодност ако тоа се случеше, бидејќи, дел од националистите во оваа земја би реагирале на ваква поделба, но во основа излезот на Албанија од „локдаунот“ во кој би останала само Македонија сериозно ќе ги намурти некои држави кои не мислат дека Албанија би играла соло во овој процес (Холандија и Данска, пред се). Ставањето на двете земји во една композиција која треба да влезе во бриселската станица е француска идеја, бидејќи Макрон секако не ја крие својата позиција на „протеже“ на Тирана. Така, се стигна до позицијата на поврзани садови на двете земји („разумен компромис“).. Технички останува можноста Софија од тактички причини да изрази волја за поделба на тој двоец – „да“ за Албанија а „не“ за Северна Македонија, ама тогаш дибидус би заглавила во живата кал на санстефанските мочуришта, кон кои европските држави имаат силна алергиска реакција, како грубо нарушување на основните идеи на создавање на Унијата.

Впрочем, токму во средата споделив два текста кои се сериозни индикатори на таквото расположение на земјите од ЕУ.

Првиот беше изложување на ставовите изнесени во „ФАЦ“, а пренесени во софискиот весник „Сега“.  Овој текст предизвикал шок во Бугарија, според реакции од таму, но во него јасно се кажува, да упростиме, дека Германија не сака да остане осамена во историската  меморија со својот фашизам и вината за холокаустот и дека Бугарија сноси своја сериозна вина за спроведување на идејата за истребување на Евреите. Во текстот посебно се акцентира дека „фалсификувањето на историјата досега не е критериум за приклучување во ЕУ. Но, се чини, дека Бугарите сакаат да го направат да биде критериум. На такво нешто Северна Македонија не може да се согласи, веќе поради самото почитување на вредностите во ЕУ“, пишува ФАЦ. Ова, веќе подолго време, неволно го признава и досегашното, макар и техничко раководство на нашиот источен сосед, кое истакна дека приказната за „историските права“ на Бугарија врз Македонија е плоча која треба да се извади од џубоксот и дека треба таму да се стави уште понеуверливата мелодија за непочитување на слободите и правата на оние кои во земјава се чувствуваат како Бугари, бидејќи, барем кај нас тие права не се врзувале за нечија етничка бројност. Како и кај историјата и тука радевистите влегуваат во опасна зона – државата која не признава поим на национално малцинство кај себе, за што Судот во Стразбур сериозно ја потсетува, се обдува да и држи лекции на земјата која толку многу етницитети и нивните права ги нагласува во важните документи!

Вториот текст што го споделив, е признанието на бугарската функционерка Весела Чернева. Заменик-директорката на Европскиот совет за надворешна политика (ECFR) и директор на софиската канцеларија на организацијата во интервјуто за ТВ „Блумберг“ признава дека Софија е целосно осамена во Унијата со своите ставови за спорот со Македонија и дека тоа се случува и во финансиската соработка со Брисел. Асоцијацијата на тоа како Полска е казнета за излез од европските политики пред се на финансиски план е целосно јасна.

Таа посочува дека последиците од бугарското вето на евроинтеграцијата на Северна Македонија ќе бидат директни и Софија повеќе нема да може да смета на соработката и на разбирањето од страна на Брисел.

– Фондот за обнова, Зелениот договор и трансформацијата на бугарскиот енергетски сектор зависен од јаглен се фактори на кои им е потребна помош од ЕУ. „Но, по нашето ’не’, барањата и желбите на Софија ќе бидат глас во пустината, смета Весела Чернева.

Засега Софија место пари добива само љубезни насмевки ама секако доаѓаат денови кога лутината на партнерите ќе биде уште пожестока, предупреди таа.

Очевидно е дека низ устата на техничкиот премиер во заминување Радев се обидува да ги одржи во живот своите ставови по однос на нашата земја и приемот во ЕУ, како и дека се обидува да им даде улога на кукавичино јајце кое ќе го положи во гнездото на владата на Кирил Петков. Социјалистите без сомнение ќе се трудат да бидат добар домаќин на тоа јајце а секако и Трифонов, кој ќе го има веројатниот ресор за надворешни работи.

И со последната посета на претставникот на Вашингтон во регионов Естевез, кој со непосетувањето на Софија даде на знаење што треба Софија сега да стори и со изборот на „зелената“ министерка на Германија Аналена Бербок нема да ги има во себе папочните врски со бугарската политичка сцена која беше својствена за Меркел.

Силите на таа обединета опозиција на политиката на Радев ќе се искуси деновиве, без сомнение.

 

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ